Герман Каравангелис () — грчко духовно лице, патријаршијски митрополит во Костур, еден од пионерите на грчката вооружена пропаганда во Македонија.
Животопис
Рани години
Роден е под името Стилианос Каравангелис (Στυλιανός Καραβαγγέλης) во селото Стипси на островот Лезбос во 1866 година, но во 1868 година семејството му се преселило во Адрамити во Мала Азија, каде што израснал.
Во 1888 година ја завршил Богословијата во Халки, а бил хиротонисан е за ѓакон под името Герман по што заминал да учи теологија и филозофија во Лајпциг и Бон.
Во 1891 година се вратил во Цариград и почнал да предаваа во Халки. По четири години станал епископ на Пера и работел за неутрализирањето на француската пропаганда.
Костурски митрополит
мини|десно|250п|Каравангелис со турски офицери. Фотографија на Леонидас Папазоглу.десно|мини|250п|„Костурскиот грчки митрополит, кајмакамот и воен. комендант“.
Во 1900 година Каравангелис бил поставен за патријаршиски митрополит во западномакедонскиот град Костур.
Таму Каравангелис станал еден од пионирите на Грчката вооружена пропаганда во Костур и почнал да соработува со Елиномакедонскиот комитет како и со Павлос Мелас, Јон Драгумис и Ламброс Коромилас.
Каравангелис го организирал првите андарски грчки чети во Македонија составени од поранешни дејци на Македонската револуционерна организација и грчки воени офицери. Меѓу првите кој Каравангелис ги придобил за грчката кауза бил Коте Христов. Митрополитот Герман при средбата со Коте истакнал:
Во 1901 година Каравангелис презел мерки за засилување на грчката пропаганда, самиот митрополит во своите мемоари вели:
Во понатамошната дејност Каравангелис успеал кон грчката кауза да ги спечали Вангел Георгиев, Геле Трсијански и Павел Киров и со нивна помош ги организирал првите месни андартски чети.
По создавањето на андартските чети Каравангелис започнал да врши насилен притисок врз 30 егазрхиски села во Костурско како што биле Апоскеп, Бобишча, Бугарска Блаца, Вишени, Дреновени, Загоричани, Д’мбени, Косинец, Мокрени, Орман, Смрдеш и други. На своите луѓе им препорачал:
За полесно отстварување на грчката идеја, Карвангелис стапил во сојуз со турската војска и администрација. Тој пред британскиот новинар Хенри Брајлсфорд истакнал:
Герман Каравангелис директно ги координирал своите дејствијата со турските офицери и организирал акции против Македонската револуционерна организација со што се засилила Борбата за Македонија.
дясно|мини|250п|Биста на Каравангелис во Солун.десно|мини|250п|Статуа на Каравангелис во Костур
По пат на пари и насилство митрополитот Герман презел една широка акција во спречување на македонските села да се откажат од Цариградската патријаршија и да преминат кон Бугарската егзархија.
Во текот на задушувањето на Илинденското востание самиот Каравангелис присуствувал во текот на палењата на селата Бугарска Блаца, Черешница и Вишени, а лично настојувал да се ликвидираат по видни дејци од македонското револуционерно движење.
Илинденското востание било погодна можност за засилување на грчката пропаганда. Караванелис, четата на Вангел Георгиев и осаманлиските сили вршеле притсок врз опожарените селани да минат под леното на Патријаршијата Даскалов, Георги. Българите в Егейска Македония, МНИ, София, 1996, стр.44-45.:
Под притисок на таа агитација, 140 села биле принудени да го признаат своето елинско потекло. Меѓутоа истите тие села откако добиле султанова амнестија повторно се откажале од Патријаршијата Тзавелла, Христофор, „Кръстникът на първите войводи на ВМОРО и ВМОК отец Търпо Поповски“, Македония прес, София 2003 г., стр.27-28.
Во 1903 година Каравангелис му платил 50 лири на Коте Христов за да го убие војводата Лазар Поп-Трајков, а фотографијата со главата на војводата ја закачил во својот кабинет.
Има тврдења дека Каравангелис е еден од главните организатори на крвавата свадба во Зелениче и масакрот во ЗагоричаниКаравангелис, Герман, „МАКЕДОНСКАТА БОРБА (СПОМЕНИ)“, приложение към „ВАСИЛ ЧЕКАЛАРОВ, ДНЕВНИК 1901-1903 г.“, Ива Бурилкова, Цочо Билярски, ИК „Синева” София, 2001 г., стр.359. За овие случувања самиот митрополит истакнував дека:
Подоцнежна дејност
Поради својата дејност Каравангелис од страна на Патријаршијата бил отстранет од Костур и бил испратен во Амасија.
Во 1914 година митрополитот ги спречил турските бегалци да се населат во грчките села на Понт, а во 1916 година го спасил градот Самсун од опожарување.
1917 година бил уапсен од страна на турските власти, а по Грчко-турската војна бил осуден на смрт, но поради притисокот на Патријаршијата бил помилуван и поставен за митрополит во Јанина.
Во 1913 и 1921 година биле еден од кандидатите за патријаршискиот престол, а во 1923 година бил предложен за архиепископ на Грција но не бил избран.
1924 година бил назначен за унгарски митрополит и егзарх за Средна Европа со седиште во Виена.
Македонски фолклор Каравангелис се спомнува во македонската народна песна „Народе Македонски“, во која се опејува анартскиот напад врз селото Загоричани.
Каде е Караиванов и дружината му, Мелас Каравангелис Битола в затвор е тој.
Белешки
Наводи
Литература „По неблагодарноста следи бесрамноста“, статија на Герман Каравангелис во грчкиот весник "Неа Имера" од 1904 г. Τσαγκάρη Παναγιώτη. Γερμανος Καραβαγγελης. Ο Παπαφλέσσας της Λέσβου. Μητροπολίτης Αὐστρίας κ. Μιχαήλ Στάϊκος Η ΣΥΜΒΟΛΗ TOΥ ΜΗΤΡΟΠΟΛΙΤΗ ΚΑΣΤΟΡΙΑΣ ΓΕΡΜΑΝΟΥ ΚΑΡΑΒΑΓΓΕΛΗ ΣΤΟΝ ΜΑΚΕΔΟΝΙΚΟ ΑΓΩΝΑ Γερμανού Καραβαγγέλη. "Ο Μακεδονικός Αγών (Απομνημονεύματα), Εταιρία Μακεδονικών Σπουδών, Ίδρυμα Μελετών Χερσονήσου του Αίμου", 1959 [Каравангелис, Герман. „Македонската борба (спомени)“, во: Васил Чекаларов, Дневник 1901-1903 г., Съставителство Ива Бурилкова, Цочо Билярски, ИК „Синева” София, 2001.] [ Μητροπολίτης Γερμανός Καραβαγγέλης] [ Γερμανός Καραβαγγέλης: Κυνηγός Βουλγαρικών κεφαλών]
Надворешни врски
Категорија:Дејци на грчката вооружена пропаганда во Македонија Категорија:Православни епископи Категорија:Луѓе од Стипси Категорија:Носители на Орденот на Свети Сава Категорија:Починати во 1935 година Категорија:Христијанството во Костур