Балтословенските јазици се група јазици составени од две големи индоевропски јазични групи, односно од словенските и балтичките јазици. Балтичките и словенските јазици споделуваат неколку јазичарички елементи кои не можат да се пронајдат кај останатите индоевропски јазици, што посочува дека овие јазици имале еден ист развој и предок. Сепак, во научната јавност има поделба за тоа од која природа е врската меѓу овие јазици, односно некои јазичари тврдат дека оваа врска е генеолошка, а други тврдат дека тие заеднички одлики се како резултат на контактот на јазиците.

Во науката се пробало да се реконструира прабалтословенскиот јазик, кој е директен потомок на праиндоевропскиот јазик. Таквата реконструкција на овој хипотетичен јазик била извршена преку споредба и анализа на гласовите и акцентите на современите балтички и словенски јазици.

Заеднички карактеристики за балтословенските јазици

Заеднички вокабулар Некои примери на зборови споделени меѓу повеќето или сите балтословенски јазици се:

*léiˀpāˀ 'липа': литвански líepa, пруски līpa, латвиски liẽpa, латгалски līpa, прасловенски *lipa (старословенски липа, руски ли́па, полски lipa, чешки lípa) *ránkāˀ 'рака': литвански rankà, пруски rānkan (acc. sg.), латвиски rùoka, латгалски rūka, прасловенски *rǭkà (старословенски рѫка, руски рука́, полски ręka, чешки ruka) *galˀwā́ˀ 'глава': литвански galvà, пруски galwo, латвиски gal̂va, латгалски golva; прасловенски *golvà (старословенски глава, руски голова́, полски głowa, чешки hlava).Lurker, Manfred (2004). The Routledge dictionary of gods and goddesses, devils and demons. Routledge. p. 187. .

И покрај лексичкиот развој ексклузивен за балто-словенските јазици кој покажува докази за постоење на фаза на заеднички развој, постојат значителни разлики во вокабуларот на балтичките и словенските јазици. Розвадовски забележал дека секое семантичко поле содржи основен вокабулар кој етимолошки се разликува помеѓу двете гранки. Андерсен претпочите модел на дијалектен континуум, каде најсеверните дијалекти се развиле во балтички, а најјужните дијалекти се развиле во словенски јазици. Андерсен смета дека соседните јазици можеби придонеле до разлики во вокабуларот.

Наводи

Поврзано Балтички јазици Словенски јазици Прасловенски јазик

Надворешни врски Балтословенската акцентација (Бернштајн и Трубачев за балстословенските изоглоси)