Арсениј II бил православен свештеник и последниот охридски архиепископ во период во 1763 година до 16 јануари 1767 година, кога цариградскиот патријарх го принудил да поднесе оставка, по која Охридската архиепископија била неканонски укината и нејзините епархии биле ставени под јурисдикција на Цариградската патријаршија. Се смета дека потекнувал од охридскиот род Баласчевци.

Своите последни денови, овој архиепископ ги поминал на Света Гора, во ќелија на Зографскиот манастир, каде и починал.

Песната „1762 лето“, напишана од Григор Прличев, го опишува токму овој настан на неканонското укинување на Охридската архиепископија.

Наводи

Надворешни врски

1762 лето (песна)

Категорија:Архиепископи од 18 век Категорија:Православни епископи од 18 век Категорија:Охридски архиепископи