Струмичанка под маска — споменик на плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица, кој ја претставува карневалската традиција како важен елемент на културниот идентитет на градот и неговите жители.
Споменикот е поставен на платото од плоштадот, како дел од реконструкцијата на градскиот плоштад, која официјално завршила на 10 декември 2010 година. Автор на споменикот е македонската вајарка Наташа Божарова – Пијанманова., а самиот споменик го симболизира значењето на Струмичкиот карневал за градот. Изработен од бронза, споменикот му е посветен на познатиот струмички карневал кој традиционално секоја година се оджува по повод тримерските празнувања и почетокот на големите велигденски пости.
Бронзената фигура, изработена во природна големина, во едната рака држи карневалска маска, а во другата знаме со релјеф на грбот на Струмица. На четирите страни од мермерното постолје се испишани податоци за надморската височина, географската широина и други корисни информации поврзани со Струмица и регионот.
Галерија
Поврзано Струмички карневал Тримери Плоштад „Гоце Делчев“
Наводи
Категорија:Згради и градби во Струмица Категорија:Македонски дела од 2010 година Категорија:Дела на Наташа Божарова - Пијанманова Категорија:Бронзени скулптури