мини|десно|Куче Куче или пес (Canis lupus familiaris) е припитомен подвид на сивиот волк, кучињата се цицачи од редот на Carnivora (ѕверови односно месојади). Кучето е припитомено од човекот и служи како негово милениче. Кучињата се доста интелигентни и освен што служат за домашно милениче тие служат и како чувари на домот и семејството од кое е одгледувано и сл. Според најновите истражувања се смета дека низ цел свет има околу 400 милиони кучиња.
Кучето се разввило во стотици различни раси. Мерено од гребенот на кучињата се има заклучено дека има кучиња од неколку инчи како на пример Чивавата па сè до кучиња со неколку стапки како Ирскиот Волчар. Бојата варира најчесто од бела до сива па сè до црна и од кафена до жолто-кафена (темна и светла). И крзното може да им биде доста кратко или пак доста долго, влакната може да им бидат од виткани до прави и мазни па сè до густи и рапавиThe Complete dog book : the photograph, history, and official standard of every breed admitted to AKC registration, and the selection, training, breeding, care, and feeding of pure-bred dogs. Publisher New York: Howell Book House, 1992. ISBN 0-87605-464-5
Физички одлики
Денешните кучешки раси покажуваат повеќе варијанти на големина, изглед и однесување повеќе од кое било друго домашно животно. Иако се далеку од нив, кучињата имаат малку сличности со своите предци, волците. Кучињата покрај сѐ се грабливци, што значи имаат остри заби и цврсти вилици за напаѓање, гризање и кинење на својата храна. Иако со текот на времето како што расите на кучињата сè повеќе се разликуваат сепак сите тие ги имаат истите основни одлики на нивните предци, сивите волци. Тие имаат и цврсти мускули, добри коски, циркулаторен систем кој ги поднесува и трчањето и жилавоста и заби за гризање и кинење.
Вид
Како повеќето цицачи, кучињата се дихромати и имаат црвено-зелен вид.A&E Television Networks (1998). Big Dogs, Little Dogs: The companion volume to the A&E special presentation, A Lookout Book, GT Publishing. ISBN 1-57719-353-9 (hardcover).Alderton, David (1984). The Dog, Chartwell Books. ISBN 0-89009-786-0. Различни видови на кучиња имаат различни облици и димензии на очите и исто така имаат и различни видови на мрежници на окото. Кучињата со долги носа имаат таканаречени видни линии кои поминуваат низ мрежницата на окото што им дава доста широко видно поле од каде имаат одлична визија, додека тие со пократки носа имаат таканаречени „area centralis“, централни делчиња кои имаат трипати подлабоки нервни завршетоци како тие на видните линии, што има дава подетален вид доста сличен на тој на човекот.
Некои раси, највеќе ’ртовите (загарите), имаат видно поле до 270° (споредувајќи го со видното поле од 180° како што е на човекот), а всушност некои раси поточно тие со пократки носа имаа помало видно поле, скоро 180°.
Прва Помош при гризнување од куче
Иако вообичаено гризнувањето на куче не е фатално по вашето здравје сепак потребно е да се пружи прва помош на секоја рана што е можно побрзо со цел да не се дозволи да дојде до инфекција.
Како да спречите инфекција?
При мала рана, гребнатинки кои не крварат измијте го гризнатото место со благ сапун и вода а потоа пребришете ја раната со чиста сува крпа. Доколку раната крвари претиснете ја раната со завој или чиста крпа. Откако ќе престане крварењето раната премачкајте ја со антибиотска маст и преврзете ја со чист завој.
Кога да се консултирате со доктор?
Доколку имате рана на вашето лице, нога или рака доколку раната зафаќа голема површина. Докторот ќе провери дали при гризнувањето дошло до оштетување на некој нерв, тетива или коска. Доколку се сомневате дека сте се здобиле со повреда на некој нерв, голем крвен сад, тетива или се сомневате дека имате скршена коска или било која друга сериозна повреда. Доколку раната покажува знаци на инфекција (црвенило, појава на гнојни подрачја, оток) или доколку по гризнувањето се појави треска.
Боја на крзно На сите кучиња бојата на крзното и крзното им се различни тоа зависи од влакната кои можат да бидат долги или кратки а некој може и да немаат влакна зависи какви се кучињата.
Кучето како тема во уметноста и во популарната култура Кучето се јавува како тема во бројни дела од уметноста и популарната култура.
Кучето како тема во книжевноста „Учителот и песот“ - суфиска приказна.Суфиски приказни. Скопје: Темплум, 2017, стр. 53. „Кучето и дервишите“ - суфиска приказна.Суфиски приказни. Скопје: Темплум, 2017, стр. 26. „Песот и куќата“ (српски: Пас и кућа) - српска народна приказна.Народне приповетке. Београд: Просвета, 1963, стр. 145. „Верните кучиња на грешка отепани“ - македонска народна приказна.Марко Цепенков, Три вреќи лаги. Скопје: Мисла, 1967, стр. 51-54. „Бесот стивна“ - расказ на уругвајскиот писател Марио Бенедети.Riba, patka, vodozemac: Priče o životinjama (Priredila Ljubica Arsić). Beograd: Laguna, 2014, стр. 59-63. „Плодност“ — кус расказ на австрискиот писател Томас Берхнард од 1978 година.Томас Бернхард, Имитатор на гласови. Скопје: Темплум, 2008, стр. 124. „Волците и кучињата“ - басна на американскиот писател Емброуз Бирс.Емброуз Бирс, Басни. Скопје: Темплум, 2016, стр. 18. „Кучето и шишенцето со мирисна вода“ - песна во проза на францускиот поет Шарл Бодлер.Charles Baudelaire, Spleen Pariza. Zgreb: Mladost, 1952, стр. 23. „Добрите кучиња“ - песна во проза на Шарл Бодлер.Charles Baudelaire, Spleen Pariza. Zgreb: Mladost, 1952, стр. 153-158. „Кучката“ — расказ на македонскиот писател Милко Бојковски.Милко Бојковски, Фотографии од пеколот. Скопје: Бегемот, 2017, стр. 8. „Кучешко срце“ - новела на рускиот писател Михаил Булгаков.Mihail Bulgakov, Pseće srce. Beograd: LOM, 2008. „Ники“ - роман на унгарскиот писател Тибор Дери од 1956 година.Tibor Deri, Niki – Priča o jednom psu. Beograd: Rad, 1988. „Палавото кутре“ — расказ за деца на македонскиот писател Киро Донев од 2013 година.Киро Донев, Приказни од куќичката на дрво. Скопје: Македоника литера, 2013, стр. 120-122. „Песна за кучката“ - песна на рускиот поет Сергеј Есенин од 1915 година.Антологија руске лирике – X-XXI век. Књига II: Прва четвртина – средина XX века (авангарда и социјалистички реализам). Београд: Paidea, 2007, стр. 159-160. „Петелот, кучето и лисицата“ - басна на старогрчкиот баснописец Езоп.Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу). Београд: Просвета, 1963, стр. 82. „Селанецот и кучињата“ - басна на Езоп.Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу). Београд: Просвета, 1963, стр. 88. „Кучето и петелот“ — басна на Езоп.Басни (избор). Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2009, стр. 7. „Кучето и неговата сенка“ - басна на Езоп.Езоп, Басне (по Доситеју Обрадовићу). Београд: Просвета, 1963, стр. 87. „Кучето со месо во устата“ — басна на Езоп.Басни (избор). Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2009, стр. 11. „Не трпи маска“ (српски: Не трпи брњицу) - песна на српскиот поет Јован Јовановиќ-Змај.Јован Јовановиħ Змај, Краљевина Лаждишажди. Београд: Просвета, 1963, стр. 72. „Никогаш мир“ (српски: Никад мира) - песна на Јован Јовановиќ-Змај.Јован Јовановиħ Змај, Краљевина Лаждишажди. Београд: Просвета, 1963, стр. 70-71. „Нашиот Белчо“ (српски: Наш Белота) - песна на Јован Јовановиќ-Змај.Јован Јовановиħ Змај, Краљевина Лаждишажди. Београд: Просвета, 1963, стр. 69. „Перо и неговиот Каро“ (српски: Пера и његов Каро) - песна на Јован Јовановиќ-Змај.Јован Јовановиħ Змај, Краљевина Лаждишажди. Београд: Просвета, 1963, стр. 67-68. „Шарко се одмаздил“ (српски: Шаров се осветио) - песна на Јован Јовановиќ-Змај.Јован Јовановиħ Змај, Краљевина Лаждишажди. Београд: Просвета, 1963, стр. 21. „Дабот и кучето“ - роман во стихови на францускиот писател Ремон Кено од 1937 година.Danilo Kiš, „Svojevrsna parodija francuske književnosti“, во: Rejmon Keno, Stilske vežbe. Beograd: Rad, 1977, стр. 124. „Претходен живот“ — краток расказ на македонскиот писател Жарко Кујунџиски.Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: Антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 259-260. „Што значи ав-ав“ — песна на македонскиот поет Васил Куноски.Васил Куноски, Песни. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 71. „Што му е“ — песна на Васил Куноски.Васил Куноски, Песни. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 87. „Еве како постанав куче“ (руски: Вот как я сделался собакоҋ) - песна на рускиот поет Владимир Мајаковски од 1915 година.Владимир Мајаковски, Песме и поеме. Нови Сад: Академска књига, 2015, стр. 50-51. „Дневникот на песот филозоф“ — расказ на рускиот писател Јуриј Мамлеев.Јуриј Мамлеев, Вампир-психопат, Темплум, Скопје, 2022, стр. 85-93. „Господарот и кучето“ - расказ на германскиот писател Томас Ман од 1919 година.Miloš Đorđević, „Novele Tomasa Mana“, во: Tomas Man, Tonio Kreger - Smrt u Veneciji. Beograd: Rad, 1963, стр. 138. „Кучекутре“ — краток расказ на македонскиот писател Шазим Мехмети.Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: Антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 135. „Џукела“ — кус расказ на македонската писателка Сања Михајловиќ-Костадиновска од 2018 година.Сања Михајловиќ-Костадиновска, (Бес)конечни модели на расказот. Скопје: Бегемот, 2018, стр. 114. „Згазено куче“ — кус расказ на македонската писателка Сања Михајловиќ-Костадиновска од 2018 година.Сања Михајловиќ-Костадиновска, (Бес)конечни модели на расказот. Скопје: Бегемот, 2018, стр. 121. „Кучето од бегот“ — расказ на македонскиот писател Ванчо Николески.Ванчо Николески, Приказни од моето село. Култура, Скопје, 1964, стр. 44-46. „Подвизите на кучето Шарко“ — расказ на Ванчо Николески.Ванчо Николески, Приказни од моето село. Култура, Скопје, 1964, стр. 86-92. „Зошто ловечкото куче го брка зајачето“ — расказ на Ванчо Николески.Ванчо Николески, Приказни од моето село. Култура, Скопје, 1964, стр. 56-58. „Двете кучиња“ — басна на Доситеј Обрадовиќ.Басни (избор). Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2009, стр. 30. „Кучето и волкот“ — басна на Доситеј Обрадовиќ.Басни (избор). Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2009, стр. 30-31. „Кучето и волкот“ — басна на Доситеј Обрадовиќ.Басни (избор). Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2009, стр. 31-32. „Руски ’рт“ (српски: Руски хрт) - збирка раскази на српскиот писател Милорад Павиќ од 1979 година.„Белешка о писцу“, во: Милорад Павић, Кутија за писање. Београд: Народна библиотека Србије, 2012, стр. 121. „Собир на кучињата во Кносос“ (српски: Zbor pasa u Knososu) - песна на српскиот поет Миодраг Павловиќ.Miodrag Pavlović, Izabrane pesme. Beograd: Rad, 1979, стр. 50. „Петтоглава вечерна сказна за куклениот цар со тиква празна врз празните сандаци од мармалад, за црното маче Мау-Мау и за беззабиот пес од плоштад“ — песна на македонскиот писател Видое Подгорец.Видое Подгорец, И сончогледите спијат. Скопје: Македонска книга, Детска радост, Култура, Мисла, Наша книга, 1990, стр. 80-83. „Џими“ - песна на рускиот поет Евгениј Рејн.Антологија руске лирике – X-XXI век. Књига III: Средина XX века – поч. XXI века (неомодернизам, неоавангарда, постмодернизам и нова трагања). Београд: Paidea, 2007, стр. 67-68. „Песната на кучињата“ - песна на унгарскиот поет Шандор Петефи.Šandor Petefi, Sloboda i ljubav. Beograd: Rad, 1969, стр. 67. „Кученце“ — песна на францускиот поет Жак Превер.Жак Превер, Чари велеграда. БИГЗ, Београд, 1972, стр. 168. „Кучешко“ - расказ на рускиот писател Захар Прилепин.Riba, patka, vodozemac: Priče o životinjama (Priredila Ljubica Arsić). Beograd: Laguna, 2014, стр. 171-182. „Кучешкото село“ — расказ на италијанскиот писател Џани Родари.Џани Родари, Приказни по телефон. Култура, Македонска книга, Мисла, Наша книга и Детска радост, Скопје, 1993. „Кученце“ - расказ на американскиот писател Џорџ Сондерс.Džordž Sonders, Deseti decembar. Beograd: Laguna, 2019, str. 35-46.