„Good Enough“ e песна од американската рок група Evanescence. Издадена е во 2007 како четврт сингл од нивниот втор студиски албум, The Open Door. Била напишана од Ејми Ли за нејзиниот долгогодишен пријател и сопруг Џош Хартзлер.

Издавање Сибглот требало да биде издаден во Германија во базичен и премиум формат, а исто така требало да биде издаден дигитално во Австралија, но датумот на издавање никогаш не бил официјално изјавен.

Заднина Инструменти во оваа песна се пијано и виолина, што е различно од нивниот рок звук со гитари. Песната по звукот е многу слична со песните „My Immortal“ и „Hello“.

Заедно со „Lacrymosa“, Ејми Ли кажала дека „Good Enough“ е земена од дел од музиката напишана за филмот Хрониките на Нарнија: Лавот, вештерката и ормарот, но не била употребена во филмот, бидејќи била „многу мрачна“." Но продуцентите на филмот кажале дека никогаш не било испланирано Ли да пишува музика за филмот.

Во интервју за VH1, Ли рекла,

Ли кажала дека нејзиниот долгогодишен пријател и маж, Џош Хартзлер, бил инспирација за песната исто како и за еден од претходните синглови на бендот „Bring Me to Life“. Во ЦД-то на албумот The Open Door, Ли вели,

Музичко видео thumb|лево|220px|Ејми Ли во видеото. Музичкото видео за песната е режирано од Марк Веб, во Будимпешта, Унгарија, помеѓу 11 и 14 јуни 2007 година. На 30, 2007, незавршена верзија на музичкото видео е ставена на Интернет и ги вклучува и специјалните ефекти. Ејми Ли се појавила на емисијата на MTV, TRL на 10 септември 2007, за да направи премиера на видеото.

Во музичкото видео е прикажана само Ејми Ли, која се наоѓа во магазин и закопува фотографија во дупка на подот од даски. Откако ќе замине, дупката пополека се покрива со нови даски. Додека оди до нејзината работна маса за да запише нешто во својот дневник, подот и другите предмети кои ја обиколуваат почнуваат да се топат. Кога таа ќе започне да свири на пијано сите работи кои се наоѓаат во собата ќе се запалат и ќе горат, сè додека не почне да врне дожд и го гаси огнот. Собата ќе биде сета изгорена. Но кога сонцето ќе почне да свети преку прозорците на магазинот, малечко растение ќе порасне од подот и ќе почне да се шири низ целата соба, а сини цветови ќе почнат да растат од пијаното.

Список на песни Базичен Сингл

Премиум Сингл

Наводи

Надворешни врски „Good Enough“ музичко видео на MTV.com „Good Enough“ музичко видео на официјалниот Јутуб канал на Evanescence

Категорија:Песни од Evanescence Категорија:Синглови од 2007 Категорија:Песни напишани од Ејми Ли Категорија:Рок балади