Оваа статија е за деловни корпорации. За други значења, погледнете Корпорација (појаснување).

Корпорација е бизнис здружение, пријавено како посебен правен субјект со свои овластувања и обврски кои се разликуваат од оние на нејзините членови. Постојат многу различни форми на корпорации, од кои повеќето се користат за водење бизнис.

Корпорациите се производ на Законот за трговски друштва чии правила ги балансираат интересите на оние кои управуваат со корпорациите, доверителите, акционерите и вработените кои придонесуваат со својот труд.

Важна (но не и општа) одлика на една корпорација е ограничената одговорност. Ако една корпорација пропадне, акционерите единствено ризикуваат да ги изгубат своите инвестиции, вработените да ги изгубат своите работни места, но никој не е одговорен за долговите на доверителите на акционерското друштво.

Иако не се физички лица, според законот, корпорациите имаат права и обврски како физички лица (“луѓе”). Корпорациите можат да ги користат човековите права против поединци и државата, и се често одговорни за повреда на човековите права.Исто како што се “раѓаат”, преку добивање дозвола за основање на нејзините членови, така можат и да “умрат” со “распуштање” на истите со законска постапка, судски налог или доброволно, од страна на акционерите на корпорацијата. Стечај може да води кон “смрт” на корпорацијата кога доверителите, со помош на судски налог, бараат ликвидација и распуштање на корпорацијата, но најчесто резултира со преструктуирање на истите. Корпорациите дури можат да бидат осудувани за кривични дела, како што се измама и убиство.

Иако Законот за трговски друштва се разликува во различни правосудства, постојат четири основни одлики на деловните корпорации:

Статус на правно лице Ограничена одговорност Преносливи акции Централно управување од страна на Одбор на директори

Историја Главни статии: Историја на корпорациите и список на најстари компани. мини|

Зборот “корпорација” потекнува од “corpus” , латински збор што значи тело или “човечко тело”. Субјекти кои вршеле дејност и имале законски права, биле пронајдени на територијата на Стариот Рим и на античка Индија, за време на владеењето на Империјата Маурија.Во средовековна Европа, црквите и локалните власти се обединувале во корпорации, како што бил случајот со Папата и градот Лондон. Поентата на ваквите здружувања била дека тие би опстоиле подолго од животниот век на секој посебен член, засекогаш. Наводно најстарата корпорација на светот, Стура Копарберг, рударска заедница од Фалун, Шведска, стекнала привилегии од кралот Магнус Ериксон во 1347. Многу европски народи ги овластувале корпорациите како што се холандската источно-индиска компанија или на компанијата Хадсон Беј да управуваат со колонијалните ризици, кои корпорации играле огромна улога во историјата на корпоративниот колонијализам.

За време на колонијалната експанзија во 17 век, вистинските предци на современата корпорација се појавиле како “овластени компанија”. Дејствувајќи во рамките на овластувањето одобрено од страна на холандскиот монарх, холандската источно-индиска компанија (VOC) ги поразила португалските сили и се лоцирала на молуканските острови со цел да профитира од европската побарувачка за зачини. На инвеститорите на VOC им биле издадени сертификати како доказ за заедничка сопственост и биле во можност да тргуваат со акции на оригиналната берза во Амстердам. На акцонерите, исто така, им била гарантирана ограничена одговорност во Кралското овластување на компанијата. Во последните години 18 век, Стјуард Кид, авторот на првата расправа за Закон за трговски друштва на англиски јазик, ја дефинирал корпорацијата како:

Збир на многу поединци обединети во едно тело, со определен назив, со непрекинливо работење според одредена форма, определена со политиката на законот, со способност за дејствување како поединец, особено во земање и доделување на имот, во однос на договорните обврски, со можност да тужи и да биде тужена, да ужива во заеднички привилегии и имунитети и да остварува на различни политички права, повеќе или помалку пространа, зависно од обликот на својата институција или од овластувањата што ги има таа врз неа, било во времето на нејзиното создавање или во кој било подоцнежен период на своето постоење.

Меркантелизам Видете уште: меркантилизмот и „ Меурот на Јужно Море “ мини|Обврзница издадена од страна на холандската источно индиската компанија, која датира од 1623 во вредност од 2.400 флорини

Именувани како “најголемо општество на трговците во универзумот” од страна на современиците и историчарите, Британската источно-индиска компанија почнува да го симболизира богатиот потенцијал на корпорацијата и новите методи на работење кои се како брутални, така и експлоатирачки. На 31 декември, 1600 година, англиската монархија и доделила петнаесетгодишен монопол врз трговијата во и од Источна Индија и Африка. До 1611 година, акционерите на Источно-индиската компанија заработувале речиси 150 % повратна добивка од своите инвестиции. Последователните пласирања на акции биле доказ за тоа колку се зголемила профитабилноста на компанијата. Со првото пласирање на акции во 1613-1616 се зголемил капиталот на компанијата за 418.000 долари, а со првата понуда во 1617-1622 за 1,6 милион долари.

Во САД, владиното овластување излегло од мода во средината на 19 век. Во тоа време, Законот за трговски друштва се фокусирал на заштита на јавните интереси, а не на интересите на акционерите на корпорациите. Корпоративните овластувања биле тесно регулирани од страна на државите. За формирање на корпорација бил потребен акт донесен од страна на законодавно тело. Генерално, инвеститорите морале да имаат еднаков удел во корпоративното управување и од корпорациите се барало усогласување на работата со целите наведени во нивните договори. Многу приватни претпријатија го избегнувале корпоративниот модел од овие причини (Ендрју Карнеги ја започнал својата работа со челик како командитно друштво, а Џон Д. Рокфелер ја поставил “Стандард Оил” како фонд). Конечно, владите на државите почнале да сфаќаат дека со донесување на потолерантни закони за корпорации, ќе се зголемат даноците за регистрирање на корпорации. Њу Џерси била првата држава која усвоила “овластувачки” Закон за трговски друштва со цел да привлече повеќе бизниси во државата. Делавер била следна, и наскоро станала позната како земја која е најпријателски настроена кон корпорациите откако Њу Џерси почнала да ги зголемува даноците за корпорациите. Откако ја сфатила грешката, Њу Џерси ги намалила даноците, но тогаш веќе било предоцна; дури и денес повеќето главни, јавни корпорации во САД се поставени под законот на Делавер.

До почетокот на 19 век, владината политика на двете страни од Атлантикот почнала да се менува, како одраз на растечката популарност на тврдењето дека корпорациите се иднината на економијата. Во 1819 година, Врховниот суд на САД усвоил премногу закони кои претходно не биле препознавани или уживани. Статутите на корпорациите се сметале за “неприкосновани” и дека не се предмет на произволна измена или укинување од страна на државната власт. Корпорацијата како целина била прогласена за “вештачко лице” кое поседува поединечност и бесмртност.

Во речиси исто време, британското законодавство на сличен начин ги ослободувало корпорациите од историските ограничувања. Во 1844 британскиот парламент го донел Законот за акционерски друштва, со кој на компаниите им било дозволено да се обединуваат без кралско овластување или одлука од Парламентот. Десет години подоцна, ограничената одговорност, клучната одредба на современиот Закон за трговски друштва, била усвоена во англискиот закон: како одговор на зголемениот притисок од новонастанатите капитални интереси, Парламентот го усвоил Законот за друштва со ограничена одговорност во 1855, поставувајќи го принципот дека секоја корпорација би можела да ужива законска ограничена одговорност, едноставно со регистрирање како “ограничена” компанија со соодветно владино посредништво.

Ова го поттикнало месечното списание “Економист” да напише дека “Можеби никогаш не беше доволно жестоко и општо барано промена чија важност беше толку преценета” Неточноста на вториот дел од критика, била признаена повеќе од 75 години подоцна ,од страна на истиот магазин, кога се тврди дека “за економски историчар на иднината, можеме да му дадеме почесно место на непознатиот изумител на ограничената одговорност заедно со Ват и Стивенсон и други пионири на Индустриската револуција ”.

Современи корпорации

На крајот на 19 век, Шермановиот антитрустовски закон (Њу Џерси), дозволува формирање на велепоседнички друштва и интегрирање што резултира со поголеми корпорации со дисперзирани акционери.(Видете Модерната корпорација и приватна сопственост ). Добро познатата одлука на округот Санта Клара против јужните тихоокеански железници почнала да влијае врз создавањето на политиката со што започнала современата корпоративна ера.

Во дваесеттиот век имало ширење на овластувачки закон низ светот, кој придонел за економскиот напредок на многу држави, пред и по Првата светска војна. Почнувајќи од 1980, многу држави со големи корпорации во државна сопственост, почнале со приватизација, продажба на јавни услуги и претпријатија на корпорации. Дерегулација (намалување на регулирањето на корпоративна активност) често ја придружува приватизацијата како дел од политиката за ослободување од државна интервенција. Друга поголема промена после војната се однесувала на развојот на конгломерати, каде поголемите корпорации купувале помали компании со цел проширување на нивната индустриска база. Јапонските претпријатија развиле хоризонтален модел на конгломерати, keiretsu, кој подоцна бил применуван и во други држави.

Закон за трговски друштва Главна статија: Закон за трговски друштва

За постоење на една корпорација, потребна е посебна правна рамка и законско тело кои на корпорацијата и даваат статус на правно лице, со што корпорацијата се смета за фиктивно,правно или морално лице (спротивно на физичко лице). Вообичаено, статутите на корпорациите ги овластуваат истите да поседуваат имот, да потпишуваат обврзувачки договори и да плаќаат даноци надвор од оние кои ги плаќаат нејзините акционери( кои понекогаш се нарекуваат “членови”). Според канцеларот Халденј,

...Корпорација е апстрактна појава. Паметна е исто колку што е тешка; следствено, нејзината активна и управувачка волја мора да се бара во некое лице кое навистина го режира умот и волјата, егото и идентитетот на корпорацијата.

Правното лице има две економски импликации. Прво, им дава предност на доверителите( спротивно на акционери или вработени) над средствата на корпорацијата при лликвидација. Второ, корпорациските средства не можат да бидат повлечени од страна на нејзините акционери, ниту пак од страна на личните доверители на акционерите.За второто наведено, потребно е посебно законодавство и посебна правна рамка, така што не можат да репродуцирани стандардно договорно право.

Најповолните прописи на основање содржат: