Знамето на Јужен Судан е официјалното знаме на овој регион и бил усвоен како резултат на Споразумниот мировен договор со кој се ставил крајот на Втората суданска граѓанска војна. Ова знаме, претходно, било користено како знаме на Суданското Народно Ослободително Движење. Знамето е слично со знамето на Кенија и е составено од три еднакви големи хоризонтални ленти и две мали хоризонтални ленти. Големите ленти во црвена, црна и зелена боја, додека малите се во бела и се под и над црвенат лента. На прицврстениот дел има син триаголник со златна петокрака. Црната боја го симболизира јужносуданскиот народ, белата мирот, црвената ја симболизира крвта пролеана за слобода, зелената ја симболизира почвата, сината го симболизира Нил, а Ѕвездата од Витлеем го симболизира единството на државите во Јужен Судан.Sudan - parties and political groups
Наводи
Поврзано Грб на Јужен Судан Химна на Јужен Судан Јужен Судан Знаме на Судан
Категорија:Национални симболи на Јужен Судан