Бургундија или Бургоњ () е регион во Франција.

Регионот е поголем од некогашното Војводство Бургундија, но помал по површина од територијата под власта на војводите на Бургундија. Составен е од следиве поранешни покраини: Бургундија: Златен Брег, Сона и Лоара и јужната половина на Јона. Ова се границите на поранешното Војводство Бургундија (подоцна покраина Бургундија). Меѓутоа во денешниот регион не спаѓа некогашното грофовство Бургундија (подоцна покраина Франш Конте), кое денес го образува регионот Бургундија-Франш Конте. Мал дел од некогашното војводство денес му припаѓа на регионот регионот Шампања-Ардени. Ниверне: денешен департман Њевр северната половина на Јона е територија која не припаѓала на Бургундија (барем не од XI век наваму), туку била погранична област помеѓу покраините Шампања, Ил де Франс и Орлеане, политички зависна од секоја од нив во разни историски периоди.

Поголеми градови мини|лево|400п|алт=Карта на регионот Бургундија|Карта на регионот Бургундија

Бон Дижон Ле Крезо Макон Монсо ле Мин Невер Отен Осер Санс Шалон на Сона

Поврзано Бургоњ (вино)

Надворешни врски Страница на регионалниот совет на Бургундија Краток водич низ Бургундија со главните туристички атракции

Категорија:Поранешни региони во Франција Категорија:Историски области во Франција Категорија:Бургундија-Франш Конте