TCP/IP-модел (Трансмисиски контролен протокол/Семрежен протокол) — описна рамка за сметачки мрежни протоколи создадена во 1970 година од страна на DARPA, агенција на Министерството за одбрана на САД. Моделот еволуирал од ARPANET, кој бил првиот светски широкопојасна мрежа и е претходник на семрежјето. TCP/IP-модел понекогаш се нарекува Семрежен модел или DoD-модел.
TCP/IP-модел, или Internet Protocol Suite, опишува множество на општи насоки за дизајн и имплементација на специфични мрежни протоколи за да се овозможи сметачите да комуницираат преку сметачка мрежа. TCP/IP обезбедува крај-крај поврзување и конкретизирање на тоа како треба да се форматирани податоците, адресирани, пренесени, насочени и примени на одредиштето. Протоколи постојат за различни типови на комуникациски услуги помеѓу компјутери.
TCP/IP-моделот има четири издвоени слоеви како што е дефинирано во RFC 1122. Оваа слојна архитектура често се споредува со седумслојниот Референтен модел OSI, користејќи термини како што e семрежен референтен модел. Сепак, ова е неправилно поради тоа што TCP/IP-моделот е описен, додека Референтниот модел OSI би требало да биде наменет за давање упатства, па оттука и се вика референтен модел.
TCP/IP-моделот и слични протоколи се одржуваат од страна на Специјалната единица за семрежно инженерство (IETF).
TCP/IP (Интернет протокол Suite) Апликациски слој BGP • DHCP • DNS • FTP • HTTP • IMAP • IRC • LDAP • MGCP • NNTP • NTP • POP • RIP • RPC • RTP • SIP • SMTP • SNMP • SSH • Telnet • TLS/SSL • XMPP • (повеќе) Транспортен слој TCP • UDP • DCCP • SCTP • RSVP • ECN • (повеќе) Интернет слој IP (IPv4, IPv6) • ICMP (ICMPv6) • IGMP • IPsec • (повеќе) Линк слој ARP/InARP • NDP • OSPF • Tunnels (L2TP) • PPP • MAC (Ethernet, DSL, ISDN, FDDI) • (повеќе) Клучни принципи на архитектурата Ран архитектонски документ, RFC 1122, го нагласува значењето на архитектонските принципи над слоевитоста. Крај-крај принцип: Овој принцип се развивал во текот на времето. Неговиот првобитен израз го ставал одржувањето на состојбата и целокупната интелигенција на краевите и претпоставувал дека интернетот што ги поврзува краевите се концентрира на брзина и едноставност. Меѓутоа, реалните потреби на светот од заштитни ѕидови, преведувачи на мрежни адреси, кеширање на веб содржини и слично го принудиле овој принцип на промени. Принцип на сила: "Во главно, имплементацијата мора да биде конзервативна во своето испраќачко однесување, и либерална во своето однесување при примање. Значи, мора да биде внимателна во испрќањето добро формирани датаграми, но мора да го прифати секој датаграм што може да го протолкува (на пр. не се противи на технички грешки каде што значењето е сè уште јасно)." "Вториот дел од принципот е речиси исто толку важен: софтверот на други домаќини може да содржи недостатоци поради кои не би било мудро да се искористат легалните но нејасни протокол одлики." Дури и кога слоевите се испитуваат, избрани архитектонски документи (не постои единствен архитектонски модел како ИСО 7498, OSI референтен модел) имаат помалку и помалку строго дефинирани слоеви од OSI моделот, и на тој начин овозможуваат полесно вклопување во вистинските светски протоколи. Всушност, еден документ на кој често се повикуваат, RFC 1958, не содржи многу слоеви.Недостатокот на истакнување на наслојувањето е силна разлика помеѓу IETF приодот и OSI приодот. Ова се однесува само на постоењето на "интернет слој" и, воопшто, на "горните слоеви", овој документ беше наменет како "слика" од 1996 на архитектурата: "Интернетот и неговата архитектура се израснаа на еволутивен начин повеќе од скромни почетоци, а не од некој голем план. Иако овој процес на еволуција е една од главните причини за успех на технологијата, сепак се чини корисно да зачува слика на тековните принципи на интернет архитектурата. " Документот RFC 1122, насловен како „Побарувања на Домаќинот“, е структуиран во вид на параграфи кои се однесуваат на слоевите. Меѓутоа, документот се однесува на многу други принципи на архитектурата, притоа не нагласувајќи го наслојувањето. Лабаво дефинира четири-слоен модел, со имиња на слоевите, а не бројки, како што се следниве: Апликациски слој (процес-процес): Ова е обемот во кој апликации создаваат кориснички податоци и ги разменуваат овие податоци со други процеси или апликации на друг или истиот домаќин. Комуникациските партнери често се нарекуваат пар. Овде работат протоколите од "повисоко ниво" како што се SMTP, FTP, SSH, HTTP, итн. Транспортниот слој (домаќин-домаќин): Транспортниот слој претставува мрежен режим помеѓу два мрежни домаќини, независно дали се на локална мрежа или на оддалечени мрежи разделени со насочувачи. Транспортниот слој обезбедува униформиран интерфејс за вмрежување, кој ја крие вистинската топологија (распоред) на основните мрежни врски. Овде постојат контола на проток, исправка на грешки поврзувачки протоколи, како на пример TCP. Овој слој се занимава со отворање и одржување на врски помеѓу интернет домаќини. Интернет слој (интернет): Интернет слојот има за задача размена на датаграми низ мрежните граници. Затоа е исто така познат како слојот со кој се воспоставува врска, и навистина, го дефинира и воспоставува Интернетот. Овој слој ги дефинира адресирачките и насочувачките структури кои се користат за TCP/IP протокол suite. Примарниот протокол во овој опсег е Интернет протоколот, кој ги дефинира IP-адресите. Неговата функција во насочувањето е да ги транспортира датаграмите до следниот IP насочувач кој има врска со мрежа која е поблиску до конечното одредиште на податоците. Линк слој (домаќин-до-мрежа): Овој слој ги дефинира методите на вмрежување со опсегот на линкот на локалната мрежа на кој домаќините комуницираат без посредство на насочувачи. Овој слој опишува протоколи кои се користат за опишување на топологијата на локалната мрежа и интерфејсите кои се потребни за да влијаат на преносот на датаграмите на Интернет слојот на следните соседни домаќини. (Сп. OSI слојот на податочната врска). Интернет протоколот Suite и дизајнот на множество од протоколи биле користени пред OSI моделот да биде воспоставен. Од тогаш, TCP/IP моделот се споредува со OSI моделот во книги и училници, што често резултира во конфузија, бидејќи двата модели користат различни претпоставки, вклучувајќи ја и релативната важност на строгото раслојување.
Слоеви на TCP/IP моделот Слоевите во близина на врвот се логично поблиску до корисничката апликација, додека оние кои се во близина на дното се логично поблиску до физичкиот пренос на податоци. Гледањето на слоевите како обезбедување или конзумирање на услуга е метод на апстракција да се изолира горниот слој протоколи од основните детали за пренесување на битовите, на пример, Етернет и детекција на колизија, додека пониските слоеви ја избегнуваат обврската да ги знаат сите детали на секоја апликација и нејзиниот протокол. Оваа апстракција исто така дозволува горните слоеви да обезбедат услуги кои пониските слоеви не можат, или избираат да не ги обезбедат. Повторно, оригиналниот OSI Референтен модел бил проширен за да вклучи услуги без врска (OSIRM CL). На пример, IP не е дизајниран да биде сигурен и е протокол за најдобар напор испорака. Ова значи дека сите имплементации на Транспортниот слој мора да изберат дали треба или не да се обезбеди сигурност и до кој степен. UDP обезбедува интегритет на податоците (преку проверка) но не гарантира испорака; TCP обезбедува и интегритет на податоците и гаранција за испорака (со постојано ретрансмитирање сè додека примателот не го признае приемот на пакет). На овој модел му недостасува формализмот на OSI референтниот модел и придружните документи, но IETF не користи формален модел и не го смета ова како ограничување, како што кажува во својот коментар, Давид Д. Кларк, "Одбиваме: кралеви, претседатели и гласање. Ние веруваме во: груб консензус и извршен код". Критиките на овој модел, кои се направени во однос на OSI Референтен модел, често не ги сметаат подоцнeжните ISO екстензии за тој модел. За повеќепристапни врски со сопствени адресни системи (на пример, Етернет) потребен е протокол за мапирање адреси. Ваквите протоколи може да се сметаат дека се под IP но над постојаниот линк систем. Додека IETF не ја користи оваа терминологија, ова е подмрежно зависен објект за конвергенција според продолжеток на OSI моделот, Внатрешната организација на мрежниот слој (IONL). ICMP и IGMP работат на врвот на IP но не пренесуваат податоци како UDP или TCP. Оваа функционалност постои како слој за управување со додатоците на OSI моделот, во својата рамка за управување (OSIRM MF) SSL / TLS библиотеката функционира над транспортниот слој (користи TCP) но под апликациските протоколи. Меѓутоа, од страна на дизајнерите на овие протоколи, немало намера да се усогласат со OSI архитектурата. Линкот овде е третиран како црна кутија. Ова е во ред за дискутирање на IP-адреса (бидејќи целата поента на IP е дека ќе работи на речиси ништо). IETF експлицитно нема намера да разговара за преносни системи, што е помалку академска, но практична алтернатива на ISO Референтен модел. Следново е опис на секој слој на TCP/IP мрежниот модел почнувајќи од најниско ниво. Линк слој (Мрежен пристап или Домаќин-Мрежа) Линк слој е мрежниот обем на локалната мрежна врска на која домаќинот е приклучен. Овој режим е наречен линк во интернет литературата. Ова е најнискиот составен слој од интернет протоколите, бидејќи TCP/IP е дизајниран да биде независен од хардвер. Како резултат на ова TCP/IP е имплементиран на врвот на речиси секоја хардверска мрежна технологија во постоење. Линк слојот се користи за движење на пакети помеѓу интерфејси на Интернет Слој на два различни домаќини на истиот линк. Процесите на пренесување и примање пакети на даден линк може да се контролираат во драјверот на софтверскиот уред за мрежната картичка, како и специјализирани множества од чипови. Овие ќе извршат податочни линк функции како додавање на еден заглавје пакет за да се подготви за пренос, а всушност рамката ќе биде пренесена преку физички медиум. TCP/IP моделот ги вклучува спецификациите за преведување на мрежните адресирачки методи кои се користат во интернет протокол за податочно линк адресирање, како што е Контрола на медиумски пристап (MAC), но сепак, сите други аспекти под тоа ниво се претпоставува дека имплицитно постојат во Линк слојот, но не се експлицитно дефинирани. Линк слојот е слој каде пакетите може да бидат избрани да бидат испратени преку виртуелна приватна мрежа, или друг мрежен тунел. Во ова сценарио, податоците на Линк слојот може да се сметаат за апликациски податоци кои преминуваат друга инстантација на множество IP за пренос или прием преку друга IP врска. Таква врска, или виртуелен линк, може да се воспостави со протокол за транспорт или дури и апликациски обем протокол кој служи како тунел во Линк слојот на множеството протоколи. Така, TCP/IP моделот не диктира строга хиерархиска херметичка низа. Интернет слој Интернет слојот го решава проблемот за испраќање на пакети низ една или повеќе мрежи. Оваа врска бара испраќање на податоци од изворната мрежа до мрежата која е одредиште. Овој процес се нарекува насочување. Во Интернет протоколот Suite, Интернет протоколот врши две основни функции: Адресирање на домаќинот и идентификација: Ова е постигнато со хиерархиски систем за адресирање (види IP-адреси). Насочување на пакети: Ова е основната задача на пренесување на пакети со податоци (датаграми) од изворот до одредиштето со нивно испраќање до следниот мрежен јазол (насочувач) кој е поблизок до конечното одредиште. IP може да носи податоци за голем број на различни протоколи од погорните слоеви. Секој од овие протоколи се идентификува со единствен број на протокол: на пример, Интернет протокол за контрола на пораки (ICMP) и Интернет протокол за групно управување (IGMP) се протоколи 1 и 2, соодветно.