Идот, егото и суперегото се трите дела на психичкиот апарат дефинирани според Фројдовата теорија на личноста; тоа се трите теориски сочинители според чија активност и интеракција е опишан менталниот живот. Според психичкиот модел, идот е збир од расфрлани инстинктивни наклоности, егото е организираниот реален дел, додека суперегото ја игра улогата на морален и критички судија. Иако моделот сам по себе е “структурен” и упатува на “апарат”, идот, егото и суперегото се повеќе функции на умот отколку делови на мозокот и не секогаш во потполност се совпаѓаат со вистинските соматски структури на оној модел кој се третира во неврологијата. Самите концепти се јавуваат во подоцнежниот стадиум во развојот на мислата на Фројд: струкурниот модел беше за првпат разгледан во есејот од 1920 г. “Beyond the Pleasure Principle", a три години подоцна беше формализиран и обработен во "Егото и идот”. Фројдовиот предлог беше под влијание на повеќезначноста на термионот “несвесно” и многуте негови спорни примени. Ид

Идот го сочинува неорганизираниот дел од личноста кој е воден од основните нагони. Идот се однесува согласно со “принципот на задовослтвото” сакајќи да ја заобиколи болката или незадовослството предизвикани од порастот на инстинктивната напрегнатост. Идот по дефиниција е несвесното : “Тоа е темното,непристапно место во нашата личност и она малку што го знаеме за него е она што сме го научиле преку истаржување на нашата “сонувачка работа” и од составот на невротичните симптоми и најголемиот дел од сето тоа е негативен и го опишува како контраст на егото. Ние му пристапуваме на идот по аналогија: го именуваме со хаос, котел каде кркорат страстите... Исполнет е со енергија која доаѓа од инстинктите без никаква организираност или заедничка волја, само порив за задоволување на инстиктивните потреби кои се предмет на приципот на задоволството. Во идот “спротивните импулси работат рамо до рамо, без меѓусебно да се исклучуваат... Не постои нешто во идот кое би можело да се спореди со негирање ...не постои нешто што би се совпаднало со поимот за време”

Развојно, идот е претходник на егото или со други зборови психичкиот апарат со раѓањето започнува со идот и дел од него подоцна се развива во структурно его. Или идот: “…содржи сè што е наследно, дадено како подарок при раѓањето, и како што е пропишано – пред сè инстинктите, кои водат потекло од соматската организација и кои за првпат психички доаѓаат до израз тука (во идот) во за нас непознати облици.”

Умот на новороденчето се смета за целосно водено од страна на идот, претставувајќи смеса од инстинктивни нагони и импулси,имајќи потреба веднаш да биде задоволено,поглед кој го поистоветува новороденчето со поединец воден од идот-честопати хумористично претставено по оваа аналогија: дигестивен тракт без никаква одговорност во кој било поглед.

Идот е одговорен за нашите основни нагони “ не познава никакви вредности: ниту добро,ниту зло, никаков морал...Инстинктивни катези со потреба за празнење-тоа,според нас, е се она од што идот е составен. Се смета за огромен резервоар на либидото, инстиктивниот нагон да се создава- животните инстинкти кои се од суштинска важност за пријатен опстанок. Заедно со животните инстинкти доаѓаат и инстинктите на смртта – деструктивната склоност која Фројд ја проучил релативно доцна во неговата кариера во “ хипотезите на инстинктите на смртта чијашто задача е да го врати органскиот живот назад во безживотна состојба” Според Фројд “инстинктот на смртта на овој начин се испрзанува- иако само во поглед на- деструктивен инстинкт надвор од правилата на надворешниот свет и другите организми-преку агресија. Фројд сметал дека “идот,личноста во целост...оригинално е составена од сите инстиктивни импулси ...исто така и деструктивниот инстинкт,како и Ерос и инстинктот на животот.

Его

Егото се води според принципот на реалноста т.е се труди да ги задоволи нагоните на идот на начин прифатлив за реалноста од кој ќе имаме долгорочна корист наместо нанесување на болка.Во исто време Фројд признава дека како што егото “тежнее да посредува меѓу идот и реалноста честопати е принудено да ги прикрива несвесните наредби на идот со сопствените свесни заклучоци, да ги прикрие конфликтите на идот со реалноста, да се изразува...да биде свесно за реалноста дури и тогаш кога идот останува крут и непоколеблив. Егото е составено од оној организиран дел од структурата на личноста што вклучува одбранбени,перцептивни, интелектуално-когнитивни и извршни функции. Свесноста е сместена во егото, иако не сите дејства на егото се свесни... Во вистинска смила на зборот Фројд го користел терминот его за да го означи “јас”,но подоцна го поправил во збир на психолошки функции како што се расудување, трпеливост, испитување на реалноста, контрола, планирање, одбрана, синтеза на информации, интелекутално функционирање и меморија. Егото го одделува реланото. Ни помага да си ги средиме мислите за да ни имаат смисла на нас и на светот околу нас. Егото е оној дел од идот кој под директно влијание на надворешниот свет бил изменет ... Егото го претставува она кое би можело да се нарече разум и смисла, му се спротивставува на идот, во кој тлеат страстите...неговата врска со идот е како онаа на мажот качен на коњ,кој треба да ја процени врвната моќ на коњот, со мала разлика:јавачот го прави споменатото со тестирање на сопствената сила,додека егото се служи со позајмена сила. Уште полошо “им служи на тројца строги господари...надворешниот свет, суперегото и идот. Неговата задача е да пронајде рамнотежа помеѓу примитивните нагони и реалноста притоа задоволувајќи ги и идот и суперегото. Негова главна грижа е безбедноста на поедоинецот и дозволува да се исполнат некои од желбите на идот, но само доколку последиците од тоа се неважни.

Така егото, водено од идот, ограничено од суперегото,одбиено од реалноста, се бори...со цел да ги усогласи силите и влијанијата кои работат во него и на него,така што лесно“пламнува во неспокојство –реално неспокојство земајќи го предвид надворешниот свет, морална загриженост во поглед на суперегото, и невротичниот неспкој земајќи ја предвид силата на страстите на идот. Мора да даде се од себе да им угоди на трите иако на ваков начин е во постојан страв од предизвикување на незадоволство кај другите две страни. Меѓутоа се верува дека егото му е поверно на идот, претпочитајќи само површно да помине преку попријатните делови од реалноста за да ги намали конфликтите “преправајки се дека има обзири за реалноста”. Меѓутоа суперегото постојано ги надледува сите потези на егото казнувајќи ги со чувство на вина,неспокој и инфериорност. За да го надмине ова егото применува одбранбени механизми. Одбранбените механизми не се дадени директно,ниту свесно. Тие ја намалуваат напнатоста со прикривање на нашите импулси кои претставуваат закана. Одбранбените механизми на егото се често користени од егото кога реакциите на идот доаѓаат во конфликт со реалноста и општествениот морал и норми или со очекувањата на поединецот како резултат на всадување на овој морал, на нормите и нивните табуа. Негирање, истиснување, интелектуализација, фантазија,надоместување,предвидување, рационализирање, оформување на реакции, регресија, потиснување, сублимација беа одбранбените механизми идентификувани од Фројд. Меѓотоа неговата ќерка Ана Фројд ги појасни и установи концептите на “неправење”(кога поединецот се труди да не направи нешто кое што е морално неприфатливо), потиснување, дисоцијација(издвојување), идеализирање, идентификување, инверзија, соматизација, разделување и замена.

Во модерниот анлиски јазик,егото има многу значења. Може да значи самодоверба на поединецот, преувеличување на сопствената вредност или според филозофијата сопственото јас. Развивањето на егото е познато како развивање на повеќе процеси, когнитивните функции, одбранбеност и интерперсоналните способности или како процес во раната адолесценција кога се разјаснуваат функциите на егото.

Суперего

Фројд го развил својот концепт за суперегото од претходна комбинација на идеалот за егото и “ посебна психичка сила која извршува задача на осигурување на нарцистичкото задоволство од идеалот на егото...она што го нарекуваме нашата “совест”. Според ова “ вградувањето на суперегото може да биде опишано како успешно препознавање со силата-родител и како што развојот продолжува “ суперегото потпаѓа под влијание на оние кои ја презеле улогата на родители- образовни работници, учители, луѓе поставени како вистински узори. Суперегото се стреми кон совршенство.Се состои од оној организиран дел од структурата на личноста, главно но не целосно несвесен, којшто ги вклучува его идеалите на личноста, духовните цели и психичкиот фактор (обично наречен “ совест”), кој ги критикува и забранува неговите или нејзините нагони, фантазии, чувства, дејствувања. На суперегото се гледа како на тип на совест која го казнува лошото однесување со чувство на вина. На пр. Водење на прељубнички живот

Суперегото работи спротивно од идот. Дејствува во согласност со општествените норми, додека идот тежнее кон моментално задоволување на желбите. Суперегото ги контролира нашите осети за добро,лошо и чувството на вина. Ни овозможува да се прилагодиме на општеството со тоа што не тера на општествено прифатливо однесување. Барањата на суперегото се спротивни на оние на идот, така што на егото му припаѓа тешката задача на изнаоѓање на компромис помеѓу овие два “огна”.

Теоријата на Фројд наведува дека суперегото е симбол на усојување на фигурата на таткото како и културните прописи. Суперегото е вообичаено спротивставено на желбите на идот поради нивните спорни цели и неговата агресивност кон егото. Суперегото има улога на совест , одржувајќи го будно нашето чувтсво за морал како и забраната на табуата. Суперегото и егото се производ на два клучни фактори : состојбата на безпомошност на детето и Едиповиот комплекс. Неговото создавање игра улога во разрешавање на Едиповиот комплекс и се создава преку препознавање и усвојување на фигурата на таткото веднаш откако малото момче не може повеќе да гледа на мајката како предмет на обожување заради страв од скопување (кастрација).

“Суперегото го задржува карактерот на таткото, додека помоќниот Едипов комплекс подлегнува на негово потиснување (под влијание на авторитети, религиското учење, образувањето и читањето), подоцна доминира суперегото над егото – во форма на свест или пак можеби на несвесно чувство на вина. -“Идот и егото”(1923год.)-Сигмунд Фројд

Концептот за суперегото и за Едиповиот комплекс е многупати критикуван поради неговиот воочлив сексизам. Жените, кои се сметаа за веќе кастрирани, не се идентификуваат со таткото така да за Фројд “ нивното суперего не е толку непопустливо, непристрасно и независно во своите емоционални корени како што е кај мажите...нивните расудувања се честопати подложни на влијанието на чувтсвото за наклоност или пак непријателство. Тој продолжил да го менува својот став сè до оној на “поголемиот дел од мажите доста заостануваат зад идеалот на машкоста и сите човечки суштества како резултат на нивната бисексулана предисопозиција и на вкрстеното наследство, прават смеса од машки и женски карактерстики.

Во делото “Цивилизацијата и нејзините незадоволства”(1930), Фројд го објаснува концептот на “културно суперего”. Тој меѓу другото предложува барањата на суперегото “ да се совпаднат со наредбите на подоминантното културно суперего. Двата процеси, оној на културното развивање на групата и другиот на културното развивање на поединецот секогаш се преплетуваат по ова прашање. Етичноста е клучниот сегмент во желбите на културното суперего, но Фројд (како аналитичен моралист) се противел на концептот на она што тој го нарекувал “ непсихолошките записи на културното его ... етичките побарувања на суперегото. Не им придава многу значење на фактите за менталната градба на човечките суштества.

Предностите на структурниот модел