Мајда Тушар (Скопје, — Скопје, ) — македонска театарска, филмска и телевизиска глумица. Таа дипломирала на Високата музичка школа во Скопје – Отсек за драмски глумци. Од 1972 до 2015 година работела во Драмски театар - Скопје.

Филмографија Година Филм Улога 1972 Истрел ТВ-филм Анѓа 1974 Како се сакаа Перфет и Леонида ТВ-филм 1975 Парадоксот на Диоген ТВ-филм Даница 1975 Сребрено јаболко ТВ-филм 1977 Исправи се, Делфина ТВ-филм 1977 Итар Пејо ТВ-серија 1979 Наши години ТВ-серија Босилка 1980 Оловна бригада ТВ-филм Маре 1982 Јужна патека ТВ-филм 1982 Илинден ТВ-серија Коца 1982 Слана во цутот на бадемите ТВ-филм 1983 Ликвидатор ТВ-филм 1984-1985 Случки од животот ТВ-серија 1985 Тетовирани души ТВ-филм 1987 Трето доба ТВ-серија 1987 Претежно ведро ТВ-серија Милка 1987 За трошка среќа ТВ-филм Проститутката 1989-1993 Македонски народни приказни ТВ-серија 1992 Сили во воздухот ТВ-филм Кристина 1992 Време, живот ТВ-филм 1992-1993 Еурека ТВ-серија Фани 1995 Во светот на бајките ТВ-серија 1997 Добредојдовте во Сарајево ТВ-филм Жена пекар 2000 Хофманова 13 ТВ-филм 2000-2001 Погрешно време ТВ-серија 2002 Наше маало ТВ-серија Кони 2006 Нави ТВ-филм Баба Доста 2011 Турни ме да Кинисам ТВ-серија 2012 Бардо ТВ-филм 2016 Исклучиво жолти лалиња ТВ-филм 2017 Вистински приказни ТВ-серија 2020 Мојот Драмски ТВ-серија

Кариера Мајда целиот свој работен век го минува во Драмски театар - Скопје, каде остварила бројни улоги над 50 главни и споредни улоги, како и во други театри во Македонија.

Театарски претстави Рут — Дејство на гама зраците врз сенишните невени од Пол Зиндел, р. Наум Пановски, Драмски театар - Скопје 1972; Александра — Фома од Достоевски, р. Димитар Ќостаров, Македонски народен театар 1972; Андриета — Учени жени од Жан Батист Поклен Молиер, р. Мата Милошевиќ, Драмски театар - Скопје 1973; Карлоз Хомендиез — Болва в' уво од Жорж Фејдо, р. Димитрие Османли, Драмски театар - Скопје 1974; Нарачана комедија од Фадил Хаџич, р. Слободан Унковски, Драмски театар - Скопје 1974; Дафина — Јане Задрогаз од Горан Стефановски, р. Слободан Унковски, Драмски театар - Скопје 1974; Птица — Брод со зелена брада од Маја Грујовиќ, р. Србољуб Станковиќ, Драмски театар - Скопје 1975; Нада — Црнила од Коле Чашуле, р. Љубиша Георгиевски, Драмски театар - Скопје 1977; Марија — Ревизор од Николај Василевич Гогољ, р. Димитар Станковски, Драмски театар - Скопје 1978; Ленче — Бегалка од Васил Иљоски, р. Тодорка Кондова-Зафировска, Драмски театар - Скопје 1978; Ленче — Ослободување на Скопје од Душко Јовановиќ, р. Слободан Унковски, Драмски театар - Скопје 1979; Стела — Трамвај наречен желба од Тенеси Вилијамс, р. Димитрие Османли, Драмски театар - Скопје 1979; Орсета — Рибатски караници од Карло Голдони, р. Тодорка Кондова-Зафировска, Драмски театар - Скопје 1979; Шарлота — Дон Жаун од Жан Батист Поклен Молиер, р. Љубиша Георгиевски, Драмски театар - Скопје 1980; Невестата — Чудото на Свети Ѓорѓи од Русомир Богдановски, р. Слободан Унковски, Драмски театар - Скопје 1981; Тереза — Виктор или деца на власт од Роже Витрак, р. Жарко Петан, Драмски театар - Скопје 1981; Маријан — Ајкула од Виктор Хаим, р. Ѓорѓи Стојаноски, Драмски театар - Скопје 1982; Василија — Косанчивеч венец бр.07 од Слободан Селениќ, р. Димитар Станковски, Драмски театар - Скопје 1982; Соња — Балкански шпион од Душан Ковачевиќ, р. Љупчо Тозија, Драмски театар - Скопје 1983; Доти Оутли — Хаоа зад кулиси од Мајкл Фрејн, р. Димитрие Османли, Драмски театар - Скопје 1985; Клодија — Тетовирани души од Горан Стефановски, р. Паоло Маџели, Драмски театар - Скопје 1985; Ала — Зојкиниот стан од Михаил Афанасиевич, р. Стојан Стојаноски, р. Драмски театар - Скопје 1986; Патувачкиот театар Шолаловиќ од Љубомир Симовиќ, р. Васил Ќортошев, Драмски театар - Скопје 1986; Јуза — Стапица од Тадеуш Ружевич, р. Богдан Хусаковски, Драмски театар - Скопје 1987; Кристина — Сили во воздухот од Небојша Рончевиќ, р. Јовица Павиќ, Драмски театар - Скопје 1988; Медеја — Медеја од Дане Зајц, р. Вито Тауфер, Драмски театар - Скопје 1989; Лаура — Татко од Август Стримберг, р. Тодорка Кондова-Зафировска, Драмски театар - Скопје 1989; Мери — Спасени од Едвард Бонд, р. Кристијан Ристески, Драмски театар - Скопје 1990; Блага — Кука Вавилонска од Горан Стефановски, р. Слободан Унковски, Драмски театар - Скопје 1990; Белина — Безобразен болен од Жан Батист Поклен Молиер, р. Љубиша Георгиевски, Драмски театар - Скопје 1993; Бела — Дамите од Аламо од Пол Зиндел, р. Виолета Џолева, Драмски театар - Скопје 1993; Глика — Жени во народно собрание од Аристофан, р. Димитар Христов, Драмски театар - Скопје, 1994; Меги — Игранка во времето на Луниса од Брајан Фрил, р. Александра Ковачевиќ, Драмски театар - Скопје 1995; Чик Бојл — Слостори на срцето од Бен Хенли, р. Карма Ебзен 1995; Чест од Васил Иљоски, р. Виолета Џолева, Драмски театар - Скопје 1998; Марија — Платонов од Антон Павлович Чехов, р. Димитар Станковски, Драмски театар - Скопје 1999; Мајката — Роберто Зуко од Бернар Мари Колтез, р. Дритро Касапи, Драмски театар - Скопје 1999; Вера — Диво месо од Горан Стефановски, р. Александар Поповски, Драмски театар - Скопје 2000; Војцек од Георг Бихнер, р. Бора Драшковиќ, Драмски театар - Скопје 2002; Бабата — Дон Жаун од Александар Поповски, р. Александар Поповски, Драмски театар - Скопје 2005.

Награди 1978г. Глумец на годината за главна улога за улогата на Ленче во претставата „Ослободувањето на Скопје“ 1978г. Наградата „Војдан Чернодрински“, за главна улога за улогата на Ленче во претставата „Ослободувањето на Скопје“ 1994г. Награда „Климент Охридски“ за остварување во областа на театарот 1999г. Награда за најдобра спореднаа улога за ликовите на мајките во претставата „Роберто Зуко“ 2012г. Награда за животно дело „Војдан Чернодрински“

Наводи

Надворешни врски Целосна биографија и филмографија на мрежното место на Драмскиот Теаатар во Скопје Глумечки профил на МИФЦ Глумечки профил на IMDb

Категорија:Глумици од Скопје Категорија:Македонски театарски глумци Категорија:Македонски телевизиски глумци Категорија:Македонски филмски глумци Категорија:Македонски Хрвати