Мадејра (португалски: Madeira) или официјално Автономен Регион Мадејра (Região Autónoma da Madeira) — португалски архипелаг во Атлантскиот Океан, кој се наоѓа на помалку од 400 километри северно од Тенерифе, Канарски Острови. Мадејра воедно е назначен како најоддалечениот регион на Европската Унија. Мадејра е една од двата автономни региони на Португалија, другиот регион е соседната островска група наречена Азори. Архипелагот е составен од островските групи: Мадејра, Порто Санто, Пусти Острови и Дивјачки Острови.
Мадејра била повторно пронајдена во 1419 година од португалските морепловци кои биле во службата на принцот Д. Енрике (Енрике Морепловецот), а ја населиле по 1420 година. Овој архилепаг се смета за првото територијално откритие во времето на португалскиот период на откритија.
Денеска Мадејра е едно од најпопуларните светски одморалишта, чии знаменитости се виното „Мадејра “, цвеќињата и рачната изработка, везилското занаетчиство, како и новогодишните прослави проследени со претстави со спектакуларни огномети (според Гинисовата книга на рекорди во Мадејра се случила една од најдолгите новогодишни прослави). Главното пристаниште кое се наоѓа во Фуншал е едно од најважните места на кое допираат сите трговски и трансатлантски патнички крстарења помеѓу Европа, Карибите и Северна Америка.
Историја
thumb|200px|десно|Кула изградена во готски стил во 15-иот век - катедрала во Фуншал.
Истражување
Плиниј во своето дело спомнува т.н. „Виолетови острови“, чија положба е слична на Канарските Острови, но сепак може да се однесува и на островите на Мадејра. Плутарх спомнувајќи го воениот командант Квинт Серториј (72 п.н.е.) и неговото враќање во Кадис:
„…се вели дека се два острови одделени со еден многу тесен проток и се оддалечени 10 000 милји од Африка. Се нарекуваат Островите на Благословените“.
Измерената оддалеченост од Африка (1.250милји/2.000км), и близината на двата острова одговара на позицијата на островите на Мадејра и Порто Санто.
Легенда
Постои романтична приказна за двајца вљубени, Роберт Машим и Ана Арфе, во времето на владеењето на англискиот крал Едвард III. Во 1346 година, бродот на кралот пловејќи од Кралството за Франција наишол на бура и скршнал од својата насока. Нивниот брод удрил во брегот на некој остров за којшто се верува дека бил Мадејра. Подоцна, оваа приказна била искористена за именување на еден од градовите на Мадејра. Градот го добил името Машико по името на момчето од приказната во спомен на младите љубовнициNicholas Cayetano de Bettencourt Pitta, 1812, p.11-17.
thumb|десно|200px|Статуа на Жоао Гонзалвес Зарко
Откритиja
Познато е дека постоеле сознанија дека постојат Азорите како и островите на Мадејра, и тоа многу порано пред откривањето на овие земји и нивното населување бидејќи островите се појавуваат во мапите во почетокот на далечната 1339 година. Според постоечките факти кои датираат од 1351 година зачувани во Фиренца, Италија, островите на Мадејра биле откриени многу порано пред официјалниот датум на „повторното пронаоѓање“ на Мадејра од страна на португалските бродови. Во Книгата на знаења (Libro del Conocimiento 1348-1349), шпанскиот калуѓер ја идентификува локацијата на островите со сегашната локација на островите на Мадејра.
Официјално во 1418 година, двајца капетани под управа на Енрике Морепловецот, Жуаун Гонсалвеш Зарку и Тристан ваз Тејкејра, наишле на бура, скршнале од патеката и отпловиле до остров кој тие го нарекле Порту Санту (англиски: Holy Harbour или Свето Пристаниште), името ѝ го дале поради нивната благодарност и спасот од можниот бродолом. Следната година била испратена организирана експедиција под раководство на капетаните Зарку и Ваз Тејкејра заедно со капетанот Бартоломеу Перестрелу во потрага по новата земја, за да го заземат островот и истиот да му припадне на Португалското Кралство. Последователно на ова, новите доселеници забележале статичен темен облак на југозапад Nicholas Cayetano de Bettencourt Pitta, 1812, p.20 кој го истражиле и на тој начин го пронашле најголемиот остров на МадејраThe discoveries of Porto Santo and Madeira were first described by Gomes Eanes de Zurara in Chronica da Descoberta e Conquista da Guiné. (Eng. version by Edgar Prestage in 2 vols. issued by the Hakluyt Society, London, 1896–1899: The Chronicle of Discovery and Conquest of Guinea.) Arkan Simaan relates these discoveries in French in his novel based on Azurara's Chronicle: L’Écuyer d’Henri le Navigateur, published by Éditions l’Harmattan, Paris..
Населување
Првите колонизациски населувања на островите започнале околу 1420 или 1425 година. Првите населувања ги предводеле тројца главни капетани, а биле преселувани нивните почитувани фамилии, мала група благородници, луѓе од пониските класи и извесен број затвореници кои биле носени на островот за да ја обработуваат земјата. За да се здобијат со минимални услови за развивање на земјоделството, тие морале да исечат дел од густата лаворова шума и да изградат канали, бидејќи во некои делови од островот имало огромни количини вода, а во другите биле сушни. Во текот на овој период, половина од доселениците се хранеле со риби, растенија и овошја кои ги имало на некои почисти парцели од земја. Најпрвин, колонистите започнале да произведуваат пченица за нивна основна егзистенција, но подоцна кога почнале да се произведуваат поголеми количини пченица тие започнале да ја извезуваат во континентална Португалија.
Во септември 1433 година, првпат започнало да се појавува името на островот Мадејра (или островот на дрвото) на првите документи и мапи. Островот го добил името поради големите и густи лаворови шуми.
Меѓутоа, кога започнало да опаѓа производството на житните култури, принцот Енрике Морепловецот бил принуден да насади и други житни растенија. Засадувањето на шеќерна трска, а подоцна и на сицилиската шеќерна репка им овозможило производството на т.н. „слатка сол“ која во Европа била позната како шеќер и претставувала многу популарен зачин, меѓутоа ја имало во мали количини. Овие специјализирани растенија заедно со индустриската технологија направиле една од најголемите револуции на островите и ја развиле португалската индустрија. Експанзијата на шеќерните плантажи во Мадејра започнала во 1455 година, користејќи советници од Сицилија и била финансирана од капиталот од Џенова (шеќерните плантажи биле составен дел од економијата на островот сè до 17 век). Пристапноста на Мадејра ги привлекувала трговците од Џенова и Фландрија кои ги заобиколувале венециските монополи.
До 1480 година Антверпен (Анверс) имал околу седумдесет бродови кои биле задолжени за трговијата со шеќер во Мадејра, а шеќерот бил рафиниран и дистрибуиран во Антверпен. Околу 1490 година, Мадејра го надминува Кипар во производството на шеќер
Производството на шеќерна трска бил примарен двигател на економијата на островот, со што се зголемувала и потребата од работна сила. Робовите биле искористувани да ја одгледуваат шеќерната трска, и поради недостатокот од работна сила биле увезени уште робови па бројот на робовите достигнал 10% од населението во Мадејра до 16 векGodinho, V. M. Os Descobrimentos e a Economia Mundial, Arcádia, 1965, Vol 1 and 2, Lisboa.'.
Во 1617 година, алжирските пирати, кои ги држеле во заробеништво христијаните по должината на средоземните брегови, заробиле 1.200 мажи и жени во Порто СантоFernando Augusto da Silva & Carlos Azevedo de Menezes, "Porto Santo", Elucidário Madeirense, vol. 3 (O-Z), Funchal, DRAC, p. 124."Christian Slaves, Muslim Masters: White Slavery in the Mediterranean, the Barbary Coast and Italy, 1500–1800". Robert Davis (2004). p.7. ISBN 1-4039-4551-9.. По 17 век, кога производството на шеќер се проширило во Бразил, Саун Томе и Принсип и пошироко, најважниот производ во Мадејра станало виното. Британците ја окупирале Мадејра во текот на Наполеоновите војни, пријателската окупација започнала во 1807 година, а завршила во 1814 година кога островот ѝ бил вратен на Португалија.
Потоа, по смртта на кралот на Португалија Жуан IV, неговиот син, лихварот Мигел од Португалија ја презел власта од вистинскиот наследник, неговата внука Марија II, и се прогласил себеси за „апсолутен крал“, Мадејра била на страна накКралицата и давала отпор под водството на Жозе Травасос Валдез сè додека Мигел не ѝ пратил експедитивна сила која ја поразила одбрана на Мадејра. Валдез бил принуден да отплови во Англија под надзор на Кралската морнарица (во септември 1828 година).
Прва светска војна
Во Првата светска војна Португалија најпрвин била нападната во Мадејра на 3 декември 1916 година кога германската подморница, SM u-38, предводена од Макс Валентинер го нападнала пристаништето во Фуншал во Мадејра и торпедирал и потонал 3 брода, CS Дачија (1.856 тони), Кенгур (2.493тони) и Изненадување (680 тони) . Командантот на францускиот воен брод Изненадување и 34 од нивниот екипаж (7 Португалци) погинале при овој напад. Британскиот брод Дачија кој лежел закотвен, претходно бил на военото поле во Казабланка и Дакар, бил во процес на пренасочување на Германците кон Брест, Франција. По нападот на бродовите, Германците продолжиле да го бомбардираат Фуншал уште цели два часа во оддалеченост од 2 милји. Меѓутоа, артилеријата на Мадејра го возвратила огнот и Германците биле принудени да се повлечат.
На 12 декември 1917 година, две германски подморници, SM U-156 и SM U-157 (предводени од Макс Валентинер) повторно го бомбардирале Фуншал, Мадејра. Овој пат нападот траел околу 30 минути.) Биле фрлени четиринаесет 4,7 инчни и 5,9 инчни гранати. Имало 3 жртви и 17 ранети. Исто така, голем број куќи и црквата Св. Клара биле погодени. Последниот император на Австроунгарското Кралство Чарлс I, по неговиот неуспешен државен удар во Унгарија, бил протеран во егзил во Мадејра. Тој таму починал на 1 април 1922 година и бил закопан во Монте. Во 1917 година Чарлс I се обидел да влезе во мировни преговори со Франција. Исто така, неговиот министер за надворешни работи Отокар Чернин бил заинтересиран за преговори за мир меѓутоа тој предлагал преговори во кои била вклучена и Германија. Поради тоа, императорот преговарал заедно со неговиот зет во Франција, Принцот Сикст од Бурбон-Парма, офицер во белгиската армија кој бил во улога на посредник и отишле многу подалеку во нивната намера за прогласување на мирот. Кога во 1918 година се појавиле информации за ваквата постапка на императорот, тој ги отфрлил обвинувањата на што францускиот премиер Жорж Клемансо бил принуден да ги покаже документите потпишани од страна на императорот. Поради тоа, Чернин поднел оставка доведувајќи ја Австроунгарија во уште понезавидна позиција во однос на навидум погрешниот сојузникThe New York Times, Nov. 6, 1921 (accessed 4 May 2009).
Автономија
На 1 јули 1976 година, веднаш по демократската револуција во 1974 година, Португалија ѝ доделила политичка автономија на Мадејра. Овој датум е познат во историјата на Мадејра како Денот на Мадејра. Регионот се стекнал со свој парламент и законодавен совет.
Положба на островот Физичка положба
235px|лево|thumb|Внатрешноста на Мадејра околу Курал дас Фреирас 235px|лево|thumb|Долгата песочна плажа Вила Балеира, Порто Санто 235px|лево|thumb|Морскиот гребен Салвагем Пекена, Дивјачки Острови 235px|лево|thumb|Зајдисонце на далечните Пусти Острови