Наташа Бунтеска (, ) — македонска поетеса.
Животопис
Бунтеска била родена на 13 февруари 1973 година во Скопје. Студирала на Катедрата за Општа и компаративна книжевност на Филoлошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Досега објавила две поетски книги: „Мали вечности“ (1998) и „Горниот град“ (2001). Го напишала сценариото за краткиот арт филм „Здивот ме врзува (со светот)“ којшто бил сниман на почетокот на 2001 година во Индија. Застапувана е во повеќе антологии и прегледи на македонската поезија. Нејзината поезија е препејувана и објавувана на хрватски, англиски, романски, словенечки и други јазици. Живее и работи како новинар во Скопје.
Надворешни врски Горниот град
Наводи
Категорија:Живи луѓе Категорија:Луѓе од Скопје Категорија:Македонски новинари Категорија:Македонски поетеси Категорија:Македонски сценаристи Категорија:Апсолвенти на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ - Скопје