Гонсало Херардо Игуаин (шпански изговор: [ɡonˈθalo iɣwaˈin]; роден на година во Брест) — поранешен аргентински фудбалер, напаѓач. Со аргентинската репрезентација, бил светски вицешампион во Бразил 2014 и вицешампион на Копа Америка во 2015 и 2016.

Афирмиран како еден од најплодните напаѓачи во бизнисот, се смета за еден од играчите со најдобра завршница во светот. Со 36 гола во сезоната 2015-2016 во италијанското првенство како играч на Наполи тој поставил нов рекорд по бројот на постигнати голови во рамките на една сезона во Серија А, надминувајќи го претходниот рекорд на Гунар Нордал стар 66 години.Гледано во сите првенства на Италија од највисокото ниво, рекордот е израмнет со оној на Џино Росети, авторот на ист број голови во првенството 1928-1929.

Во текот на својата кариера, која ја започнал во 2005 година дебитирајќи за првиот тим на Ривер Плејт, а потоа ја продолжил во Европа, играјќи за Реал Мадрид, Наполи, Јувентус и Милан тој освоил три шпански првенства (2006-2007, 2007-2008, 2011-2012), два Суперкупа на Шпанија (2008 и 2012) и еден Куп на Шпанија (2010-2011) со Реал Мадрид како и две италијански првенства (2016-2017 и 2017-2018) со Јувентус три Купа на Италија два со Јувентус и еден со Наполи (2013-2014, 2016-2017 и 2017-2018) и еден Суперкуп на Италија (2014) со Наполи.

Животопис Гонсало е син на поранешниот фудбалер Хорхе Игуаин, дефанзивец, кој целата кариера ја има поминато играјќи во Аргентина, освен една сезона во Франција во дресот на Брест; Гонсало Игуаин е роден во истоимениот град токму за време на таа година. Тој има три браќа Николас, Лаутаро и Федерико од кој последниот е исто така професионален фудбалер. Неговата мајка, Ненси Закаријас, е сликарка.

Тој ги поминал првите месеци од своето детство во Франција, а потоа семејството се вратило во Аргентина, бидејќи татко му бил ангажиран од страна на Ривер Плејт. На возраст од 10 месеци бил хоспитализиран на дваесет дена поминати во болница, бидејќи му бил пронајден фулминантен менингитис, откриен токму навреме, и бил принуден неколку години секојдневно да зема лекови додека не се отстранат сите траги на болеста.

Гонсало е познат и по прекарот Ел Пипита, што доаѓа од прекарот на неговиот татко, кој бил наречен Ел Пипа. Од 2007 година стекнал и аргентинско државјанство, па сега има двојно државјанство.

Технички одлики Тој е "напаѓач за во шеснаесетникот", физички силен и вешт со двете нозе. И покрај тоа што во своја сопственост има добри технички средства, тој е повеќе конкретен отколку елегантен напаѓач. Склон е кон повлекување во средниот ред, со што придонесува во фазата на одбрана, опремен е со делотворен удар и голема визија за играта, што му овозможува исто така да биде клучен во нападот и како асистент за својте соиграчи. Во два збора може да се опише како динамичен и одлучувачки, но понекогаш до израз доаѓа неговата емотивност што му е главната слабост во играта.

Диего Марадона изјавил дека Игуаин по некои одлики е многу сличен на неговите сонародници Ернан Креспо и Габриел Батистута, дефинирајќи го како вешт напаѓач со многу брзи движења.

Кариера Почетоци и Ривер Плејт По враќањето од Франција со неговото семејство, Игуаин својте првите фудбалски чекори ги направил во екипата Атлетико Палермо, клубот од областа со истото име на Буенос Аирес, од каде што дошол во Ривер Плејт на возраст од 10 години.

Откако минал низ младинските категории во клубот, на возраст од 17 години тренерот Леонардо Астрада го повикал Игуаин да го направи своето деби со првиот тим, на 29 мај 2005, во поразот со 1-2 на домашен терен од Химназија Ла Плата на Монументал. Во овој дел од сезоната собрал уште три други настапи.

Малку бил користен од страна на следниот тренер на Ривер Плејт, Реиналдо Мерло, меѓутоа конечно нашол простор за игри во континуитет со доаѓањето на Даниел Пасарела на клупата на Ривер. Игуаин го постигнал својот прв професионален гол на 12 февруари 2006 година, во првенствената победа со 3-1 над Банфилд, а потоа постигнал два гола против Коринтијанс во Копа Либертадорес, решавачки за конечните 3-2 во корист на Ривер Плејт.

На 8 октомври 2006, Игуаин постигнал два гола во победата со 3-1 над Бока Хуниорс во Суперкласико дербито, пошто Пасарела изјавил дека Игуаин има "голема иднина" и дека му е "судено да биде мега ѕвезда". Во својата последна сезона (Торнео Апертура 2006) во Ривер тој постигнал 8 гола во 17 лигашки натпревари.

Реал Мадрид 2006-2009

Одлични игри во дресот на Ривер Плејт на Игуаин му носат трансфер во Европа на 14 декември 2006, само неколку дена по неговиот 19-ти роденден, Реал Мадрид по препорака на тренерот Фабио Капело целосно го откупил неговиот договор за 13 милиони евра, откако од Ривер ја одбиле претходната понуда од 10 милиони евра; Игуаин потпишал шест и пол годишен договор кој требало да стапи на сила од јануари следната година.

Своето деби за Реал Мадрид го направил на 11 јануари 2007 година, во првиот натпревар од осминафиналето на Купот на Шпанија против Реал Бетис, кој завршил со резултат 0-0, а Игуаин го одиграл целиот натпревар. Својот прв гол за кралевите го постигнал на 24 февруари, во градското дерби против Атлетико Мадрид, во ремито 1-1 на Висенте Калдерон. Три дена потоа дебитирал во врвното европско натпреварување, Лигата на шампионите, започнувајќи како стартер во натпреварот против Бајерн Минхен, во првиот круг од нокаут фазата во кој Реал Мадрид победил со 3-2. До крајот на сезоната постигнал само уште еден гол, но тој се покажал одлучувачки за победата над Еспањол со 4-3 на домашен терен во лигата, но исто така одлучувачки и за освојувањето на Реал Мадрид на шампионската титула во шпанското првенство.

Во следната сезона, со новиот тренер на Реал Мадрид Бернд Шустер, Игуаин се обидувал да најде континуитет во својте перформанси, затворен од Раул и Руд ван Нистелрој на позициите во нападот, германскиот тренер често го користел на погрешна позиција, велејќи: "не знам каде да го ставам", што доведува до сомнежи околу вистински квалитети и способности на играчот. На 4 мај 2008 освојува уште едно првенство забележувајќи 8 гола во 25 натпревари.

Со доаѓањето на клупата на Хуанде Рамос конечно успеал да најде простор за игри во континуитет и веднаш му се зголемила ефикасноста во бројот на постигнати голови. На 24 август 2008 година, го освоил Суперкупот на Шпанија против Валенсија и бил стрелец на четвртиот гол за Реал во реваншот во победата со 4-2 на Сантјаго Бернабеу. Во текот на сезоната 2008-2009, Игуаин ја искористил својата шанса благодарение на сериозната повреда на ван Нистелрој и успеал да ја зацврсти својата позиција на стартер во почетните единаесет на Реал Мадрид. На 26 октомври, ја постигнал својата прва допиета (два гола) во сезоната, придонесувајќи значајно за тешката првенствена победа над Атлетик Билбао на домашен терен со 3-2. На 8 ноември, за првпат во кариерата постигнал четири гола на еден натпревар во победата со 4-3 против Малага на домашен терен. Својата најдобра лична сезона по доаѓањето во Европа ја завршил со 22 гола и 9 асистенции во 35 натпревари, афирмирајќи се како најдобар стрелец на својот тим за сезоната.

2009-2011

За време на првенството 2009-2010 дошол чилеанецот Мануел Пелегрини како нов тренер на Реал Мадрид, со кој аргентинскиот напаѓач бил во добри односи. На 14 март 2010 постигнал хет-трик во победата на гости против Реал Ваљадолид со 1-4. На крајот на сезоната се потврдува како најдобар стрелец на Реал Мадрид за втора сезона по ред, со 27 гола, еден повеќе од новиот тимски колега Кристијано Роналдо, и седум помалку од најдобриот стрелец во лигата неговиот сонародник Лионел Меси, кој постигнал 34 гола. Во текот на целата сезона тој вкупно постигнал 29 гола во 40 натпревари во лигата и куповите, но неговиот тим останал уште една сезона без ниту еден трофеј.

На 7 јуни 2010 година го обновил договорот со Реал Мадрид до 2016 година, иако со доаѓањето на португалскиот тренер, Жозе Мурињо на клупата на Реал Мадрид, тој бил помалку користен во континуитет.

На 3 ноември 2010, влегол во историјата на шпанскиот клуб постигнувајќи го 700-тиот гол за Реал Мадрид во натпреварите од Лигата на шампионите против Милан, со што тие станале првиот тим кој успеал да ја достигне оваа бројка на постигнати голови. На 11 јануари 2011 бил подложен на операција за отстранување на дискус хернија, поради која бил надвор од акција за три месеци. Се вратил на терените на 2 април, играјќи во завршниот полчас од натпреварот против Спортинг Хихон во поразот на домашен терен со 0-1.Real Madrid vs. Sporting Gijón 0-1 us.soccerway.com На 20 април, иако не учествувал во финалето имал причини за славје, освојувајќи го својот прв наслов во Купот на Шпанија, по победата на Реал над Барселона во финалето со 1-0 по продолженија. Само три дена подоцна, Игуаин постигнал хет-трик против Валенсија во победата на гости со 3-6 на Месталја, а во истиот натпревар тој исто така и асистирал за други два гола кој ги постигнале Карим Бензема и Кака. Сезоната ја завршил со вкупно 13 гола во 25 натпревари во лигата и купот.

2011-2013

На 31 март 2012 година го постигнал својот 100-ти гол за Реал Мадрид, во победата со 5-1 на гости против Осасуна. На 21 април, со Реал Мадрид ја освоил титулата во Примера Дивисион за сезоната 2011-2012 - прва по три годишна пауза - после натпреварот во кој ја победиле Барселона со 2-1 на Камп ноу; трета лична титула "Првак на Шпанија" за Гонсало. Игуаин ја завршил сезоната со 22 постигнати гола во првенството, и го преземал местото во тимот како главен напаѓач за разлика од претходната сезона во која бил многу помалку користен од страна на Мурињо. Во текот на оваа сезона со Карим Бензема (кој постигнал 21 гол) и Кристијано Роналдо (46 гола) станале најплодното напаѓачко трио во историјата на Реал Мадрид и на Шпанската лига.

На почетокот на следната сезона, Игуаин бил стрелец во реванш натпреварот од Суперкупот на Шпанија против Барселона, во кој на домашен терен кралевите победиле со 2-1, и благодарение на правилото гол во гости го освоиле трофејот.

Во својата последна сезона во Реал Мадрид, Игуаин најчесто бил алтернатива на Карим Бензема за местото во нападот, меѓутоа и покрај тоа што бил стартер само во 19 натпревари успеал да постигне 16 гола во првенството. По шест и пол сезони поминати во Мадрид, шест освоени трофеи, 264 натпревари и 121 постигнат гол, Игуаин изразил желба да го напушти клубот во летото 2013.

Наполи На 27 јули 2013, Игуаин се преселил во Наполи, во трансфер вреден 37 милиони евра плус 3 милиони во бонуси. На презентацијата во клубот одбрал да го носи дресот со број 9.

Своето деби за Наполи го направил во натпреварот од италијанското првенство на домашен терен против Болоња на 25 август. Својот прв погодок за Наполи во Серија А го постигнал следната недела во победата на гости со 4-2 над Кјево. На 3 мај 2014 година го освоил својот прв трофеј со Наполи, победувајќи во Купот на Италија, откако во финалето одиграно на Стадионот Олимпико во Рим ја совладале Фјорентина со 3-1.

Јувентус thumb|left|220px|Игуаин во Јувентус во 2017 На 26 јули 2016 Игуаин бил купен од страна на Јувентус, за сума од 90 милиони евра што била клупски рекорд, потпишувајќи петгодишен договор со клубот од Торино. Неговиот трансфер станал најскапиот во историјата на Серија А и трет најскап во фудбалската историја. На својата презентација во клубот избрал да го носи дресот со број 9., кој останал слободен по заминувањето на Алваро Мората дваесеттина дена претходно.