Света Троица — главна манастирска црква на Велестовскиот манастир во охридското село Велестово.

Местоположба

Црквата е сместена во листопадна шума во еден дол, под самото село, од десната страна на патот кој води кон селото Велестово.

Историја

Изградена е на место на постар средновековен истоимен манастир, од семејство со потекло од селото Велестово.

Темелите се осветени во 1986 година, а била осветена на 21 јули 1989 година од страна на митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. Ктитори на манастирот се Наум и Благуна Митрески од село Велестово.

Галерија

Поврзано Велестово Дебарско-кичевска епархија Охридско архијерејско намесништво Деветта охридска парохија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Велестово Велестово Категорија:Велестовски манастир