Вработувањето е договор меѓу две страни, од кои едната претставува работодавач а другата вработен. Под вработен се подразбира: „Лице кое е во служба на друго лице под каков било договор за ангажирање, прецизен или имплициран, устен или на писмено, со кој работодавачот има моќ или право да го контролира и воведе вработиот во материјалните детали околу тоа како функционира работното место“. Речник на Блеково право (Black's Law Dictionary), стр. 471 (5 - то издание, 1979).
Во комерционалното регулирање, работодавачот започнува продуктивна дејност, главно со намера да создаде профит, а вработениот внесува труд во претпријатието, обично во замена му се исплатува плата. Вработувањето исто така постои и во јавниот, непрофитабилниот сектор и во домаќинството. Наспроти вработувањето/ вработеноста која не е универзална стои невработеноста.
Работодавач
Работодавач е лице или институција која вработува и ангажира работници. Работодаваците нудат надница или плата во замена за работната моќ на работникот, во зависност од тоа дали работникот е платен по час или е одредена основа за исплата за даден период. На вработениот кој прима плата обично не му се плаќа за повеќе од часовите кои се минимално предвидени, додека пак во случај на надница се исплаќа за сите часови што биле работени, вклучувајќи и прекувремено.
Под работодавач влегуваат од лица кои вработуваат дадилки до влади и служби кои вклучуваат повеќе илјадници вработени. Во повеќето западни општества, владите се најголемите единечни работодавци но поголемиот дел од работната сила е вработен во мали и средни претпријатија во приватниот сектор.
Иако и вработените може да дадат придонес кон едно претпријатие, работодавачот е тој што ја одржува контролата врз продуктивната основа на имотот и капиталот, и е ентитетот наведен во договорите. Работодавачот типично останува сопственик на интелектуалната сопственост создадена од страна на еден вработен во доменот на вработувањето како и во функција на истото. Овие изуми или дела стануваат сопственост на работодавачот врз основа на концептот познат како „дела за плата“.
Релативното ниво моќ што работодавците го имаат врз вработените зависи од бројни фактори; од кои највлијателна е оној што се однесува на природата на работодавен однос. Односот меѓу работодавците и вработените е под влијание на три значајни фактори - вложувања, контрола и мотивација. Работодавците се оние кои треба ефикасно да се справат со и да ги урамнотежат овие фактори за да осигураат складен и продуктивен работен однос.
Вложувањата може најдобро да се опишат како парични ограничувања и економски притисоци ставени врз организациите во нивната потрага по профит. Ги покриваат аспектите како што се трудова продуктивност, плати и ефектот на финансиските пазари врз службите.
Вуд и останати (Wood et al.)(2004, стр 355) ја опишуваат контролата или како фокусирана врз крајниот резултат, а при тоа се концетрираат врз посакуваните цели со дефинирање на управителите и користат нивни сопствени методи за постигнување на одредени цели, или извршуваат контроли, кои го специфицираат начинот на кој треба да се постигнат (Ибид (Ibid), стр. 357). Контролата од страна на работодавачот и управителите во рамките на организацијата лежи на многу нивоа и има големо значење како за вработените така и за продуктивноста, при што контролата ја создава врската меѓу посакуваните резултати и самите процеси. Работодавците треба да ги изблансираат интересите како што се намалувањето на ограничувања на плати со максимална трудова продуктивност со цел да постигнат профитабилен и продуктивен работодавен однос.
Мотивацијата е третиот и најтешкиот од факторите за работодавците ефикасно да се постават во работодавниот однос. Мотивирањето на вработениот често може да биде во директен судир со контролните механизми на работодавците, а опсежно може да се опише како она што му дава енергија на, што го насочува и одржува човековото однесување (Стоун (Stone), 2005, стр. 412). Дабин (Dubin)(1958, стр. 213) натамошна разработка на ова, ја опишува мотивацијата како „нешто што го движи лицето кон дејствување и го одржува во тек со дејствието што е започнато“.
Следствено, работодавниот однос претставува тежок предизвик за работодавците да се справат со него, бидејќи често сите три аспекти се во директен меѓусебен натпревар, при што вложувањата, контролата и мотивацијата често се судираат во еднакво важната потрага по поединечна автономија на вработениот, команда и контрола на работодавачот и конечната заработка.
Вработен
Вработениот се труди да придонесе труд и стручност. Вработените ја изведуваат дискретната активност на економско создавање. Од трите фактори за производство, вработените го обезбедуваат трудот.
Експлицитно, еден вработен е секое лице ангажирано или вработено од страна на еден работодавач за да изврши одредена „работа“. Во повеќето современи стопанства, терминот вработен се однесува на специфично дефиниран однос меѓу едно лице и едно претпријатие, кој се разликува од оној наспрема корисник, или клиент.
Стапување во работен однос Повеќето лица статусот вработен го добиваат по едно интервју со одредена компанија. Ако се одреди дека лицето го задоволува местото, тој или таа добиваат официјална понуда за вработување во рамките на компанијата со дефинирани почетна плата и место. Ова лице тогаш ги стекнува сите права и привилегии на еден вработен, кои моше да вклучуваат здравствено осигурување и денови за одмор. Односот меѓу корпорацијата и вработените обично се одвива преку одделот за човечки ресурси, која се справува со воведувањето на новите вработени и со исплаќањето на сите бенефиции со кои може да се здобие или со сите поплаки кои вработениот може да ги има.
Организирање Вработените може да се организираат во работнички синдикати или синдикати, кои го застапуваат поголемиот дел од работната сила во една единствена организација. Тие ја користат својата застапувачка власт за колективно да се договараат со раководството на компаниите со цел да ги претстават грижите и барањата на своите членови.
Престанок на работен однос И покрај сето тоа, понудата за вработување не гарантира вработување за кое било одредено време и секоја од страните може да го прекине односот во кое било време. Станува збор за вработува по слободна волја. Во некои професии вообичаено е да се даде известување две недели пред напуштањето на работното место. Меѓутоа, известувањето две недели пред напуштањето не мора да е законски применливо.
Договор за вработување Австралија Во Австралија постои мошне контроверзен Австралиски договор за работно место - Australian Workplace Agreement.
Канада Во канадската провинција Онтарио, формални поплаки може да се достават до Министерството за труд (Онтарио). Во провинцијата Квебек, жалбите може да се пополнат во Комисијата за правила на работното место - Commission des normes du travail .
Индија Во Индија постојат Закон за договорна работа (Contact Labour Act), Закон за минимална плата (Minimum Wages Act) и Закон за економични средства (Provident Funds Act). За договорната работа во Индија мора да исплати минална плата и многу можности треба да се обезбедат за истата. Но, потребни се големи напори за потполно да се имплементираат овие Закони.
Филипини На Филипините, Приватното вработување се регулира преку Работниот кодекс на Филипините - Labor Code of the Philippines - од страна на Министерството за работа и вработување - Department of Labor and Employment.
САД Во САД, стандардниот договор за вработување се смета дека се заснова по волја што значи дека и работодавачот и вработениот може да го прекинат договорот во секој момент, од која било причина или пак без некоја одредена причина. Меѓутоа, во случај вработениот да смета дека прекинувањето на договорот од страна на работодавачот е неправедно, може да се воведе легално испитување за природата на прекинувањето. Неправедно прекинување на работниот однос подразбира прекинување поради дискриминација во однос на раса, национално потекло, пол или род, бременост, возраст, физичка или ментална онеспособеност, религија, воен статус а во Калифорнија се додава брачниот статус, предците, сексуалната ориентација или здравствената состојба. Без оглед на договорот помеѓу работодавачот и вработениот околу платата на вработениот, секој вработен има право на одредена минимална плата одредена од страна на федералната власт. Државите може самите да ги одредат минималните плати кои може да се повисоки од оние одредени од страна на федералната власт со цел да обезбедат повисок животен стандард или најниска плата за нивните жители. Според Законот за еднакви плати од 1963 година еден работодавач не може да дава раљзлични плати врз основа исклучиво на полот.
Во средини каде нема синдикати, во САД, поплаките за неправедно прекинување на работниот однос може да се достават до Министреството за труд на САД.
Работнички синдикати во САД Во синдикалните работни заедници особено, вработените на кои им е заведена дисциплина, сè до и вклучувајќи го прекинувањето на работниот однос може да побараат помош од нивниот синдикален претставник да се заземе за нив. Доколку преку неформалното преговарање помеѓу синдикалниот претставник и компанијата не се реши проблемот, синдикалниот претставник може да упати приговор, кој потоа може да се реши во рамките на компанијата, или посредување или судење, кои типично се финансираат и од страна на синдикатот и од страна на компанијата.
Културни и социјални мислења Идеолошки промени во демографските периоди Периодот на депресија Депресијата ја стави работата на преден план кога беше толку оскудно што да не се работи значеше да се гладува. Семејствата беа раздвоени бидејќи мажите заминаа во потрага каде било по работа, без оглед на тоа каква е, ниту пак колку слугинска да е. Должината на животот во 1930 – тите не беше како што е денес (2008) , така што можноста за семејството да се „всели повторно кај родителите“ не беше вредно за трудот, бидејќи родителите или не се живи, или пак немаат средства за да издржуваат уште едно „гнездо“.
Втора светска војна Втората светска војна драматично го преврте набавувањето и побарувачката и на работа и на труд. Произведувањето на војни резерви создаде доволно работа, но отсуството на мажите како последица на нивното регрутирање ѝ даде слободен простор на побарувачката за работа кој ќе биде исполнет од страна на жени и оние кои не можеле да стапат на служба во војска и да се борат.
Период по Втората светска војна Во повоениот период, работното место се измени поради тоа што жените кои се пријавија на работа за да ги заменат мажите кои заминаа да се борат во странство останаа на работните места во доста голем број. Додека побарувачката за производство не беше висока бидејќи војната беше завршена, новиот оптимизам и новиот социјален феномен кои вклучуваа урбано ширење создаде нови побарувачки за снабдување кои отворија нови работни места во градењето на патишта, развивањето на трговија со недвижнини, итн. Работата се задржа високо на скалилото на општетсвените вредности.
Бејби бум конкуренција Како што бејби бумерите го напуштија школото и почнаа да работат во 1970 – те, нафтната криза и економското задоцнување го забавија нивното ангажирање во потрошувачката. Со почетокот на 1980 – те, најшироката генерација се најде во своите врвни работни години, достигнувајќи го максимумот во однос на приходите и сега беа потполно внесени во купувањето, дали на домови, дали на возила, или во инвестирањето во иднината.