Марко Бошнаков — македонски анархист, учесник во македонското револуционерно движење и член на Гемиџиите.

Животопис мини|лево|Спомен-плоча на куќата на Марко Бошнаков мини|лево|150п мини|десно|250п|Куќата на Марко Бошнаков Бошнаков е роден 1878 година во Охрид, Македонија. Станал член на Гемиџиите додека учел во Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“ и учествувал во Солунските атентати.

Тој го изнајмил дуќанот од спротивната страна од Отоманкста банка во Солун, од таму се ископувал тунел до темелите на банката и бил поставен динамитот. Подоцна во тој дуќан Јордан Поп Јорданов го запалили фитилот и ја разнел Отоманската банка.

Тој е еден од четворицата Гемиџии (Павел Шатев, Георги Богданов и Милан Арсов) кои биле уапсени и изведени пред специјален суд.

Сите четворица биле осудена на смрт, но подоцна казната била преиначена во доживотен затвор. Марко Бошнаков починал на 15 февруари 1908 година в Мурзук, во либиската провинција ФезанКратки биографии на атентаторите.

Неговиот череп од страна на Павел Шатев и Богданов бил донесен во Македонија. Веста за смрта на Марко Бошнаков е забелажана и во некрологот кој го издава Охридското друштво за помош,во кој се вели:

Остатоците, т.е. главата на Марко Бошнаков била сместена во украсно дрвено ковчеже и била погребена на гробиштата во црквата Св. Богородица Перивлепта. Но помеѓу двете светски војни, поради отстранување на влага во црквата, извршено е отстранување на земја од северната, од источната и од западната страна, при што било извршено и отстранување на гробовите што се наоѓале на овој простор.

Посмртните остатоци од сите гробови, меѓу кои и остатоците од Марко Бошнаков, биле пренесени во црквата Св. Константин и Елена, која потоа станала еден вид костурница.

Галерија слики

Наводи

Литература Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското националноослободително дело во Солунскиот вилает 1893 - 1903 година, Скопје, Институт за историја - Филозофски факултет К. Битоски, Солунски атентати, Скопје, 1985

Надворешни врски

Охрид се сеќава на гемиџијата Марко Бошнаков

Категорија:Луѓе од Охрид Категорија:Гемиџии Категорија:Солунски атентатори