thumb|300px|right|Стоби, фотографирано од воздух во 1930-те години Стоби (; ) — древен град кој со својот урбан дел се наоѓа на три тераси, што се спуштаат кон Црна Река, опкружени со ѕидови, а на устието меѓу Црна Река и Вардар. Археолошкото наоѓалиште Стоби е со површина од 16 хектари.„Мозаикот од 4 век поставен повторно во Стоби“, Утрински весник, година XVI, број 4720, четврток, 26 февруари 2015, стр. 14. Познато е дека тука минувале главните патишта кои ги сврзувале областите на преден Дунав со средоземните земји, уште од предисторискиот период. По овој главен пат на Балканскиот Полуостров се движеле културните влијанија од југ кон север и обратно. Црна Река, од друга страна, претставувала природен пат кој ги сврзувал централните области на Македонија со Јадранското Море. Во римскиот период покрај Црна Река водел значаен пат, кој го поврзувал градот Стоби со Вија Егнација кај Хераклеја Линкестис, близу до денешна Битола. Така градот Стоби заземал мошне значајна стратегиска, воена и трговска позиција во античкиот период.
Јужно од градот се наоѓаат траги од предградија, додека портата на градот што води кон Хераклеја, а по падините од Гробјанската црква до базиликата во Паликура, се наоѓаат повеќе некрополи. Тие некрополи се од хеленистички, римски, ромејскиот (средновековниот римски) и словенски период.
Историја
Хеленистички период Најстари пишани извори за Стоби наоѓаме кај Тит Ливиј,Историја на Стоби, Археолошки локалитет Стоби, www.stobi.mk кога споменува за победата на Филип V, крал на Македонија, над Дарданците во 197 г. п.н.е. Ливиј користел некој постар извор, веројатно од Полибиј (2 век п.н.е.).
Најстарите остатоци во Стоби се сосем малобројни. Тие лежат скриени во неколку микро-региони што само се насетуваат, под темелите на римскиот и доцноантички град. Досега се ископани неколку единечни наоди од архајско време (7—6 век од ст.е.) кога веројатно бил зачнат животот на ова место. Meѓyтоа и од следните векови (5—3 век од ст.е.) познати се само неколку осамени наоди. Дури во 2 век пред н.е. наодите стануваат бројни и од тој момент можеме да го следиме раѓањето на Стоби. Тоа значи дека градот бил подигнат во хеленистичкиот период, но не многу пред владеењето на Филип V.
Римски период Во 168 г. п.н.е., со победата на римјаните над кралот Персеј, Македонија била поделена на четири области. Тогаш Стоби станува центар на трговија на третата област. Во 148 г. п.н.е. Македонија станува римска провинција. За време на владеењето на август (31-14 г. п.н.е.) градот се шири на запад и југ, за што сведочат 55 гробови од западната некропола, од времето на Август. thumb|left|290px|Релјефни остатоци во Стоби Ширењето на градот се поврзува и со подигањето на статусот на градот во ранг на муниципиум, 69 г. н.е., кога почнуваат да се коваат монети со натпис "Municipium Stobensium".
Во текот на раниот и средниот римски период, градот Стоби цутел, на што укажуваат повеќето натписи на споменици. Како најзначаен истакнат споменик од римскиот град е секако Театарот изграден во II-III век од н.е. Градскиот бедем е од III век, додека внатрешниот бедем од источната страна е секако од доцниот IV век, кога бил напуштен источниот дел на надворешниот бедем. Внатрешниот бедем, секако, е подигнат по низата поплави од реката Црна. Тој требало да претставува подобра и посигурна заштита, па бил изграден дури и преку големи градби од јавен карактер со добро зачувани мозаични подови.
Во текот на римскиот период Стоби бил исто така значаен и влијателен град. Градот бил епископско средиште уште од 325 г., кога епископот Budios зел учество во Никејскиот собор. Во текот на IV-V век, овде биле подигнати повеќе импозантни цркви, како по својата големина, така и по својата внатрешна декорација со богато архитектонско украсување, мозаици, фреско-живопис и структура, од кои голем дел беа најдени при ископувањето. Со мозаици се украсени и повеќе приватни градби, чие внатрешно уредување и распоред ги сместува во Перистериевата и Теодосијанската палата.
Во Стоби постоела и еврејска заедница од III век, кога Полихрамос ја подигнал Синагогата, која била уништена при крајот на IV век и над неа е подигната ранохристијанска базилика, што се случило, се претпоставува, за време на посетата на Теодосиј I во Стоби, 388 г., кога издава два едикта за забрана на евреите.
Византиски и ран средновековен период thumb|210px|Остатоци од улица во Стоби Епископот Никола од Стоби во 451 г. земал учество на Халкидонскиот собор, додека името на епископот Филип е забележано на надвратникот од влезот на Епископската базилика. Во V век Стоби станува главен град на Македонија Секунда (Makedonija Sekunda), при прекројувањето на римските граници. Во 479 г. градот бил ограбен од војските на Теодорих, а во 518 г., а можеби и подоцна настрадал од катастрофален земјотрес. Градот повеќе никогаш не го вратил поранешниот сјај и благосостојба. Епископот Фока зема учество на Соборот во Цариград во 553 г. Големите аваро-словенски напади во VI век, секако придонеле за пустошење и напуштање на градот. Најдените монети во куќите на акрополот и во градбите јужно од Епископската базилика се од се од времето на Јустин II (569-570).
Изненадува сосем доцното споменување на епископот Јован од Стоби како учесник на VI вселенски собор во Цариград во 681 г., како и на неговиот наследник, епископот Маргарит, на црковниот собор во истиот град во 692 г. Некои истражувачи коментираат дека во новонастанатата ситуација, кога Балканскиот Полуостров бил преплавен со Словени, христијанските свештеници секако се повлекле - емигрирале во сигурноста на големите доцноантички метрополи во Солун и Цариград.
Средновековен период Се споменува победата на Василиј II над војничката посада во Стоби, во 1014 година. Извесна активност во XI век е пронајдена во горните слоеви на театарот. На просторот меѓу Северната базилика и Централната базилика-синагога, уште во 1937 г., биле откриени средновековни градови од една поголема некропола, од која во 1955 г., во јужниот брод на Северната базилика и јужно од неа, беа откриени 23 словенски средновековни гробови од времето на IX-XII век. Ова укажува дека Стоби, по ограбувањето и рушењето од варварските народи што се движеле кон Солун и Цариград, бездруго било населено од словенски племиња. Ова го потврдуваат и неодамна откриените гробови од словенскиот период од една поголема некропола крај базиликата во Паликура, кои исто така може да датираат од раниот словенски период. Останува да се утврди дали во Стоби по VI век имало траги на градски живот.
Археолошки ископувања
Во Стоби се забележани голем број на култни претстави на божества од грчко — римскиот пантеон: Аполон и Артемида, Асклепиј, Дионис, Немеза, Зевс, Тихе, Афродита, Хигија, Телесфор.. Се работи за бронзени и мермерни статуи, или пак за релјефни претстави на мали камени икони. Исто така, откриени се и многубројни примери на архитектонска камена пластика од раноримските храмови. За жал, археолошките ископувања сè уште го немаат откриено ликот на раноримскиот град и денес немаме претставителни сочувани објекти од ова време, со исклучок на две-три градби, меѓу кои се истакнува театарот.
Податоци за постоењето на најмалку два храма, ни даваат монетите што се ковале во ковачницата во Стоби. Продукцијата на монетоковањето во Стоби се одвивала во времето на цар Веспазијан (69 - 79) до царот Елегабал (218 - 222). На најраната монета, може да се препознаат претстави на Викторија — гениј на победата - и фигура на бик. Датирањето на овој таканаречен автономен тип не е со сигурност одредено.
Монети thumb|290px|Сестерциј од времето на Веспазијан Монетите од времето на Веспазијан, на аверсот го носат профилот на царот, додека на реверсот има претстава на четириколонен храм со минијатурна фигура на Асклепиј на средина, Бонус Евентус - гениј на добрата среќа; непознат гениј со мала Викторија во раката и рогот на изобилието, со шлем, штит и оклоп: жена — гениј на градот Стоби со венец во косата, во рацете ги држи мала Викторија и рогот на изобилието. На еден тип монета од времето на Тит и Домицијан се гледаат профилите на двата цара свртени еден кон друг, додека на реверсот е храм со 4 колони.
На монетите на Домицијан (81 - 96) се гледа храм со четири колони и со мала фигура на царот во воена опрема со копје и скиптар. Познати се и монетите со профил на неговата сопруга Домиција.
На монетите на Трајан (98 - 117) има претстава на: четириколонен храм со фигура; но и една мошне значајна симболична сцена со жена - гениј на градот со корона муралис (градска круна) во косата, со мала Викторија и скиптар во рацете. Лево и десно под неа лежат две брадести фигури со садови од кои истекува вода. Десната фигура држи трска. Тоа се речните гении на Еригон и Аксиј. На монетите на Марко Аурелиј(161 - 180) се гледа истата претстава, потоа фигура на Јупитер со скиптар и патера (плитка култна чинија); фигура на Викторија, жената - гениј на Стоби со копје и патера.
На еден тип монети на Фаустина Помладата, сопруга на Марко Аурелиј, се гледа Фортуна со рогот на изобилието и кормило.
Монетите од времето на Септимиј Север (193 - 211) ја носат Викторија со венец и палма; Плутон ја граба Персефона; Персефона во квадрига (четвороспрег).
На еден тип монета на Јулија Домна, втората сопруга на Септимиј Север, која извршила самоубиство со апстиненција од храна, ги гледаме нејзиниот профил и сцената Грабањето на Персефона. На монетите од нејзиниот прв син Каракала (198 - 217) се гледаат: Викторија во повеќе варијанти, Јупитер на престол со скиптар и мала Викторија; Плутон ја граба Персефона, Јупитер кој стои; Деметра која стои; Меркур со ќесе пари во раката седи на карпа.
На монетите на Гета (209 - 212), вториот син на Јулија Домна, се гледа фигура на војник меѓу две нимфи или Викторија.
На монетите на Елегабал (218 - 222) се гледа: Јупитер седи, со мала Викторија и скиптар; фигура на момче (можеби атлетичар) со победнички венец и палма; Викторија во неколку варијанти; фигура на борец; Плутон ја граба Персефора.
Сите досега познати монети се исковани во бронза. Со оглед на скромниот репертоар типови на овие монети, во науката постои мислење дека монетарницата на градот Стоби ковала исклучиво јубилејни - пригодни монети.
Објекти и градби Во откриениот дел на Стоби досега се откриени и проучени повеќе архитектонски објекти, и тоа профани и сакрални градби со јавна функција, потоа приватни куќи, бањи, терми, театар, дел од градските бедеми, улици, форумот и главниот влез во градот.thumb|Стоби - археолошки план|центар|403x403пкс Северна базилика Црквата е ранохристијанска тробродна базилика, чии странични бродови се надоградени на централниот. Има простран атриум, ексонартекс и нартекс и крстилница од северната страна, кој има четирилисна писцина. Во црквата се влегува од Вија Принципалис Инфериор. Објектот, според стилските особености, е датиран во V-VI век. Во јужниот брод и јужно од црквата се откриени 23 средновековни словенски гроба од IX-XII век, кои и припаѓале на големата некропола што се протегала од Северната до Централната базилика.
Цивилна базилика Овој објект се наоѓа наспроти Северната базилика. Со истражувањата биле утврдени седум градежни фази. Се смета дека на крајот служел за световни цели, па затоа е наречен Цивилна базилика.
Под нивото на Цивилната базилика откриени се бронзени предмети од V век пр.н.е., најдени длабоко внатре во апсидата. Под наосот пак на базиликата најден е фрагмент од фреско - живопис со претстава на барска птица, од I век од н.е. Под овој објект се откриени хеленистички слоеви од III и II век пр.н.е. thumb|left|210px|Малата бања Мала бања Објектот се наоѓа меѓу Цивилната и Северната базилика, граден според прописи на доцно античките градби на бањи. Објектот има аподиториум, со базен сместен во апсидниот простор, како и двојна соба со 3 апсиди со хипокаусти. Суспензурите од хипокаустите се направени од тркалести и четвртести тули.
Централна базилика и синагога