Договорот од Лисабон (првично познат како Реформски договор) е меѓународна спогодба со која се изменуваат и дополнуваат двата договори кои ја сочинуваат уставната основа на Европската Унија (ЕУ). Договорот од Лисабон беше потпишан од страна на земјите-членки на ЕУ на 13. Декември 2007 година, а стапи во сила на 1. Декември 2009 година. Ги изменува и дополнува Договорот за Европската Унија (ДЕУ, познат и како Мастришкиот договор) и Договорот за основање на Европската заедница (TEC, познат и како Договорот од Рим). Во овој процес Договорот од Рим беше преименуван во Договор за функционирањето на Европската Унија (TFEU).
Значајните промени вклучуваат, преминот од услов за едногласност во гласање со двојно мнозинство во неколку области на политиката на Советот на министри, помоќен Европски парламент, бидејќи неговата функција за формирање на дводомна законодавна власт заедно со Советот на министри станува обична процедура, консолидиран правен статус на ЕУ и создавање на долгорочен Претседател на Европскиот совет и Висок претставник на Унијата за надворешни работи и безбедносна политика. Договорот, исто така, предлог-законот за правата на Унијата, Повелбата за фундаменталните права на ЕУ, ја направи правно обврзувачка.
Наведената цел на договорот е „да го заврши процесот започнат со Договорот од Амстердам [1997г.] и со Договорот од Ница [2001г.] со цел подобрување на ефикасноста и демократскиот легитимитет на Унијата и подобрување на доследноста на нејзиното дејствување.” Противниците на Договорот од Лисабон, како што е поранешниот дански член на Европскиот парламент (ЧЕП) Јенс-Петер Бонд, тврдеа дека тој ќе ја централизира ЕУ, и ќе ја ослаби демократијата со „оддалечување на власта” од националните електорати.
Преговорите за изменување на институциите на ЕУ почнаа во 2001 година, резултирајќи најпрво со Договорот за основање на Уставот на Европа, кој беше повлечен откако беше отфрлен од француските и холандските гласачи во 2005 година. По некои измени, Договорот од Лисабон беше предложен како амандман на постоечките Договори кој спроведуваше многу од реформите вклучени во Европскиот Устав. Првобитно требаше да биде ратификуван од страна на сите земји-членки до крајот на 2008 година. Оваа временска рамка не успеа поради отфрлање на Договорот во 2008 година од страна на ирскиот електорат, одлука која беше обратна на вториот референдум во 2009 година.
Историја
Историја на настанување
Потребата да се ревидира уставната рамка на ЕУ, особено во однос на пристапувањето на десетте нови земји-членки во 2004 година, беше истакната во декларацијата, додадена на Договорот од Ница во 2001 година. Спогодбите во Ница го отворија патот за понатамошно проширување на Унијата со реформирањето на гласачките процедури. Декларацијата Лаекен од декември 2001 година ја задолжи ЕУ за подобрување на демократијата, транспарентноста и ефикасноста, и го изнесе процесот за создавање на устав наменет да се постигнат овие цели. Беше основана Европската конвенција, со која претседаваше поранешниот француски претседател Валери Жискар Дестен, и ѝ беше дадена задача да советодава што е можно пошироко низ Европа со цел да се изготви првиот нацрт на Уставот. Конечниот текст на предлжениот Уставот беше договорен на самитот на 18-19. Јуни 2004 година, со кој претседаваше Ирска.
Уставот, откако беше договорено од страна на шефовите на владите на 25-те земји-членки, беше потпишан на церемонија во Рим на 29. Октомври 2004 година. Пред да може да стапи во сила, сепак, тој мораше да биде ратификуван од секоја земја-членка. Ратификацијата имаше различна форма во секоја земја, во зависност од традициите, уставните уредувања и политичките процеси на секоја земја. Во 2005 година, Франција и Холандија по пат на референдум го отфрлија Европскиот устав. Додека мнозинството на земји-членки веќе го ратификуваа Европскиот устав (најчесто преку парламентарна ратификација, иако во Шпанија и Луксембург се одржа консултативен референдум), поради барањето за едногласност да се изменат уставните договори на ЕУ, стана јасно дека тој не може стапи во сила. Ова доведе до „ период на размислување” и политички крај на предложениот Европски устав.
Нов поттик мини|50-годишнината од потпишувањето на Римските договори во летото 2007 година, во Берлин (Меркел и Баросо)
Во 2007 година, Германија го презеде ротирачкото Претседателство на Европската Унија и го прогласи период на размислување за завршен. До март, на 50-годишнината од потпишувањето на Римските договори, Декларацијата од Берлин беше усвоена од страна на сите земји-членки. Оваа декларација ја истакна намерата на сите земји-членки на време да се согласат за нов договор пред Парламентарните избори во 2009, што значи да имаат ратификуван договор пред средината на 2009 година.
Уште пред Берлинска декларација, Амато групата (официјално Акциониот комитет за европска демократија, АКЕД) - група на Европски политичари, со поддршка од страна на Комисијата на Баросо со двајца претставници во групата - неофицијално работела на препишување на Договорот за основање на Уставот на Европа (Уставот на ЕУ). На 4. Јуни 2007 година, групата го издаде својот текст на француски - скратен од 63.000 зборови во 448 статии во Договорот за основање на Уставот на Европа, на 12.800 во 70 статии. Во Берлинската декларација, водачите на ЕУ неофицијално поставија нова временска рамка за новиот договор:
21-23 јуни 2007: Состанок на Европскиот совет во Брисел, мандат за Меѓувладина конференција (МВК) 23. Јули 2007 година: Меѓувладина конференција во Лисабон, текстот за Реформскиот договор 7-8 септември 2007: Состанок на министрите за надворешни работи 18-19 октомври 2007 година: Европски совет во Лисабон, конечна спогодба за Реформскиот договор 13. Декември 2007: потпишување во Лисабон 1. Јануари 2009 година: Предвиден датум за стапување во сила
Изготвување на договорот
Европскиот совет во јуни
На 21. Јуни 2007 година, Европскиот совет составен од шефовите на држави или влади се состана во Брисел, за да се договорат за создавање на нов договор кој ќе го замени одбиениот Устав. Средбата се одржа во рамките на Германското претседателство со ЕУ, а предводник на преговорите беше канцеларката Ангела Меркел како претседател на Европскиот совет. Бидејќи обработувале и други прашања, како на пример донесување на одлука во однос на пристапувањето на Кипар и Малта во Еврозоната, преговорите за Договорот траеја сè до утрото на 23. Јуни 2007 година. Беше изјавено дека најтешкиот дел од преговорите било инсистирањето на Полска на „square root voting” во Советот на министри.
Договорот беше постигнат со мандат долг 16-страници за Меѓувладина конференција, кој предложуваше отстранување на голем дел од уставната терминологија и голем број симболи од текстот на стариот Европски устав. Покрај тоа, беше договорено на меѓувладината конференција да и се даде препорака дека одредбите од стариот Европски устав треба да се менуваат во одредени клучни аспекти (како што се процесите на гласање или надворешната политика). Поради притисокот од страна на Велика Британија и Полска, исто така, беше одлучено да се додаде протокол кон Повелбата за фундаменталните права на Европската Унија (појаснување дека таа не ги проширува правата на судовите да го отфрлат домашниот закон во Британија или во Полска). Меѓу конкретните промени се и поголемата моќ за изземање во одредени области на законската регулатива и дека предложениот нов систем на гласање, кој беше дел од Европскиот устав не би се користел пред 2014 година (види Одредби подолу).;
На средбата во јуни, произлезе и терминот „Реформски договор”, конечно разјаснувајќи дека е отфрлен Уставниот пристап. Во потесна смисла, беше договорено дека Реформскиот договор ќе ги измени и дополни Договорот за Европската Унија (ДЕУ) и Договорот за основање на Европската Заедница (TEC) за да опфатат поголем дел од одредбите на Европскиот устав, но сепак нема да ги соедини во еден документ. Исто така, беше договорено да се преименува Договорот за основање на Европската Заедница, кој е главниот функционален договор вклучувајќи ги повеќето од суштинските одредби на Европското основно право, во „Договор за функционирањето на Унијата”. Покрај тоа, беше договорено и дека за разлика од Европскиот устав каде Повелбата е дел од документот, сега само ќе постои повикување на Повелбата за фундаменталните права на Европската Унија која ќе го направи текстот правно обврзувачки. По советот, Полска посочи дека сака повторно да се разгледаат некои области. Во текот на јуни, полскиот премиер даде контроверзна изјава дека Полска ќе имала значително поголем број на население да не беше Втората светска војна. Друг проблем беше тоа што холандскиот премиер Јан-Петер Балкененде презеде поголема улога во процесот на донесување на одлуки во националните парламенти на ЕУ, и изјави дека нема да се преговара за Холандски договор.
Меѓувладината конференција
Португалија ја притисна и поддржа Германија да се постигне договор за мандат за Mеѓувладина конференција (МВК) под нивно претседателство. По јунските преговори и конечното решение со рамка од 16-страници за новиот Реформски договор, Меѓувладината конференција започна со вистинска подготовка на новиот договор на 23. Јули 2007 година. Меѓувладината конференција беше отворена со кратка церемонија. Португалското претседателство претстави документ од 145 страници (со дополнителни 132 страници од 12 протоколи и 51 декларација) насловен како Нацрт Договор за изменување и дополнување на Договорот за Европската Унија и Договорот за основање на Европската Заедница и го стави на располагање на мрежното место на Советот на министри, како појдовна точка за процесот на изготвување.
Во прилог на владините претставници и правни стручњаци од секоја земја-членка, Европскиот парламент испрати уште тројца претставници. Тоа беа козервативецот Елмар Брок, социјал-демократот Енрике Барон Креспо и либералот Ендру Даф.
Пред отворањето на Меѓувладината конференција, полската влада изрази желба повторно да преговара за спогодбата од јуни, особено за системот на гласање, но попушти под политичкиот притисок од страна на повеќето земји-членки, за да не се гледа на неа како на единствениот проблематичар во текот на преговорите.
Европскиот совет во октомври
Европскиот совет во октомври, предводен од португалскиот премиер, а потоа и Претседател на Европскиот совет, Жозе Сократес, беше составен од правни експерти од сите земји-членки кои внимателно го надгледуваа конечниот Нацрт Договор. За време на советот, стана јасно дека Реформскиот Договор ќе биде наречен Договор од Лисабон, затоа што неговото потпишување ќе се одржи во Лисабон, Португалија која беше носител на претседателството на Европската Унија во тоа време.
На состанокот на Европскиот совет на 18 и 19 октомври 2007 година во Лисабон, во последен момент беа направени неколку концесии за да се осигура потпишувањето на договорот. Тоа вклучуваше и давање на Полска малку поголемо право на изразување во однос на обновениот Јанински компромис, и плус номинација за дополнителен Генерален адвокат при Европскиот суд на правдата. Создавањето на постојан „полски” Генерален адвокат беше официјално дозволено со зголемувањето на бројот на Генерални адвокати од 8 на 11.Declaration on Article 222 of the Treaty on the Functioning of the European Union on the number of Advocates-General in the Court of Justice (pdf).
Потпишување на Договорот мини|Овластените претставници стојат пред Манастирот Јеронимос од 15-от век, местото каде беше потпишан договорот