'Политика на едно дете, офиц. политика на планирање на семејството, Section III paragraph 2. — поранешна политика за контрола на прирастот на населението во Кина воведена меѓу 1978 и 1980 г. и формално укината во 2015 г., кога е воведена политика на две сеца. Политиката допуштала поголема низа исклучоци и не се однесувала на малцинските народности. Во 2007 г. само 36% од населението подлежело на строгото ограничување на едно дете. Во исто време, 53% од населението можело да има второ дете ако првороденото е женско. Оваа политика продолжила сè до 2021 г. кога е воведена политиката на две деца.
Оваа политика била воведена во 1978 година и на почетокот се однесувале на првороденчињата родени во 1979 година. Кинеската влада ја создаде оваа политика за да ги намали социјалните, економските и еколошките проблеми во Кина и властите тврдат дека од нејзиното спроведување па сè до 2000 година политиката го спречила раѓањето на повеќе од 250 милиони деца. Политиката на едно дете е контроверзна како во рамките на Кина така и надвор од неа поради начинот на којшто таа се спроведува како и поради загриженоста за нејзините негативните последици врз општеството. Оваа политика е посочена како причина за зголемениот број на присилни абортуси, убиства на женски новороденчиња и непријавување на раѓањето на женски деца, а исто така се смета дека можно е таа да стои и зад половата нерамнотежа. Меѓутоа, една анкета којашто беше спроведена во 2008 година од страна на Центарот за истражување Пју покажа дека 76% од кинеското население ја поддржува оваа политика.
Политиката се спроведува на ниво на провинции, преку парични казни коишто се одредуваат во зависност од приходот на семејството, како и некои други чинители. Комисиите за население и планирање семејство (кинески: 计划生育委员会) постојат на секое ниво на управување за да ја подигнат свеста во поглед на ова прашање, да вршат пријавување на новороденчињата и да вршат контрола. Но, и покрај оваа политика сè уште има луѓе коишто имаат повеќе од едно дете.
Во 2008 година, Националната комисија за население и планирање семејство на Кина рече дека оваа политика ќе продолжи да се спроведува најмалку уште една деценија. Во 2010 година беше изјавено дека мнозинството граѓани коишто први беа подложени на оваа политика веќе не се наоѓаат во репродуктивните години и исто така се претпоставува дека во последните години многу граѓани едноставно ја игнорираат или пак ја прекршуваат политиката. Политиката се променила со замена на правилото, воведувајќи политка на две деца во 2021 г. __TOC__ Краток преглед
Политиката на едно дете ги поттикнува семејствата со едно дете и им забранува на брачните двојки коишто живеат во урбаните области да имаат повеќе од едно дете. Родителите коишто имаат повеќе деца ги немаат истите придобивки што ги имаат оние коишто имаат едно дете. Во повеќето случаи, богатите семејства ѝ плаќаат на Владата казна за да можат да имаат второ дете.
Тековна состојба
Ограничувањето строго се спроведува во урбаните области, но неговото реално применување е различно од една локација до друга. Во повеќето рурални области, семејствата можат да поднесат барање за второ дете ако првото дете им е женско или е физички хендикепирано, душевно болно или пак со пречки во менталниот развој. Разликата во години помеѓу првото и второто дете е најчесто 3 или 4 години. За семејствата коишто ја прекршуваат политиката, односно коишто имаат повеќе деца следуваат парични казни или пак можат да им бидат укинати бонусите коишто тие ги добиваат на работа. Доколку децата родени во прекуморските земји не се стекнат со кинеско државјанство тогаш тие не се подложени на оваа политика. Кинеските граѓани коишто се враќаат од странство можат да имаат второ дете.
Казната за социјална издршка (поедноставен кинески: 社会抚养费; традиционален кинески: 社會撫養費; пин-јин: shèhuì fúyǎng fèi) којашто на Западот понекогаш се нарекува казна за планирање семејство се наплатува како збир или од годишниот расположлив приход на граѓаните или пак од годишниот приход во готовина на селаните одреден годишно, од страна на локалната канцеларија за статистика. Оттука, паричната казна за дете родено над квотата таа година е збир, во зависност од областа, или од расположливиот приход на жителите од руралните области или пак од приходот во готовина на селаните, проценет таа година од страна на локалната канцеларија за статистика. Па така казната за дете родено пред десет години се одредува според приходот проценет за таа година кога е детето родено, а не според тековната година. Родителите исто така треба да платат за школувањето на децата како и за целокупната здравствена заштита на семејството. Децата коишто се единци плаќаат помалку за разлика од децата од другите семејства. Уште од самиот почеток политиката на едно дете беше планирана да биде политика на една генерација.
Сега политиката на едно дете се спроведува на ниво на провинции, но не во иста мера: во некои провинции ограничувањата се поолабавени. Во многу провинции и градови, како на пример Хенан и Пекинг на оние родители коишто и самите се деца-единци им е дозволено да имаат две деца. Веќе во 1987 година, официјалната политика им даде можност на локалните службеници да прават исклучоци со што ќе им дозволат на одредени семејства да имаат второ дете во случај на „практични тешкотии“, на пример ако таткото е воен инвалид, или пак доколку двајцата родители се деца-единци, а во некои провинции постоеја и други исклучоци. По земјотресот во Сечуан во 2008 година, беше направено ново отстапување од одредбите коешто се однесуваше на оваа провинција, односно на родителите коишто ги изгубиле своите деца во земјотресот. Слични отстапувања постоеле и претходно за оние родители чиишто деца биле тешки инвалиди или биле починати.
Исто така, сите етнички групи со исклучок на етничката група Хан се подложени на различни правила, во согласност со политиката на афирмативна акција на НР Кина кон етничките малцинства, па така најчесто оние коишто живеат во урбаните области смеат да имаат две деца, а оние во руралните области три или четири. Исто и на Хан-Кинезите коишто живеат во руралните области честопати им е дозволено да имаат две деца. Поради овие брачни двојки како и оние од урбаните средини коишто едноставно плаќаат парична казна (или казна за социјална издршка) за да имаат повеќе деца, број на деца по семејство, на копното на Кина е поблиску до две отколку до едно (1,8). Во 1970-тите години дојде до нагло намалување на плодноста и тоа пред воведувањето на политиката на едно дете во 1979 година. Политиките за популационото планирање и кампањите се актуелни во Кина уште од 1950-тите години. Во текот на 1970-тите години беше актуелна кампањата „Имате едно дете? Одлично! Две деца? Доволно се! Три? Премногу се!“
Во април 2007 година, една студија од страна на Универзитетот во Калифорнија, Ирвин, за којашто се тврди дека е првата систематска студија за оваа политика, открила дека политиката на едно дете се покажала како „неверојатно успешна“. Други извештаи покажале дека во некои области постои стареење на населението и негативен пораст на населението.
Влијанија врз порастот на населението и стапката на плодност
По воведувањето на политиката на едно дете, стапката на плодност во Кина се намали, при што бројот на раѓања по жена во 1980 година изнесуваше повеќе од три деца, што значи бројот на раѓања којшто во раните 1970-ти години беше поголем од пет веќе беше намален, за да во 2008 година биде од прилика околу 1,8 раѓања по жена. (Колоквијалниот термин „број на раѓања по жена“ често е официјализиран и гласи „Вкупна стапка на плодност“ или скратено ВСП, и претставува технички термин којшто се употребува во демографската анализа и го означува просечниот број на деца коишто една жена би ги родила за време на нејзиниот животен век односно за време на специфичните репродуктивни години од нејзиниот живот).
Кинеската влада процени дека со политиката на едно дете во 2008 година имала 3 до 400 000 000 помалку луѓе, бројка којашто би постоела доколку не би била политиката на едно дете. Според тоа, кинеските власти сметаат дека оваа политика многу помогнала за спроведување на тековниот економски раст на Кина. Опаѓањето на стапката на плодност, а со тоа и опаѓањето на порастот на населението доведоа до намалување на сериозноста на проблемите коишто одат во пакет со пренаселеноста како што се епидемиите, сиромаштијата, преголемата потреба од социјални услуги како што е здравството, образованието, спроведувањето на законите, преголемата оптовареност на екосистемот поради искористувањето на плодното земјиште и создавањето на големи количини отпаден материјал. Но, и со ваквата политика Кина сè уште, на секои пет недели има еден милион повеќе родени отколку умрени.
Придобивки кои не се поврзани со населението
Влијание врз здравствената заштита
Забележано е дека насоченоста на Кина кон контрола на бројот на населението помага во обезбедувањето подобра здравствена заштита за жените како и во намалувањето на ризиците од смрт и повредите коишто се поврзани со бременоста. Службите за планирање семејство им овозможуваат на жените бесплатни часови за контрацепција и пренатална нега. На бремените жени им е овозможено внимателно следење на нивното здравје. Во повеќе места во Кина, Владата промовираше програма наречена „Грижа за девојки“ чијашто цел е елиминирање на културната дискриминација на девојките во руралните и неразвиените области преку обезбедување парична помош и образование.
Зголемена стапка на заштеда
Со воведувањето на политиката на едно дете се зголеми стапката на поединечна заштеда. Ова делумно и се припишува на политиката во поглед на два аспекта. Како прво, просечното кинеско домаќинство троши помалку време и пари на деца, со што многу Кинези имаат повеќе пари за инвестирање. И како второ, бидејќи младите Кинези не можат повеќе да сметаат на тоа дека нивните деца ќе се грижат за нив кога тие ќе остарат, голем замав зема штедењето пари за во иднина.
Економски раст
Вистинската намера на политиката на едно дете беше економска и тоа, намалување на побарувачката на природните ресурси, одржување стабилна стапка на работната сила, намалување на невработеноста предизвикана од суфицитот на работна сила, како и намалување на стапката на експлоатација. Оправдувањата на КПК за ваквата политика се базираа на нивната поддршка на наводно Марксистичката теорија за пораст на населението на Мао Це Тунг, иако всушност Маркс беше критички настроен кон Малтусовото гледиште.
Критики
Други достапни полититички алтернативи
Дел од критиките доаѓаат од страна на оние коишто ги признаваат предизвиците кои произлегуваат од високиот пораст на населението во Кина, но тие веруваат дека со некои не толку наметливи опции, вклучувајќи ги и оние коишто го нагласуваа одложеното раѓање како и растојанието помеѓу раѓањата, ќе се постигнеа истите резултати но, само за подолг временски период. Во 2003 година, Сузан Гринхалг направи ревизија на процесот на создавање политика зад прифаќањето на ОЦПФ (Office of Campaign and Political Finance; OCPF) којашто покажа дека можностите биле познати но, политичките водачи на Кина не ги разгледале целосно.
Преувеличени придобивки од политиката