мини|десно|400п|Карта на патната мрежа на Бугарија. Сообраќајот во Бугарија — еден од главните економски сегменти на републиката. Во Бугарија опстојуваат поморскиот, патниот, воздушниот и железничкиот сообраќај, меѓу останатите. Во транспортот во Бугарија доминира патниот транспорт. Од 2024 година, земјата имала 879 километри автопати и уште 117 километри во изградба. Вкупната должина на мрежата е речиси 40.000 км, поделена речиси на половина помеѓу националната и општинската патна мрежа.

Железнички сообраќај Во Бугарија има 4294 километри железничка пруга. Бугарија е поврзана со железниците на Грција, Романија, Турција и Србија. Директна железничка врска со Македонија не постои, но е во план и подготовка. Железницата во Бугарија е под управа на Бугарската државна железничка. Во 2005 година Бугарија имала околу 6.238 километри отворен пристапен колосек во сопственост на државната компанија „Национална компанија железничка инфраструктура“, вклучително и 125 километри долга 760 пруга со тесен колосек – тесниот колосек Септември-Добриниште и 4.316 километри се сметале за главни линии, Софија, Пловдив и Горна Орјаховица се центри на домашниот систем и на меѓународните железнички врски.

Патен сообраќај Главни автопати во Бугарија се: Автопат Тракија Автопат Хемус Автопат Црно Море Автопат Марица Автопат Љулин Автопат Струма Автопат Рила

Речен сообраќај Во Бугарија речен сообраќај има во:

Видин Лом Русе

Поморски сообраќај Меѓу поголемите пристаништа во Бугарија се:

Варна Пристаниште Варна Пристаниште „ПЧМВ“ - Варна Бургас Пристаниште Бургас

Воздушен сообраќај Во Република Бугарија функционираат следните аеродроми:

Аеродром Софија Аеродром Пловдив Аеродром Варна Аеродром Бургас Аеродром Горна Орјаховица Аеродром Русе Аеродром Стара Загора

Поврзано Бугарија Економија на Бугарија

Наводи

*