Покраината Авелино () — покраина во регионот Кампанија, Италија. Има голем број мали гратчиња и села кои се раштркани, и само два града со повеќе од 20.000 жители. Главен град е Авелино и Аријано Ирпино.
Географија Зафаќа површина од 2.792 км2, а населението брои 429.178 жители (2001). Во покраината има 119 општини.
Историја Територијата на покраината Авелино соодветствува на крајот Принчипато Ултра во старото Кралство Неапол, но некои места во денешната територија тогаш припаѓале на Капитаната и Принчипато Читра. Во антиката подрачјето се нарекувало „Хирпинија“ осканскиот збор: „хирпус“ (волк), животно кое и денес живее во областа, но е многу помалубројно. Покраината се одликува со особено интересна природа, особено во регионалните паркови Пичентински Планини и Партенио и местата на Светскиот фонд за природа (WWF) Долината на Кача и Сенеркија, како и подрачјето околу браната Офанто во Конца дела Кампанија.
Во римско време и средниот век, покраината била позната и по кралските градини.
Гастрономија Карактеристични производи за покраината се лешниците (третина од вкупното производство во Италија), костените од Монтела, познатите вина „Аљанико“, „Таурази“, „Греко“ и „Фјано“, црешите, сирењата и црните тартуфи од Бањоли Ирпино.
Туризам The main tourist destinations are the Sanctuaries of Монтеверџине и Сан Џерардо а Мајела, скијачкиот центар Лачено, археолошките подрачја Авела и Мирабела Еклано (Екланум), замокот Ланчелоти, римските рушевини во Авелино (Амелинум) и раногристијанската базилика во Прата.
Наводи
Надворешни врски Домашна страница на покраината Авелино
Категорија:Покраини во Италија