Свети Спиридон е христијански светец. Тој е роден на островот Кипар, во времето на Константин Велики. Во младоста се оженил и имал деца. По смртта на неговата сопруга, тој остатокот од својот живот го посветил на Бог. Тој бил епископ на кипарскиот град Тримитунт.

Свети Спиридон учествувал на Првиот вселенски собор во Никеја во 325 година, застапувајќи ја страната на Свети Александар Александриски против аријанството. Според православната традиција, тој бил облечен толку просто, што кога еднаш поканет од императорот сакал да влезе во царскиот дворец, војникот мислејќи дека е некој просјак му удрил шлаканица. Кроткиот и незлоблив Спиридон му го завртил и другиот образ.

Починал во 348 година. Неговите мошти се наоѓаат на островот Крф.

Наводи

Категорија:Христијански светци од 4 век Категорија:Епископи од 4 век Категорија:Кипарски православни епископи Категорија:Римокатолички светци од Кипар Категорија:Кипарски светци Категорија:Православни светци Категорија:Источнокатолички светци Категорија:Грчки епископи Категорија:Грчки светци Категорија:Римокатолички светци од Грција Категорија:Римокатолички светци Категорија:Чудотворци Категорија:Родени во 270 година Категорија:Починати во 348 година