Зоолошка градина, зоолошки парк, менаџерија или зоо — објект во кој животните се чуваат во кафези, се прикажуваат на јавноста и може да се размножуваат. Изразот зоолошка градина се однесува на зоологија, дел од биологијата кој се занимава со проучување на животни и е изведен од грчките зборови зоон (ζῷον, „животно“) и логос (λóγος, „изучување“). Кратенката „зоо“ (на англиски се чита „зу“) за првпат била користена во Зоолошките градини на Лондон кои се отвориле како научно-истражувачки објект во 1828 година, а за јавноста во 1847."ZSL's history" , Zoological Society of London.

Бројот на големи збирки на животни во отворени за јавноста низ целиот свет сега е над 1000, од кои околу 80% се сместени во градови."Zoo," Encyclopaedia Britannia, 2008. Во Македонија има две зоолошки градини, во Скопје и во Битола.

Здруженијата за правата на животните изразуваат критики на зоолошките градини и на условите во кои се држат животните.

Зоолошката градина како тема во уметноста и во популарната култура „Обратно“ — кус расказ на австрискиот писател Томас Берхнард од 1978 година.Томас Бернхард, Имитатор на гласови. Скопје: Темплум, 2008, стр. 38. „Во зоолошката градина“ — расказ на македонската писателка Оливера Николова.Оливера Николова, Приказни за Зоки Поки, Скопје: Култура, Наша книга, Мисла, Македонска книга, Детска радост, 1980, стр. 15-16. „Во зоолошката градина“ (англиски: At the Zoo) — песна на американското поп-рок дуо Сајмон и Гарфанкел (Simon & Garfunkel) од 1968 година.Discogs, Simon & Garfunkel ‎– Bookends (пристапено на 24.9.2018) „Зоолошка станица“ (англиски: Zoo Station) — песна на ирската рок-група У2 (U2) од 1991 година.Discogs, U2 ‎– Achtung Baby (пристапено на 30.6.2019) „Зоолошката градина во Бруклин“ (англиски: Brooklyn Zoo) — песна на американскиот рапер Ol' Dirty Bastard од 1995 година.Ol' Dirty Bastard – Return To The 36 Chambers: The Dirty Version (пристапено на 22.5.2023)

Белешки

Поврзано Човечка зоолошка градина

Категорија:Зоологија Категорија:Права на животните