мини|Рекламен плакат на холандска осигурителна компанија од 1900–1918 г. Осигурување е еден облик на управување со ризик, првенствено насочен кон намалување на финасиските губитоци. Осигурувањето е пренос на ризикот од осигуреникот врз осигурително друштво, со плаќање на премија за осигурување.

Основна логика на осигурувањето Основна идеја која лежи зад Осигурувањето е поврзување на ризикот на повеќе осигуреници во еден фонд, така законот на веројатност т.е. законот на големите броеви обезбеди да само релативно мал број на неповолни настани навистина се оствари во една година. Со тоа, трошокот на тој мал број на настани може да биде лесно поднесен од страна на голем број на осигуреници.

На пример, поединци знаат дека ризикот од пожар во нивниот дом е мал, но се плашат од истото зошто последиците би биле многу неповолни; затоа спремни се да платат осигурување против пожар; Осигурителните друштва примаат иплати на премии зошто знаат, врз основа на статистика, дека кај голем број на осигуреници ќе се случат мал број на пожари; поради таквиот низок ризик и осигурителната премија за пожари обично е ниска.

Осигурувањето, избегнувањето, ублажувањето и преносот на ризик, ја намалуваат неизвесноста кај поединци или организации. Со осигурувањето се овозможува интелигентно управување со ризикот, со постигнување на стабилност и развој.

Историја на осигурувањето Во кодот на Хамураби напишан околу 1754 година п.н.е. стои дека доколку трговец е нападнат на територијата на Вавлион, власта ќе се погрижи да му ги надомести трошоците. Тоа и претставува основата на осигурувањето – надоместок на штета.

Начелата од кодот на Хамураби се развиле и распространиле во антиката. Така настанале осигурителните заедниците во Грција околу 800 п.н.е.  Тие врз заемна основа ги надоместувале загубите што настанувале при превоз на море. Секој член на заедниците вложувал одредена сума можел да бара оштета доколку се случи штета.

Надградба на овие заедници биле бродските заедници во Персискиот Залив. Тие му набавувале нов брод на сопственикот чиј брод ќе потонел.

Пресвртница е комерцијалното осигурување т.е. формирањето на специјализирани компании коишто заработуваат при осигурувањето. Првата комерцијална компанија е основана во Бриж, Белгија. Најпрво мала белгиска банка нудела осигурување на добра. Банката потоа во 1310 година се трансформира и станува првата осигурителна компанија.

Првите самостојни договори во осигурувањето настанале во почетокот на XIV век во Џенова, Италија.  Со појавата на овие договори, првпат ѝ е дадена јасна и недвосмислена правна форма на економската содржина на осигурувањето. Ова дало силен поттик тоа да стане значајна важна стопанска дејност.

За да ја намалат опасноста на која се изложени, подучени од искуството, соптвеницие на бродови земале осигурување. Во ова осигурување влегувал само еден мал дел од вредноста на одредената стока. Тие истовремено земале во осигурување и дел од вредноста на други стоки во други бродови кои пловеле по различни мориња. На тој начин се овозможувало обезбедување во случај да пропадне едниот брод или стока, да ги компензираат своите загуби со големите заработувачки. Ова претставувало прво свесно организирање на ризичните заедници меѓу лица изложени на лични опасности на разни места и во различно време од страна на едно лице.

Во 1575 Британскиот парламент ја основал комората за осигурување – Chamber of Insurance.

Многу важен настан за развојот на осигурувањето е пожарот во лондон во 1666та година кој поттикнал да се основаат мноштво осигурителни компании. Од тука почнуваат и зачетоците на познатата Лојд од Лондон.

Во текот на 19 век со развојот на статистиката и актуарската математика доаѓа до огромен развој на осигурувањето. Ова доведува до воведување на нова законска регулатива, пензиски систем како и развој на Реосигурување. Реосигурувањето претставува предавање на ризикот од страна на осигурителната компанија на друга компанија на комерцијална основа.

Видови осигурување Основни видови Според светската пракса во осигурувањето, а и македонското законодавство, Осигурувањата се делат грубо на 2 вида: Животно осигурување (осигурување на животот, рентно, дополнително осигурување со осигурување на живот, доброволно пензиско осигурување и др.) и Неживотно осигурување (осигурување од последици на несреќа, осигурување на моторни возила, каско осигурување, на имотот, од пожар и други опасности, осигурувања од одговорност и др.)

Класи на осигурување мини|Филијалата на Германското здравствено осигурување (ДКВ) во Гетинген, Германија Сите видови на осигурување според македонското законодавство официјално се поделени во 23 класи (чл. 5 од Законот за Супервизија на Осигурувања - 27/2002), и тоа: Законот за Супервизија на Осигурувања, 27/2002 Осигурувањето од последици на несреќен случај - незгода (вклучувајќи индустриски повреди и професионални заболувања), во случај на смрт или нарушување на здравјето поради повреда, покрива: исплата на осигурената сума во еден целосен износ; исплата на осигурената сума во рати; комбинација на исплати од претходните два случаи; исплата поради повреди, нарушување на здравјето или смрт на патници. Здравственото осигурување покрива услуги кои не се покриени со задолжителното здравствено осигурување: еднократен паричен надомест за инвалиднина; надомест на трошоците за болничко лекување; комбинација на плаќањата од претходните два случаи. Осигурувањето на моторни возила (каско) ги покрива штетите за:моторни возила со сопствен погон, освен шински; влечни патни возила. Осигурувањето на шински возила (каско) ги покрива штетите настанати на шински возила. Осигурувањето на воздухоплови (каско) ги покрива штетите настанати на воздухоплови. Осигурувањето на пловни објекти (каско) ги покрива штетите настанати на речни или езерски пловни објекти. Осигурувањето на стока во превоз (карго) ги покрива штетите или губиток на стока во превоз, вклучувајќи го багажот, без оглед на видот на транспортот. Осигурувањето на имот од пожар и природни непогоди ги покрива штетите или губитоци на имот (освен штетите на имот предвидени со точките од 3 до 7 од овој член) во случаи на: пожар, експлозија, луња, природни непогоди освен луња, земјиште што тоне или се лизга. Други осигурувања на имот ги покрива штетите или губитоци на имот(освен штетите на имот предвидени со точките од 3 до 7 од овој член) поради град или мраз, и други штети освен оние од точка 8 од овој член (на пример во случај на кражба). Осигурување од одговорност од употреба на моторни возила. Осигурувањето од одговорност од употреба на воздухоплови ги покрива штетите настанати од употреба на воздухопловот вклучувајќи ја одговорноста на сопственикот. Осигурувањето од одговорност од употреба на пловни објекти ги покрива штетите настанати од употреба на пловните објекти вклучувајќи ја одговорноста на сопственикот. Општо осигурување од одговорност го покрива осигурувањето од други одговорности освен оние од точките од 10 до 12 од овој член. Осигурувањето на кредити покрива: ризик од неплаќање (ненавремено плаќање) поради неликвидност или други околности; извозни кредити и други ризици во врска со извозот, трговијата и инвестирањето на странски и домашен пазар; кредити со отплата на рати; хипотекарни и ломбардни кредити; земјоделски кредити, и други кредити и заеми. Осигурување на гаранции ги покрива и директно или индиректно гарантира за исполнувањето на обврските на должниците. Осигурување од финансиски загуби ги покрива финансиските загуби кои се јавуваат како резултат на: ризик при вработување; недоволен приход (општо); временски неприлики; загубен приход; непредвидени општи трошоци; непредвидени трговски трошоци; загуба на пазарната вредност; загуба на рентата или приходот; индиректни трговски загуби освен оние наведени во претходните случаи; други финансиски загуби (освен трговски), и други видови на финансиски загуби. Осигурување на правна заштита ги покрива трошоците за правна помош и судски спорови. Осигурување на туристичка помош (патничко осигурување) за лица кои се соочуваат со проблеми при патување или други случаи на отсуство од дома или од постојаното место на живеење. Осигурување на живот (освен она наведено во точките 20-23 од овој член) опфаќа осигурување во случај на доживување, осигурување во случај на смрт, мешано осигурување на живот, рентно осигурување и осигурување на живот со поврат на премии. Осигурување на брак или породување. Осигурување на живот во врска со удели во инвестициони фондови, кога осигуреникот го презема инвестициониот ризик во однос на промена на вредноста на инвестиционите купони или други хартии од вредност на инвестиционите фондови. Осигурување на тонтина (здружение на рентиери), е осигурување на лица здружени со цел заеднички да ги капитализираат уплатените влогови и соодветно на тоа да ги дистрибуираат акумулираните средства помеѓу лицата кои достигнале одредена возраст, или пак помеѓу корисниците на осигурувањето на починатите лица. Осигурување на средства за исплата, се заснова на актуарски пресметки при што во замена за еднократни или периодични уплати осигурените лица добиваат побарувања со одредено времетраење и износ.

Осигурувањето во Македонија Правна рамка Целиот систем на осигурување во Македонија правно е заснован врз Законот за супервизија на осигурувањето, како и други поединечни закони, подзаконски акти и имплементација на легислативата на ЕУ од областа на осигурувањето. Закон за супервизија на осигурувањето, Службен весник на Република Македонија, број 27/2002. Договорот за осигурување е договор во кој договарачот на осигурувањето се обврзува врз начелата на заемност и солидарност да здружува определен паричен износ во друштвото за осигурување (осигурувач), а друштвото се обврзува, ако дојде до настан што претставува осигуран случај, да му го исплати на осигуреникот или на некое трето лице надоместокот, односно договорената сума.Никола Главинче, „Законски решенија во врска со осигурувањето на живот“, Економија и бизнис, година 19, број 233, ноември 2017, стр. 60.

Контрола на државата и регулирање на пазарот Главна регулаторна државна институција која го контролира целокупниот пазар на осигурување во Македонија е Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО). Мрежно место на Агенцијата за супервизија на осигурување Агенцијата за супервизија на осигурување е основана како независно регулативно тело со надлежности и овластувања да се грижи за законско и ефикасно функционирање на пазарот на осигурување, со цел заштита на правата на осигурениците и корисниците на осигурителните услуги. Законските надлежности на Агенцијата се однесуваат на: Спроведување на супервизија над друштвата за осигурување, осигурителните брокерски друштва, друштвата за застапување во осигурувањето, осигурителните брокери и застапници, правните лица кои се поврзани со друштвата за осигурување и Националното биро за осигурување, како и Издавање и одземање дозволи, согласности и лиценци, изрекување супервизорски мерки, донесување подзаконски акти и давање предлози за донесување на закони, членување во меѓународни асоцијации од областа на осигурувањето, соработување со други надзорни органи и поттикнување на развојот на осигурувањето.

Осигурителни друштва во Македонија Според македонското законодавство, осигурителните компании се строго поделени на оние коишто работат со животно и оние коишто работат со неживотно осигурување. Притоа, компанијата која работи со животно нема право да работи со неживотно осигурување - и обратно.