Најки (англиски: Nike), надвор од Америка познат како Најк — еден од главните снабдувачи на спортска облека и спортска опрема кој тргува јавно,и е со седиште во САД. Седиштето на компанијата е во близина на Бевертон, Орегон, кој е дел од метрополитенската област во Портланд. Тој е светски водечки снабдувач на спортски чевли и облека и главен производител на спортска опрема со приходи во износ поголем од 18.6 милијарди американски долари во 2008та фискална година (со крај на 31 мај 2008). Почнувајќи од 2008 година, Најк има повеќе од 30.000 вработени ширум светот. Најк и компанијата Прешн Кестпартс (Precision Castparts) се единствените компании со седиште во државата Орегон,кои се наогаат на листата Форџн 500 (Fortune 500) на списанието Форчн (Fortune) во согласност со списанието Орегониан (Oregonian).
Компанијата е основана во јануари 1964, како Блу Рибон Спортс (Blue Ribbon Sports) од Бил Боверман и Филип Најт, а официјално стана "Најк" во 1978 година. Компанијата го носи името Најк (грчки Νίκη се изговара [ni ː kɛ ː]), по грчката божица на победата. Најк ги продава своите производи под сопствениот бренд, како и Најк голф (Nike Golf), Најк Про (Nike Pro), Најк + (Nike +), Ер Џордан (Air Jordan), Најк Скејтбординг (Nike Skateboarding) и како и придружните марки, вклучувајќи ги Кол Хаан (Cole Haan), Харли Интернешнал (Hurley International), Умбро (Umbro) и Конверс (Converse). Наjk исто така беше сопственик на Бауер Хокеј (Bauer Hockey),(подоцна преименувана во Најк Бауер) помеѓу 1995 и 2008 година. Покрај производството на спортска облека и опрема, компанијата раководи со продавници за малопродажба под името Најктаун (Niketown). Најк спонзорира многу врвни спортисти и спортски екипи од целиот свет, со високо признаените трговски марки ‘Само направи го’ ("Just do it") и Swoosh логото.
Потекло и историја
Фирмата Најк, првично позната под името Блу Рибон Спортс (Blue Ribbon Sports), била основана од Филип Најт кој во 1962 година, како студент на бинзис школото во Стенфорд, напишал есеј за тоа како американските фирми можат да ја искористат јапонската технологија за да ја прекинат доминацијата на германските фирми во индустријата на спортски обувки. По дипломирањето, Најт и неговиот тренер Бил Боверман, во јануари 1964 година ја основале фирмата Блу Рибон Спортс, која првично функционирала како дистрибутер на јапонскиот производител на чевли Оницука Тајгер (Onitsuka Tiger) (сега ASICS).Jeff Madura, International Financial Management (ninth edition). Thomson South-Western, 2008, стр. 10.
Набзо, профитот на компанијата се зголемил и во 1966 година, БРС (BRS) ја отвори својата прва продавница на мало, сместена на булеварот Пико во Санта Моника, Калифорнија. Во 1971 година, соработката помеѓу БРС (BRS) и Оницука Тајгер (Onitsuka Tiger) се ближеше кон крајот. БРС (BRS) беше подготвен да ја лансира својата сопствена линија на обувки, која ќе го носи новото дизајнирано лого Ѕwoosh од Каролин Давидсон. Логото Ѕwoosh беше првпат употребено од страна на Најк во јуни 1971 година, и беше регистрирано во американската Канцеларија за патенти и трговски марки на 22 јануари 1974 година. Во 1972 година, БРС почнал да продава обувки во Канада, а две години подоцна започнал и извозот во Австралија. Во 1977 година, БРС склучил договори за лиценца со фабрики за обувки во Тајван и Јужна Кореја и така започнал да продава на азиските пазари. Конечно, во 1978 година, фирмата БРС го променила името во Најк и тогаш започнал извозот на патики во Европа и во Јужна Америка.
Првиот чевел за продажба во јавност кој го имал овој дизајн се фудбалските патики по име Најк, кои излегоа во продажба во текот на летото на 1971 година. Во февруари 1972 година, БРС (BRS) ја претстави својата прва линија на патики со името Најк, кое потекнува од името на грчката божица на победата. Илие Настасе бил првиот професионален спортист кој потпишал договор со БРС (BRS) / Најк. Како одминувало времето, спонзорирањето на спортистите станало клучна маркетиншка алатка на Најк.
Првиот производ на компанијата кој сами го дизајнирале е заснован на "вафли" дизајнот на Боверман. Откако универзитетот во Орегон, повторно ја пушти во употреба патеката во Хајвард Филд (Hayward Field),Боверман почна да експериментира со различни потенцијални ѓонови кои поефикасно ќе се лепат за новата патека од уретан. Неговите напори се исплатеа едно неделно утро, кога тој истури течен уретан врз тостерот за вафли на неговата сопруга. Боверман ја разви и ја обнови таканаречената "вафла" подлога која што се среќава во сега веќе добро познатите патки по име Вафл Треинер (Waffle Trainer) од 1974 година.
До 1980 година, Најк го достигна уделот од 50 % на пазарот во САД за спортски чевли, и компанијата се претстави во јавноста во декември истата година. Нејзиниот раст се должи во голема мера на рекламирањето преку принтови “word-of-fooot” (цитат од рекламен принт на Најк од доцните 1970-ти), наместо преку телевизиските реклами. Првата национална телевизиска реклама на Најк излезе во октомври 1982 за време на емитувањето на Њујоршкиот маратон. Рекламите беа направени од рекламната агенција Виден + Кенеди (Wieden + Kennedy),со седиште во Портланд која беше формирана неколку месеци претходно, во април 1982 година.
Заедно, Најк и Виден + Кенеди (Wieden + Kennedy) направија многу рекламни принтови и телевизиски реклами а агенцијата продолжува и ден денес да соработува со Најк. Токму соосновачот на агенцијата Ден Виден го измисли сега веќе познатиот слоган „Just do it“ за една рекламна кампања на Најк од 1988, која беше избрана од страна на Адвертајзинг Ејџ (Advertising Age) како еден од петте најдобри рекламни слогани на 20 век, и кампањата е зачувана во Смитсониан Институшн (Smithsonian Institution). Волт Стак од Сан Франциско беше дел од првата „Just do it“ реклама на Најк, која дебитираше на 1 јули 1988 година. Виден вели дека инспирацијата за мотото ја добил од последните зборови на Гери Гилмор, „Let’s do it“, пред да биде убиен. Во текот на 1980 година, Најк ја прошири својата линија на производство вклучувајќи многу други спортови и региони низ целиот свет.
Во 1992 година, продажбата на странските пазари на Најк достигнала една милијарда долари, а во 2007 година го достигнала нивото од седум милијарди долари.
Достигнувања
Почнувајќи од ноември 2008 година, Најк поседува четири клучни придружни компании: Кол Хаан (Cole Haan), Харли Интернешнал (Hurley International), Конверс (Converse Inc) и Умбро (Umbro). Првото достигнување на Најк беше здобивањето со елитната компанија за обувки Кол Хаан (Cole Haan) во 1988 година. Во февруари 2002 година, Најк ја купи компанијата за облека за сурфање Харли Интернешнал (Hurley International) од основачот Боб Харли. Во јули 2003 година, Најк плати 305 милиони американски долари за да се здобие со Конверс (Converse Inc), творците на легендарниот модел на патики Чак Тејлор Ол Старс (Chuck Taylor All Stars). На 3 март 2008 година, Најк се стекна со снабдувачот на спортска облека Умбро (Umbro), познат како производител на колекции за опремата на Англиската фудбалска репрезентација, во договор во вредност од 285 милиони фунти (околу 600 милиони американски долари). Други придружни компании претходно во сопственост на Најк, а потоа продадени од нивна страна се Бауер Хокеј (Bauer Hockey )и Стартер (Starter).
Производи
Најк произведува широк спектар на спортска опрема. Нивен прв производ беа атлетските патики. Тие во моментов, исто така, произведуваат и патики, дресови, шорцеви, дуксери итн. за широк опсег на спортови, вклучувајќи атлетика, бејзбол, хокеј на мраз, тенис, фудбал, лакрос, кошарка и крикет. Најк Еар Макс (Nike Air Max) е линија на патики на "Најк", за првпат изададена во 1987 година. Најновите дополнувања на нивната линија се Nike 6.0,Nike NYX и Nike SB патиките, наменети за скејтбординг. Најк неодамна претстави патики за крикет, познати како Еар Зум Јоркер ( "Air Zoom Yorker”),дизајнирани со цел да бидат 30% полесени од оние на нивните конкуренти". Во 2008 година, Најк ги воведе кошаркарските патики со високи перформанси Еар Џордан ХХ3 (Air Jordan XX3), дизајнирани според животната средина.
мини|Air Jordan патики
Најк продава широк асортиман на производи, вклучувајќи патики и облека за спортски активности како фудбал, кошарка, трчање, борбени спортови, тенис, американски фудбал, атлетика, голф, крос за мажи, жени и деца. Најк, исто така, продава патики за надворешни активности, како што се тенис, голф, скејтбординг, фудбал, бејзбол, американски фудбал, возење велосипед, одбојка, борење, навивање, водни активности, авто трки и за други спортски и рекреативни намени. Најк е добро позната и популарна марка во младинската култура, ‘сhav’ културата и хип-хоп културата како снабдувач со урбана модерна облека. Најк неодамна се здружи со Епл (Apple Inc.) за производството на Најк + производот којшто ја следи изведбата на тркачот преку радио уредот во чевелот кој е поврзан со Ај од нано (iPod nano). Додека производот генерира корисни статистики, тој беше критикуван од страна на истражувачите, кои успеаја да ги идентификуваат RFID уредите на корисниците од далечина од 18 метри користејки мали, дискретни обработувачи со сензор за безжична мрежа.
Во 2004 година, тие започнаа со SPARQ Програмата за обука .
Некои од најновите Најк патики содржат Флајвајр (FlyWire) и лунарлит (Lunarlite) пена. Ова се материјали кои се користат за да се намали тежината на многу видови на патики.
2010 Најк Про Комбат (2010 Nike Pro Combat) колекцијата на дресови ќе ја носат тимовите од Мајами, Алабама, Боис Стејт, Флорида, Охајо, Орегон Стејт, TКУ, Вирџинија Тех, Западна Вирџинија и Питсбург. Тимовите ќе ги носат овие дресови во клучните натпревари, како и во секое време кога атлетскиот оддел ќе го смета тоа за неопходно.
Седиште
Светското седиште на Најк се наоѓа во околина на градот Бевертон, но во рамките на округот на Вашингтон. Градот се обидел на сила да се спои со седиштето на Најк, што доведе до тужба од страна на Најк, како и лобирање од страна на компанијата што на крајот заврши во Сенатот на Орегон со тужба 887 во 2005 година. Според условите во тужбата,на Бевертон му е особено забрането присилно присоединување со земјата, која Најк и компанијата Колумбија Спортсвеар (Columbia Sportswear) ја заземаат во округот на Вашингтон за 35 години, додека Електро Су=иентифик Индустрис (Electro Scientific Industries) и Тектроникс (Tektronix) ја добија истата заштита за 30 години.
Производство
Најк има склучено договор со повеќе од 700 продавници низ целиот свет и има канцеларии сместени во 45 земји надвор од САД. Најголемиот број на фабрики се наоѓаат во Азија, вклучувајќи ги Индонезија, Кина, Тајван, Индија, Тајланд, Виетнам, Пакистан, Филипини, и Малезија. Компанијата Најк е колеблива за откривање на информации за договорните компании со кои работи. Но, поради остри критики од некои организации како Корпвач (CorpWatch), Најк откри информации за фабриките со кои има договор во нивниот Извештај за корпоративно управување.
Грижа за Човекови права
Најк беше критикуван за склучување договори со фабрики во земји како Кина, Виетнам, Индонезија и Мексико.Активистичката група Виетнам Лејбор Вач (Vietnam Labour Watch), има документирано дека фабриките со кои има договор Најк ги прекршиле законите за минимална плата и прекувремено работење во Виетнам дури од 1996, иако Најк тврди дека оваа практика е укината. Компанијата беше предмет на многу критики поради често лошите работни услови и експлоатацијата на евтината странска работна сила во слободните трговски зони, каде што нивните производи обично се произведуваат. Изворите за оваа критика ги вклучуваат книгата на Наоми Клајн Без Лого (No Logo) и документарците на Мајкл Мур.
Најк беше критикуван и за реклами, кои се однесуваат на еманципирањето на жените во САД, додека во пракса во фабриките од Источна Азија ангажираат жени кои не се така еманципирани.