„Only Girl (In the World)“ е песна на барбадоската пејачка Ријана, сместена во нејзиниот петти студиски албум Loud. Напишана од страна на Кристал Џонсон, Старгејт и Сенди Вии, со тоа што последните двајца учестуваа и во нејзиното продуцирање, песната беше реализирана на 10 септември 2010, како пилот сингл од Loud. Во песната доминира брзото темпо, проследено со денс и европоп елементи во нејзината продукција и бит. Критиките кон песната беа главно позитивни, посебно кога станува збор за силниот рефрен и музичката продукција. Критиките беа главно насочени ко изборот и вокалната сработеност од страна на Ријана.

„Only Girl (In the World)“ се искачи на врвот на многуте музички светски табели, а особено беше успешна во Нов Зеланд и Австралија, каде што и беше доделен двоен платински албум. Музичкото видео за песната беше режирано од страна на регуларниот соработник на Ријана, Ентони Мендлер. Видеото е со едноставна тематика и се фокусира само на Ријана. Содржи интересни сцени проткаени со црвена и розова боја. Една од доминантните сцени во која се појавува Ријана е снимена на камен рид. Песната беше изведена во живо низ многу светски шоуа, вклучувајќи ги британскиот и италијанскиот X Factor и 2010 Американски музички награди кои се одржаа во Лос Анџелес. Песната доби Греми награда во категоријата Најдобра Денс Песна на 53-тите Греми Награди.

Пишување и композиција

„Only Girl“ е напишана од страна на Кристал Џонсон, Микел С. Ериксен, Тор Ерик Хермансен и Сенди Вилхелм. Продукцијата на песната е извршена од страна на Старгејт и Сенди Ви. „Only Girl“ е брза песна со денс елементи, но исто така и европоп во нејзината продукција и битови. Во песната е вклучен силен бас со силна синтетизираност, како и силен рефрен на песната со денс клуб бит. Кога станува збор за вокалите на Ријана, песната е опишана како заводлива и потсетува на посилна и посекси верзија на нејзиниот хит од 2007 „Don't Stop the Music“. Според музичката табела објавена во Musicnotes, песната е напишана со модерен бит рејт од 126 бита во минута. Песната е напишана со клуч во Де-дур и вокалните способности на Ријана се движат од нотата F#3 до нотата D5.

Табели и награди

Табели Табела (2010)НајвисокоместоАвстралија1Австрија1Белгија (Фландрија)2Белгија (Валонија) 1Американски Bilboard Hot 1001Чешка5Данска2Европа ТОП 1001Финска2Франција1Германија"Take That: Rückkehr in die Download-Charts" (in German). 2010-10-28. media control.1Унгарија1Република Ирска1Италија1Јапонија15Норвешка1Канада1Холандија2Нов Зеланд1Шкотска1Словачка1Шпанија2Шведска2Швајцарија2Велика Британија1Американски Billboard Dance Chart1Американски Billboard Pop Songs1Американски Adult Pop Songs13

Сертификати ДржаваСертфиикатАвстралија4× ПлатинаДанскаЗлатен синглНов ЗеландПлатинаШведскаПлатина. Sverigetopplistan - Swedish Singles Chart.ШвајцаријаЗлатен сингл"The Official Swiss Charts and Music Community". swisscharts.com. Hung Medien.Велика БританијаПлатина

Историја на реализирање

Release history ДржаваДатумФорматПродукциска куќаАвстралија10 септември 2010Дигитален даунлоадUniversal MusicДанскаХоландијаНов ЗеландБразилSeptember 13, 2010КанадаФинскаФранцијаИталијаНорвешкаПортугалијаШпанијаШведскаШвајцаријаСАДDef Jam RecordsГерманија8 октомври 2010ЦД синглUniversal Music

Радио датуми Држава Датум Формат САД21 септември 2010Матица и ритмично радио

Наводи

Категорија:Песни на Ријана