Анатолиј Цариградски (починал во година) — Вселенски патријарх во периодот од 449 до 458 година.

Најпрво бил презвитер во Александриската црква, но по смртта на патријархот Флавијан Цариградски бил возведен за патријарх на цариградскиот престол, во 449 година. Цариградскиот престол бил признаен за рамен на Римскиот во негово време, и тоа на Вселенскиот собор во Халкидон, во 451 година.

Овој патријарх се борел многу за чистотата на православната вера, многу страдал од кривоверците, додека најпосле не бил и убиен од нив во 458 година, во времето на царот Лав Велики. Со црквата управувал близу девет години, а потоа се преселил меѓу нејзините Свети јерарси.

Наводи

Категорија:Родени во 5 век Категорија:Римјани од 5 век Категорија:Архиепископи од 5 век Категорија:Вселенски патријарси Категорија:Византијци од 5 век Категорија:Цариградски архиепископи Категорија:Византиски теолози Категорија:Христијански светци од 5 век Категорија:Византиски светци Категорија:Починати во 458 година