Флитвуд Мек се британско-американска група формирана во 1967 година во Лондон. Единствениот оригинален присутен член во групата е нејзиниот истоимен тапанар, Мик Флитвуд. Покрај тоа што основачот на групата Питер Грин ја именуваше групата комбинирајќи ги презимињата на двајца од неговите поранешни колеги од групата(Флитвуд, Мек Ви) од „John Mayall & the Bluesbreakers“, басистот Џон Мек Ви не свиреше ниту на нивната прва песна ниту на нивните први концерти. Клавијатуристката, Кристин Мек Ви, до денес, се појави на сите освен на два албума, како член или како сесиски музичар. Таа исто така ги направи илустрациите за албумот Килн Хаус.

Двата најуспешни периоди за групата беа за време на британскиот блуз бум во доцните 60-ти години, кога беа предводени од гитаристот Питер Грин, и од 1975 до 1987, со повеќе поп-ориентација, заедно со Кристин Мек Ви, Линдзи Бакингем и Стиви Никс. Групата уживаше поскромен успех во периодот помеѓу 1971 и 1974, со поставата која го вклучуваше Боб Велч, а исто така за време на 90-тите години кога се случија повеќе промени во составот пред враќањето на Никс и Бакингем во 1997, а неодамна, заминувањето на Кристин Мек Ви.

Историја

Создавање и рани години (1967–1970) Флитвуд Мек беа формирани во 1967 во Лондон кога Питер Грин ја напушти британската блуз група Џон Мајал Блузбрејкерс. Грин го замени гитаристот Ерик Клептон во Блузбрејкерите, и беше прифатен со воодушевување за неговата работа на нивниот албум А Хард Роуд. Откако некое време беше во Блузбрејкерс, Грин се запраша дали Мик флитвуд би можел да го замени Ејнсли Данбар. Грин беше во две групи со Флитвуд—„Питер Бис Лунерс" а потоа „Шатган Експрес“ (во која пееше млад вокалист Род Стјуарт). Џон Мајал се согласи и Флитвуд стана член на групата.

Блузбрејкерс сега беа составени од грин,Флитвуд, Џон Мек Ви и Мајал.Мајал му подари на Грин слободно време за снимање, во кое Флитвуд, Мек Ви и Грин снимија пет песни.Петтата песна беше инструментална која грин ја именуваше според ритам-секцијата, „Флитвуд Мек“. Грин контактираше со Флитвуд за да формираат нова група. Двајцата очајнички го сакаа Мек Ви на бас гитара и дури ја именуваа групата „Флитвуд Мек“ со цел да го намамат. Сепак, Мек Ви се одлучи да одбере сигурна работа со Мајал отколку да биде непознат во нова група. Во меѓувреме Питер Грин и Мик Флитвуд се здружија со талентираниот гитарист Џереми Спенсер и басистот Боб Брунинг, којшто би ја напуштил групата под услов Мек Ви да се придружи. Верзијата на групата-Грин, Флитвуд, Спенсер, Брунинг го имаше својот прв настап на 13 август 1967 година на Виндзор Џез енд Блуз Фестивал. По неколку недели од овој настан, Џон Мек Ви се согласи да стане басист на групата.

Првиот албум на Флитвуд Мек, Флитвуд Мек, беше блуз албум со најнеопходен комфор и беше издаден од музичката куќа Блу Хорајзон во февруари 1968. Всушност на албумот немаше други музичари (освен за песната „Лонг Греј Мер“, која што беше снимена кога Боб Брунинг беше во групата). Албумот беше успешен во Обединетото Кралство, достигнувајќи 4-то место иако немаше синглови на него.Групата наскоро издаде два синглови „Блек Меџик Вуман“ (подоцна голем хит за Сантана) и „Нид Јор Лав Соу Бед“.

Вториот албум на групата, Мр.Вондерфул, беше издаден во август 1968. Како и првиот и овој беше комплетно блуз албум, но овојпат направија неколку измени. Албумот се снимаше во живо со микрофони на засилувачите и со ПА систем, отколку да бидат вклучени во таблата. Овој метод ја овозможи идеалната околина за создавање на ваков стил на музика и ѝ даде автентичен класичен звук. Тие исто така додадоа и хорни и вклучија пријател на бендот на клавијатури, Кристин Перфект од Чикен Шек.

Кратко по издавањето на својот втор албум Флитвуд Мек го додадоа во нивниот состав гитаристот Дени Кирван, кој тогаш имаше само 18 години. Грин беше фрустриран од тоа што Џереми Спенсер имаше малку желба да придонесе за песните на Грин.Зрел и искусен самоук гитарист,препознатливото вибрато на Кирван и уникатниот стил даде нова димензија на веќе комплетната група. Со Кирван групата до издаде својот прв број еден сингл во Европа, „Албатрос“. Тоа време го издадоа својот втор американски албум Инглиш Роуз, кој содржеше половина од Мр. Водерфул, нови песни од Кирван, и нивниот трет европски албум наречен Пиу Бирд оф Гуд Омен којшто беше збир од синглови и избор од соработката на групата со Еди Бојд.

Кога групата отиде во САД во јануари 1969 година тие снимија многу песни во Чес Рекордс студиото кое набрзо требаше да се затвори,со некои блуз легенди од Чикаго вклучувајќи ги Вили Диксон, Бади Гај и Отис Спен. Сепак, ќе се покаже дека ова се последните целосно-блуз снимки. Заедно со својата промена на стилот групата исто така ги менуваше и музичките куќи. До овој момент тие беа со Блу Хорајзон. Сепак, со Кирван во групата, музичките можности беа преголеми за нив за да останат во само-блуз музичка куќа. Групата потпиша со музичката куќа Имидиет Рекордс и ја издадоа „Мен оф д Ворлд“, уште еден британски и европски хит сингл. За Б-страната Спенсер ги водеше Флитвуд Мек како „Ерл Винс енд д Валијантс“ и ја снимија „Самуанс Гона Гет Дејр Хед Кикд Ин Тунајт“, отелотворувајќи ја порапавата рокенрол страна на групата. Имидиет Рекордс беше во лоша состојба и групата побара нов договор. Иако дури и Битлси сакаа групата да снима со Епл Рекордс (Мик Флитвуд и Џорџ Харисон баџанаци) менаџерот на групата, Клифорд Дејвис се одлучи да снимаат со Ворнер Брос Рекордс (Реприз), музичката куќа со која оттогаш останаа досега.Нивниот прв албум за Реприз, издаден во септември 1969, беше доброоценетиот Ден Плеј Он. Американското издание на овој албум ја содржи песната „О Вел“, обележана доследно со настапи во живо од времето на нејзиното издавање потоа преку 1997 и повторно почнувајќи во 2009 . Ден Плеј Он, којшто беше првиот рок албум на групата,содржеше песни само од Кирван и Грин. Во меѓувреме Џереми Спенсер сними соло албум (беше придружуван од остатокот од групата) кој се состоеше од многу рокенрол песни со стил од 50-тите години.

Во јули 1969 година Флитвуд Мек беа предгрупа на Тен Јирс Афтер на музичкиот фестивал Шафер во Волман Ринк во Њујорк. Повторно се појавија на фестивалот во 1970. Флитвуд Мек беа крајно популарна група во Европа во тоа време. Сепак, Питер Грин, фронтменот на групата, имаше лошо здравје. Земаше ЛСД во Минхен, што придонесе за почеток на неговата шизофренија.

Германскиот автор и режисер Раинер Лангханс во својата автобиографија спомнува дека тој и Уши Обермаер се сретнале со Питер Грин во Минхен, каде што го поканиле во својата „Хај-Фиш-Комуна“. Тие не беа всушност заинтересирани за Питер Грин. Тие само сакаа да стапат во контакт со Мик Тејлор: Лангханс и Обермаер посакаа да организираат „Бавариски Вудсток“. Сакаа Џими Хендрикс и Ролинг Стоунс да бидат главни ѕвезди на нивниот Бавариски фестивал под отворено небо. Ним им беше потребен „Богот Грин“ само за да дојдат во контакт со Ролинг Стоунс преку Мик Тејлор.

Последниот хит на Грин со Флитвуд Мек беше „Грин Маналиши“ (најпрвин снимена во Бостонската чајанка во февруари 1970, а подоцна снимена од Џудас Прист). Менталната состојба на Грин се влоши и тој сакаше сите пари од групата да ги даде во добротворни цели. Некои од останатите членови на групата не се согласија и следствено на тоа Грин реши да ја напушти групата. Неговиот последен настап со Флитвуд Мек беше на 20 мај 1970 година. За време на тој настап групата го надмина определеното време и напојувањето беше прекинато. Мик Флитвуд продолжи да удира по тапаните.

Транзициона ера (1970–1975) На Кирван и Спенсер им остана задачата да го пополнат местото на Питер на нивните настапи и снимања. Во септември 1970 година Флитвуд Мек го издадоа Килн Хаус. Песните на Кирван ја променија насоката на групата кон рок од 70-тите. Во меѓувреме придонесите на спенсер се фокусираа на повторно создавање на кантри одѕвонувањето „Сончев Звук“ од доцните 50-ти години. Кристин Перфект,која се откажа од музичкиот бизнис по еден неуспешен соло албум, даде придонес за Килн Хаус, пеејќи придружни вокали,и цртајќи ја насловната корица за албумот. Бидејќи Флитвуд Мек напредуваа и развиваа нов звук, побараа од Перфект да се придружи во групата. Тие исто така издадоа и синглови во тоа време: „Драгонфлај“, „Парпл Денсер“ во Британија и во некои европски земји. Покрај добрите забелешки во печатот, синглот не беше успешен и Б-страната беше реиздадена само уште еднаш, на Реприз Само-на-германски „Најдоброто од“ албумот, правејќи ја една од нивните најнепознати песни.

Кристин Перфект се омажи со басистот Џон Мек Ви и го имаше својот прв настап со групата како Кристин Мек Ви на Бристол Универзитетот во мај 1969 година кога ги напушти Чикен Шек. Таа имаше успех со класиката на Ета Џејмс, „Ајд радер гоу блајнд“,и двапати беше избрана за најдобар женски изведувач на годината во Англија. Кристин Мек Ви за првпат свиреше како официјален член на 6 август 1970 година во Њу Орлеанс. Колумбија Рекордс, кои сега го поседуваа Блу Хорајзон (освен во САД и Канада) издадоа албум од претходно необјавен материјал од оригиналните Флитвуд Мек наречен Оригиналниот Флитвуд Мек. Албумот беше релативно успешен,а групата изгледаше како повторно да се здобива со популарност.

Додека беа на турнеја во февруари, 1971, Џереми Спенсер рече дека ќе оди да „земе списание“, но никогаш не се врати. По неколку дена очајничко барање, групата откри дека Спенсер се придружил на религиска група, Божји Деца. Задолжени за преостанатите настапи од турнејата, тие го убедија Питер Грин да им помогне да ја довршат турнејата. Тој го донесе неговиот пријател, Најџел Вотсон, кој свиреше на конга (25 години подоцна Грин и Вотсон повторно соработуваат и ја оформуваат Питер Грин Сплинтер Груп). Сепак, Грин се врати во Флитвуд Мек привремено, така што групата одлучи да побара нов гитарист. Летото 1971 групата одржа аудиции за гитарист во нивниот голем дом на село „Бенифолд“, кој го купија пред турнејата Килн Хаус. Пријателка на групата по име Џуди Вонг го препорача нејзиниот пријател од средно, Боб Велч,кој тоа време живееше во Париз. Групата се стретна неколкупати со Велч и одлучи да го ангажира, без всушност да свират со него или да слушнат некои од неговите снимки.

Во септември 1971 година, групата го издаде Фјучур Гејмс. Овој албум беше сосема различен од она што претходно групата го направила до тој момент. Имаше многу обожаватели во Америка кои стануваа се позаинтересирани за групата. Во Европа СИ БИ ЕС го издаде првиот пакет на Флитвуд Мек, Најдобрите Хитови, кој претежно се состоеше од песни на Питер Грин, иако имаше една песна од Спенсер и една од Кирван.

Во 1972 година, 6 месеци по издавањето на Фјучур Гејмс, групата го издаде добропримениот албум Бер Трис. Бер Трис ја содржеше „Сентиментал Лејди“ на Велч, која ќе биде уште поголем хит за него кога ќе ја сними повторно за неговиот албум Френч Кис, придружуван од Мик Флитвуд, Кристин Мек Ви и Линдзи Бакингем, за соло албум. Исто така, ја содржеше „Спер ми а литл оф јор лав“, весела мелодија од Кристин Мек Ви која стана главна на настапите на групата во живо во првата половина на 70-тите години. За разлика од работата во студио, групата имаше проблеми со настапите во живо. Дени Кирван стана зависник од алкохол и се оддалечи од Велч и сопружниците Мек Ви. Флитвуд Мек одлучија дека немаат друг избор освен да го отпуштат Кирван, откако ја скрши својата Лес Пол Кастом гитара, одби да излезе една ноќ на сцена, и ја критикуваше групата.