Граѓанска војна е војна помеѓу организираните групи во една иста национална држава, или поретко помеѓу две земји создадени од претходно обединети национални држави. Целта на едната страна може да е да преземе контрола на земјата или регионот, некој регион да стане независен, или да се смени владината политика. Тоа е пожесток конфликт ,во кој често се вклучени и редовните воени сили, и е постојан, организиран и со широки размери. Граѓанските војни може да резултираат со голем број на ранети луѓе и потрошувачка на значајните ресурси.
По завршувањето на Втората светска војна, Граѓанските војни во просек траеле малку повеќе од четири години, драматичен пораст за разлика од периодот од 1900 до 1944 кога во просек траеле по година и пол. Додека стапката на опасност од новите граѓански војни уште од средината на 19 век била стабилна, зголеменото траење на ваквите војни резултира со пораст на бројот на војни што се случувале во кое било време. На пример, во првата половина од 20 век немало повеќе од пет граѓански војни кои истовремено биле во тек, додека пак кон крајот на Студената војна преку 20 граѓански војни се случувале истовремено, пред да дојде крајот на значајниот пад на конфликтите силно поврзани со супермоќта на соперништвото. Уште од 1945 година, граѓанските војни резултираа со смрт на повеќе од 25 милиони луѓе, како и присилно раселување на милиони други. Граѓанските војни понатаму резултирале со економски пад: Бурма (Мјанмар), Уганда и Ангола се примери за народи за кои се сметало дека имаат ветувачка иднина пред да бидат проголтани од граѓанските војни.
Вниманието на стручњаците кои ја истражуваа причината за граѓанска војна им е привлечено од две спротивни теории, алчност наспроти поплаки. Грубо кажано: Дали конфликтите се предизвикани од луѓе коишто се во етничко, религиско или општествено здружување, или дали конфликтите започнуваат како резултат на тоа што нивниот почеток им е од економски интерес на поединци или одредени групи луѓе? Анализите на стручњаците го поддржуваат заклучокот дека економските и структурните причини се поважни отколку оние за идентитет како предскажувачи за појава на граѓанска војна
Објаснување
Џејмс Ферон, стручњак за граѓански војни на универзитетот Стенфорд, ја објаснува граѓанската војна како ,, насилен конфликт во рамките на една држава во која целта на организираните групи што се борат е да добијат моќ во центарот на државата, или во определен регион, или пак да ја сменат владината политика“. Ан Хиронака прецизира дека една од двете страни во граѓанската војна е државата. Јачината на која граѓанскиот немир преминува во граѓанска војна е оспорувана од академиците. Некои политички научници ја објаснуваат граѓанската војна како војна со повеќе од 1000 загинати, додека други тврдат дека најмалку 100 мора да има од двете страни. Корелацијата на војната, база која има широка употреба од стручњаците за конфликти, ги класифицира граѓанските војни како војни што имаат над 1000 жртви од конфликти поврзани со војните годишно. На пример оваа стапка е еден мал дел од милионите убиени во Втората Суданска граѓанска војна и Камбоџиската граѓанска војна, но вклучува неколку конфликти со голем публицитет како што се ,,Проблемите” на Северна Ирска и борбата на Африканскиот Национален Конгрес во ерата на апартхејдот во Јужна Африка.
Врз основа на критериумот 1000 жртви годишно, има 213 граѓански војни од 1816 до 1997 година, од кои 104 се случиле од 1944 до 1997 година. Ако некој го користи помалку ригорозниот критериум од оној за 1000 жртви, има повеќе од 90 граѓански војни меѓѕ 1945 и 2007 година, со 20 тековни граѓански војни во 2007 година. Дополнително објаснување
Конвенцијата во Женева не го дефинира конкретно терминот ,,граѓанска војна”. Сепак тие квалификуваниот критериумот за дела го опишуваат како ,, вооружен конфликт кој не е од меѓународен карактер“ , во кој се вклучени граѓанските војни. Помеѓу наведените услови има четири барања:
• Партијата што се бунтува мора да поседува дел од националната територија
• Бунтовничката државна власт мора да ја примене власта de facto над населението во рамките на одреден дел од националната територија.
• Бунтовниците мора на некој начин да бидат признаени како непријатели
• Правната Влада е ,, обврзана да се обрати за помош на редовните воени сили против бунтовниците организирани како војска“.
Причини за граѓанска војна според моделот Колиер-Хоефлиер
Сеопфатно истражување на граѓанската војна е извршено од тим од Светската Банка во ран 21 век. Студиската основа, која е наречена модел на Колиер-Хоефлиер за споредба истражи 78 петгодишни зголемувања кога граѓанската војна се случила од 1960 до 1999 година, како и 1167 петгодишни зголемувања на ,,не граѓанска војна” и ги подложи податоците поставени на регресивна анализа за да се види ефектот од различните фактори. Факторите што покажаа дека имаат статистички значителен ефект врз можноста дека ќе се случи граѓанска војна во кој било период од пет години се:
Достапност на финансии
Голем дел од основните артикли во националниот извоз значително го зголемија ризикот од конфликт. Земја која е на ,,врвот на опасноста” со стока која опфаќа 32% од бруто-домашниот производ, има 22% ризик да западне во граѓанска војна во период од пет години, додека пак земја без извоз на стоки има ризик од 1%. Кога поделените, само нафта и не нафтените групации покажаа различни резултати: земја со релативно ниски нивоа на зависност од извоз на нафта е во помал ризик, додека земја со високо ниво на зависност од извоз на нафта резултира со малку поголем ризик од граѓанска војна отколку националната зависност од која било друга примарна стока. Авторите на студијата го протолкуваа ова како резултат на леснотија со која основните артикли може да се изнудат или заробат во споредба со другото богатство, на пример лесно е да се фати и контролира производството на рудник за злато или нафтено поле во однос на сектор за производство на облека или хотелски услуги. Втор извор на финансии е националната дијаспора, која од странство може да финансира бунтови и востанија. Студијата покажа статистички дека промената на големината на дијаспората на една земја од најмала во најголема презултира со шесткратно зголемување на шансите за граѓанска војна.
Можноста е цена на бунт Зголеменото запишување на машки во средно образование, приходот по жител и стапката на економскиот пораст имаа значајни ефекти врз намалувањето на можноста за граѓанска војна. Поточно, запишувањето на машки во средно образование 10% над просекот ги намали шансите за конфликт за околу 3%, додека порастот на стапката за 1% повеќе од просекот на студијата резултираше со пад на можноста за граѓанска војна од околу 1%. Студијата ги протолкува овие три фактори како застапници за неминовна заработка од бунтот и затоа малата заработувачка на луѓето го охрабрува бунтот. Со други зборови: младите мажи (кои го сочинуваат поголемиот дел од борците во граѓанските војни) ако се здобиваат со образование или имаат задоволителна плата и кои разумно можат да претпостават дека ќе успеат во иднина се со помала веројатност да се приклучат на востанието. Нискиот приход по жител е даден како причина за штрајк и вооружен бунт. Сепак, за ова да биде вистинито, би се очекувало и економската нееднаквост да биде значаен фактор за бунтовите, но не е. Затоа студијата заклучува дека економскиот модел на опортунистичкиот трошок подобро ги објаснува наодите.
Воена предност Високите нивоа на население во Дијаспората и во помала мера присуството на планински терен ја зголемија шансата за конфликт. И двата фактори се во корист на бунтовниците, како што населението во Дијаспората надвор од границите е потешко да се контролира од она сконцентрирано во централниот регион, така планините нудат терени каде бунтовниците можат да бараат засолниште.
Поплаки
Повеќето застапници за ,,поплаки” – теоријата каде граѓанските војни започнуваат поради проблемите за идентитет, а не економските – се статистички безначајни, вклучувајќи ја и економската еднаквост, политичките права, поделба на етнички заедници и религиозна поделеност. Само етничка доминација, случај каде најголемата етничка група го сочинува поголемиот дел од населението го зголемува ризикот од граѓанска војна. Земја што се одликува со етничка доминација има двапати поголема шанса за граѓанска војна. Сепак комбинираните ефекти од етничката и верската поделеност, т.е колку е поголема шансата дека кои било двајца случајно одбрани луѓе ќе бидат од посебни етнички или религиски групи, помала е шансата за граѓанска војна, се исто така позитивни и значајни сè додека земјата избегнува етничка доминација. Студијата го толкува ова на начин со кој се наведува дека има голема веројатност малцинските групи да бунтуваат ако почувствуваат дека некој доминира над нив, но таквите бунтувања се поверојатни да го направат похомогено населението и тоа ги смирува бунтовниците. Овие два фактори се сметаат како олеснувачи еден за друг во многу случаи.
Големина на населението Различните фактори кои придонесуваат за зголемување на опасноста од граѓанска војна растат со зголемување на бројот на населението. Ризикот од граѓанска војна пропорционално се зголемува со големината на популацијата во земјата.
Време Колку повеќе време поминало од претходната граѓанска војна толку помала е веројатноста дека конфликтот ќе се повтори. Студијата има две можни објаснувања за ова: едната се заснова на можноста, а другата на неправдата. Поминатото време ја претставува можноста за амортизацијата на капиталот за кој се воде бунтот, а тоа ја зголемува можноста која што е виновна за повторното започнување на конфликтот. Алтернативно, поминатото време може да претставува постепен процес на смирување на старите омрази. Студијата открива дека присуството на Дијаспората значително го намалува позитивниот ефект на времето, како што средствата од Дијаспората го неутрализираат опаѓањето на вредноста на специфичниот капитал на бунтот.
Времетраење на граѓанските војни Ан Хиронака, автор на ,,Бесконечни војни” ја дели модерната историја на граѓанските војни на пред 19 век, 19 век до ран 20 и доцен 20 век. Во 19 век во Европа должината на граѓанските војни значително падна, претежно како резултат на природата на конфликтите како борби за превласт во центарот на државата, силата на централната власт и нормално брзата и решителна интервенција на други држави за поддршка на владата. По Втората светска војна времетраењето на граѓанските војни ја надмина нормата од пред 19 век, главно како резултат на слабоста на многуте постколонијални држави и интервенцијата на големите сили на двете страни на конфликтот. Најочигледната сличност помеѓу граѓанските војни е таа што тие се случуваат во најосетливите држави.
Граѓанските војни во 19 век и раниот 20 век
Граѓанските војни во текот на 19 век и раниот 20 век претендирале да бидат кратки, просечната должина на граѓанска војна меѓу 1900 и 1944 година била една и пол година. Самата држава во поголемиот дел од случаите е центар на власта, па така граѓанските војни се водат за контрола на државата. Ова нормално значи дека секој кој има контрола на капиталот и војската може да го скрши отпорот. Ако бунтовник не успее брзо да ги искористи капиталот и контролата на војската за себе, нормално е дека е осуден на брзо уништување. На пример борбата поврзана со Париската Заедница од 1871 речиси целосно се случи во Париз и заврчи брзо откако војската застана од страна на владата.