„My Immortal“ e песна од американската рок група Evanescence. Издадена е на 8 декември 2003 година, како трет сингл од нивниот прв албум Fallen. Напишана е од порнешниот гитарист Бен Муди. Се искачи на 7. место на Билборд Хот 100 листата и може да се споредува со „Bring Me to Life“ по популарност . На 17 февруари 2009 година, синглот добил златен статус од RIAA, со продадени повеќе од 500 000 копии.
Историја Песната е напишана од Бен Муди, како четврта песна напишана од Evanescence. Како и другите песни кои ги пишувал Муди, текстот е заснован на расказ која претходно ја напишал. СпоредЕјми Ли песната е од „Бен Муди“..
Оригинално е снимена во 1997 година, во албумот Evanescence EP, каде Ејми Ли е главен вокал, музиката се состои од гитара и пијано и има изменет текст. Подоцна песната е повторно снимена на нивниот демо албум, Origin, каде има само пијано и изменет текст, а исто и последниот дел пред рефренот е додаден од Ејми Ли. Песната е повторно снимена за првиот албум на бендот, Fallen, а исто така песната се наоѓа и на Mystary EP. Издавачката куќа Wind-up Records повеќе ја сакала верзијата од албумот Origin. Песната е повторно снимена и издадена во втората половина на 2003 и за таа верзија честопати е наречена како 'бенд верзија,' бидејќи остатокот од бендот свири на крајот од песната. Подоцните изданија на Fallen, го содржеле синглот „My Immortal“, како скриена песна. Ли и Муди снимиле акустични верзии на песните „My Immortal“, „Bring Me to Life“, „Even in Death“ и на некои други песни, кратко по издавањето на Fallen.
Песната е една од омилената на обожавателите, и е изведувана на речиси сите настапи во живо на бендот, поради нејзиниот успех.
Музичко видео Музичкото видео за „My Immortal“ e снимен во Барселона во црно-бела техника. „My Immortal“ заедно со „Bring Me to Life“ станалa музичка песна за филмот Daredevil.
Ли го коментирала концептот на видеото во интервју за Rock Sound:
Список на песни Интернационален ЦД сингл (Издаден 30 декември 2003)
Искачување на табелите Песната е вториот најуспешен сингл на бендот на сите времиња, искачувајќи се на првите 20 места во повеќе од 10 земји ширум светот. "My Immortal" е вториот најискачуван сингл на табелите во САД, искачувајќи се во топ 10 на Billboard Hot 100 и Pop 100 на 7 и 2 место. Се има искачено и на #19 на Adult Contemporary табелата. Исто така се искачил и во топ табелите во Канада и Грција. Има добиено Златен статус од RIAA на 17 февруари 2009, со повеќе од 500,000 продадени копии.
Табела (2003)НајвисокапозицијаАвстрија11Белгиска (Фландрија) Сингл Табела5Белгиска (Валонија) Сингл Табела9Холадска Сингл Табела5Германска Сингл Табела5Ирска20Швајцарија7Обединето Кралство7Табела (2004)НајвисокапозицијаАвстралија ARIA Сингл Табела4Канада1Данска Сингл Табела7Финска Сингл Табела9Француска Сингл Табела11Грицја Сингл Табела1Италијанска FIMI Сингл Табела3Нов Зеланд RIANZ Сингл Табела2Норвешка Сингл Табела2Шведска9САД Билборд Хот 1007САД Billboard Мејнстрим Топ 402САД Billboard Adult Contemporary19Табела (2006)НајвисокапозицијаСАД Билборд Хот Дигитални Песни43Табела (2010)НајвисокапозицијаГерманија Сингл Табела72
Наводи
Надворешни врски Официјална страница на Evanescence
Категорија:Песни од Еvanescence Категорија:Синглови од 2003 Категорија:Песни напишани од Ејми Ли Категорија:Песни напишани од Бен Муди Категорија:Рок балади