Ерусалимски собор или Апостолски собор — црковен собор кој се одржал во градот Ерусалим, во периодот околу 50 година. На овој собор се собрале Дванаесетте апостоли, заедно со Павле од Тарс и неговите истомисленици. Соборот е опишан во Глава 15 од книгата „Дела на светите апостоли“ во Новиот завет, и се верува дека се одржал некаде од 48 до 50 г.

На овој собор биле донесени многу важни решенија за новата хртистијанска религија. Било решено дека Крштевањето е доволно за примање на христијанството, на новите верници им било порачано дека не мораат да се држат само по законите на Мојсеј, вклучувајќи ги и правилата во врска со обрежување на мажите. Податоци околу овој собор и неговите одлуки се наоѓаат во Делата апостолски, како и во посланието на Павле кон Галатјаните.

Поврзано Дела 15

Категорија:50 Категорија:Ранохристијански собори Категорија:Христијанството во 1 век Категорија:Христијанско право Категорија:Христијанска теологија Категорија:Христијанството во Ерусалим Категорија:Христијанството и јудаизмот Категорија:Еврејско-христијански теми Категорија:Христијански поими Категорија:Ранохристијански контроверзии Категорија:Дела на светите апостоли