Харитон — јеромонах и охридски архиепископ во период во 21 октомври 1641 до 1651 година.
Животопис 150п|лево|thumb|Грамота од поглаварот на Охридската архиепископија Харитон до рускиот цар Алексеј М. Романов со барање материјална и морална помош за црквата во Македонија.
Игуменот Герман на кременишкиот манастир „Успение Богородично“ од Костурско добил потпишана грамота од него како архиепископ, наменета за рускиот цар. Има и други зачувани грамоти со негов архиепископски потпис, наменети за неговите владици, што оделе да собираат милостина во Русија (кариополскиот епископ Неофит 1644-1645, гребенскиот митрополит Гаврил септември 1646 и корчанскиот митрополит Гаврил септември 1646 и костурскиот митрополит Кипријан 1651). Тоа биле економски тешки години на сиромаштија и задолженост на Охридската архиепископија, поради што побарал помош од рускиот патријарх и од рускиот цар за откуп на заложените црковни драгоцености. Има претпоставки дека повторно бил избран за архиепископ (1651).Иван Снегаров, Историја на Охридската архиепископија том II Од потпаѓањето под турска власт сè до нејзиното укинување (1394-1767), Софија 1931Јован Белчовски, Хронолошки список на поглаварите на Охридската архиепископија (патријаршија), „Годишен зборник“ на Богословски факултет „Свети Климент Охридски“, книга 8 Скопје 2002Славко Димевски, Историја на македонската православна црква, Скопје, 1989 Наводи
Категорија:Архиепископи од 17 век Категорија:Православни епископи од 17 век Категорија:Охридски архиепископи