Јон Драгумис (; 14 септември 1878 - 12 август 1920) — грчки дипломат, писател и еден од главните идеолози на Елиномакедонскиот комитет и грчката вооружена пропаганда во Македонија.
Животопис
Јон Драгумис е роден во Атина во семејството на видниот грчки политичар, подоцна премиер, Стефанос Драгумис од македонскиот род Драгумис.
Учел за адвокат во Париз. Од 1902 година се вклучил во грчката дипломатија и бил испратен во Битола, како подконзул, а главна задача му била да создава тајни грчки комитети, тие требало да бидат ограноци на Елиномакедонскиот комитет и преку нив требало да се остави впечаток дека грчката борба во Македонија е дело на месните жители, а не проекција од надвор, во овој случај Грција.
Јон во својата книга Крв на мачениците и хероите ги повикал Грците да го следат примерот на Василиј:
Меѓу другото Драгумис ја определил и грчката борба во Македонија со зборовите:
Драгумис работел во конзулартствата во Сер, Бургас и Пловдив до 1907 година. Соработувал со Павлос Мелас кој бил оженет за неговата сестра и костурскиот патријаршиски митрополит Германос Каравангелис во организирањето на андартските чети кои настапувале против Македонската револуционерна организација.
Од 1907 до 1909 година работел во грчката амбасада во Цариград. Во периодот меѓу 1909 и 1910 година учествувал во ораганизирањето на грчките вооружени дејствија во Македонија, а исто така учествувал и во формирањето на културно грчко друштво.
Во 1911 година по италијанската окупација на Додеканезите, Драгумис учествувал во организирањето на конгресот на островот Патос и декларацијата за присоединување на островите кон Грција.
Во Првата балканска војна се нашол во генерал штабот на грчкиот крал Константинос I. Заедно со Виктор Дусмани и Јоанис Метаксас бил испратен на преговори со Тахсин паша за предвањето на Солун во грчки раце и Драгумис прв го развеал грчкото знаме.
1914 година бил испратен во Русија каде успешно го решил прашањето за Света Гора. Во 1915 година бил избран за пратеник на Лерин (Флорина). Во 1916 година почнал да го издава списнаието Политичка ревизија.
За време на владата на Елевтериос Венизелос бил протеран на островот Корзика, а од таму се вртил во 1919 година.
По обидот за средба со Венизелос во Париз, полицијата предводена од Емануил Зимвракаки му поставила заседа на Јон и тој бил убиен на 12 август 1920 година.
Подоцна на тоа место била подигната спомен плоча во чест на еден од најголемите поддржувачи на Мегали идејата.
По Јан е именуван постоечаката дема Јон Драгумис, центар на кој е селото Богатско од каде потекнува неговиот род.
Родословно дрво
Белешки
Литература Δημητρίου Ι. Ευρυγένη, Ο ΄Ιων Δραγούμης και ο μακεδονικός Αγών. Θεσσαλονίκη 1961. [Εταιρεία Μακεδονικών Σπουδών. ΄Ιδρυμα Μελετών Χερσονήσου του Αίμου, 41]. 8ον, σ. 23 μετά προσωπογραφίας του ΄Ι. Δραγούμη υπό Στίλπωνος Π. Κυριακίδου
Извори
Драгумис Јон