Стерјос Влахвеис (), познат како Влахбеис или Вајраклис (Βλάχμπεης, Βαϊρακλής) e андарстки капетан, деец на Елиномакедонскиот комитет и учесник во Борбата за Македонија .
Животопис
Роден е во селото Долна Џумаја (денес Ираклија, Грција). Во почетокот бил андарт во четата на капетанот Зервас (Дукас Дукас), а кон крајот на 1906 година, Влахвеис го наследил ранетиот, а подоцна и починат капетан Атанас Хаџипантазиев, на тој начин Влахвеис застанал на чело на џумајската андарстака чета. лево|мини|250п|Четата на Влахвеис во Леригово по Младотурската револуција Влахвеис дејствувал во Валовишко и Серско. Првите дејствија му биле насочени против Романската пропаганда во Македонија, дејствувајќи во Долна Џумаја и Горно Порој, а потоа почнал да ги напаѓа четите на Македонската револуционерна организација.
На 13 септември 1907 година Влахвеис заедно со Насос Фенгарас го убиле Динка, бидејќи тој го предал андартскиот капетан Димитар Гологанов. Есента 1907 година Влахебис заминал за Атина, а по враќањето во Македонија дејствувал на Халкидик и во реонот на Тахинското Езеро.
По Младотурската револуција, четата на Влахевис тргнала од планината Холомондас, минала преку Нигрита и Долна Џумаја и станал првата чета која влегла во Сер на 22 јули 1908 година.
Во Првата балканска војна со својата чета влегол во Нигрита. По Втората балканска војна бил долгогодишен кмет на Долна Џумаја.
По неговата смрт на централниот плоштад во Долна Џумаја му бил подигнат споменик.
Наводи
Дејци на грчката вооружена пропаганда во Македонија Категорија:Гркомани Категорија:Македонски Власи