Михаил Максим — византиски свештеник и охридски архиепископ во периодот од 1120 до 1143 година. Тој бил архиепископ на Охридската архиепископија по потекло од Византија.

За неговото дело денеска многу малку се знае. Пред да застане на охридскиот престол, тој бил остијариј во канцеларијата на Цариградската патријаршија. На охридскиот престол се качил по заминувањето на Лав II, најверојатно во 1120 година, и на таа позиција се задржал до 1143 година. Не е познато кога починал.

Наводи

Категорија:Византијци од 12 век Категорија:Архиепископи од 12 век Категорија:Охридски архиепископи