Катлановско Блато (во литературата познато и како Катлановско Езеро) — мочуришна површина во Скопската Котлина и ботанички, ихтиолошки и орнитолошки резерват. Заштитено р во 1965 г. на површина 70 хектари, и е собирна станица на птиците-преселници наесен од Северна Европа.
Особености Катлановското Блато е ставено под заштита во 1965 г. согласно Законот за заштита на природните реткости. Овој посебен резерват (ботанички, ихтиолошки и орнитолошки) се спомнува во документите од историско значење и како објект кој имал утврдувачко значење, бидејќи претставувал пречка за премин низ Таорската Клисура. Во повелбите (грамоти) издадени по повод обновувањето на манастирот посветен на свети Ѓорги-Горга, што бил по течението на реката Серава, е речено: „Катлановското Блато и е подарено на црквата „Св. Горѓија“, со ловиштето за риби и другиот дивеч”. Во грамотата е забележан и текстот:
Користењето на Катлановското Блато од XI век било регулирано со претходно добиено одобрение од црковните власти, а за секое друго користење била изрекувана казна. Големите количини риба во Катлановското Блато, на жителите од селата, со лов, им овозможувало зимата да ја минат безгрижно, неколку каци во визбите од селските куќи биле полни со посолена риба. Пред да почне мелиоризацијата, Катлановското Влато било попатно сопирно одморалиште на птиците преселници, кои доаѓале пред да настапи зимата и тоа од север во правец на југ-Солун, и подалеку до северниот дел на Африка.
Галерија
Поврзано Список на заштитени природни подрачја во Македонија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Моклишта во Македонија Категорија:Споменици на природата на Македонија Блато Категорија:Општина Петровец