Григор Бишев (, ) — македонски банкар, економист и универзитетски професор. Тој е еден од творците на македонската парична единица − денар.

Животопис Бишев е роден во Скопје на 5 април 1958 година. Во 1980 година завршил економски факултет во Скопје, каде што во 1982 на истиот ги завршува и постдипломските студии во насоката монетарно - кредитна теорија и политика. Во 1985 го одбранил магистерскиот труд: Понудата на пари во современата монетарна теорија. Во 1991 докторирал на темата „Понудата и побарувачката на пари - случајот на Југославија“. Своето образование го доусовршува во Лондонската школа за економија и политички науки во 1995, додека специјализацијата ја имал во 1997 година на Виенскиот институт за споредбени економски студии. Бишев е еден од творците на новата македонска валута и иницијатор и поддржувач на некои од клучните реформи во Македонија. Паралелно со банкарската работа, тој работел и како вонреден професор на Економскиот факултет во Прилеп и професор на постдипломските студии на Економскиот факултет во Скопје. Во периодот од 1997 до 2000 година бил заменик-гувернер на Народната банка на Република Македонија. Потоа, работел како генерален директор на Стопанска банка - Скопје, а потоа и на Шпаркасе банка. Во 2020 година се пензионирал, а потоа бил именуван за член на надзорниот одбор на Шпаркасе банка. Во април 2022 година бил назначен за советник на премиерот Ковачевски, надлежен за „рационализација и оптимизација на процеси“,„Познати се 15-те советници на премиерот Ковачевски“ (пристапено на 20.11.2023) а во октомври 2023 година бил назначен за претседател на Фискалниот совет.

Научна работа Бишев има објавено две книги, 207 статии, дискусии и истражувачки студии во професионални и научни магазини во Македонија, Австрија, Бугарија и Словенија. Исто така, учествувал на симпозиуми во земјата и во странство.

Наводи

Надворешни врски

Биографија

Категорија:Луѓе од Скопје Категорија:Македонски банкари Категорија:Македонски економисти Категорија:Македонски универзитетски професори