Ејми Џејд Вајнхаус (, Велика Британија, - Amy Winehouse Found Dead In London Home, Sky NewsDeath confirmed, Pressemitteilung DailyMail) била англиска пејачка и текстописец, позната по својот електричен микс од различни музички жанрови, вклучувајќи Р&Б, соул и џез. Вајнхаус е најдобро позната по нејзиниот моќен контраалт вокал, злоупотреба на супстанции и ментални здравствени проблеми. Во 2005, таа помина низ период на пиење, тешки дроги, насилно расположението и губење на тежината.

Деби албумот на Вајнхаус од 2003 Frank беше критично успешен во Велика Британија, а беше номиниран за наградата Mercury. Нејзиниот следен албум од 2006 “Back to Black“ ја доведе до шест Греми номинации и пет победи, остварувајќи рекорд за најмногу победи од женски артист во само една ноќ, и со тоа Вајнхаус стана првата британска пејачка која добила пет Греми, вклучително и три од "Големата четворка": најдобар нов изведувач, плоча на годината и песна на годината. На 14 февруари 2007 година, таа е добитник на наградата Brit за најдобар британски женски изведувач и исто така била номинирана за најдобар британски албум. Таа е трипати добитник на наградата Ivor Novello, прво во 2004 година за најдобра современа песна (музички и лирски) за "Stronger Than Me", потоа во 2007 година за најдобра современа песна за "Rehab" и во 2008 година за најдобра песна (музички и лирски) за "Love is a losing game", како едни од најпрестижните. Албумот е трет меѓу најпродаваните од 2000-тите во Обединетото Кралство. Вајнхаус се согласи да формира група со тапанарот на The Roots, Куестлов.

Вајнхаус е заслужна за влијанието во зголемувањето на популарноста на женските музичари и соул музиката како и за оживувањето на британската музика. Карактеристичниот стил на Вајнхаус претставувал и муза за модните творци, како што се Карл Лагерфилд. Проблемите на пејачката со дрогата и алкохолот, како и самоуништувачко однесување, станаа редовни таблоидни вести од 2007 година. Таа и нејзиниот поранешен сопруг Блејк Филдер-Цивил се соочуваа со правни проблеми по кои тој беше осуден на издржување затворска казна. Во 2008 година, Вајнхаус се соочува со низа здравствени компликации кои претставуваа закана за нејзиниот живот и кариера.

Починала од труење со алкохол на 23 јули 2011 година, на 27-годишна возраст. Нејзиниот брат верувал дека и булимијата е причина за нејзината смрт. По нејзината смрт, Back to Black накратко станал најпродаван албум во Обединетото Кралство во 21 век. VH1 ја ставил Вајнхаус на 26-то место на нивната листа од 100 најдобри жени во музиката.

Младост Вајнхаус е родена во областа Саутгејт во северен Лондон, во еврејско семејство кои исто како неа имале интерес за џез музиката. Таа беше воспитувана во четиричлено семејство: нејзиниот татко Мичел (таксист), мајка и Џенис (фармацевт), и нејзиниот постар брат Алекс. Мичел постојано пеел низ куќата, често и го пеел Френк Синатра на младата Ејми, која исто така создала навика постојано да пее до тој степен што на наставниците им било тешко да ја задржат тишината во класот. Кога Вајнхаус имала девет години, баба и Синтија, предложила таа да го посетува Училиштето за театарски уметности Сузи Еарншоу за дополнително надградување. На десет годишна возраст, Вајнхаус основа краткотрајна рап група наречена Sweet 'n' Sour со пријател од детството Жилиет Ешби. Таа останува во училиштето Еарншоу четири години пред да побара целодневна настава во Школата за театар за обука на млади Силвија, но, наводно, била протерана на 14 години заради "недоволна посветеност" и заради ставање на обетка на носот. Со други деца од Школата за млади Силвија, таа се појавува во една епизода на The Fast Show во 1997 година.Таа подоцна го посетува Британското училиште во Селхурст, Кројдон и ја посетува школата Саутгејт и Ешмол.

Кариера Рана кариера Откако си играла со гитарата нејзиниот брат, Вајнхаус добива своја гитара на 13 години, а почнува да прави музика една година подоцна. Таа започнува да работи веднаш потоа, вклучително и како "шоу новинар" за "World Entertainment News Network", а тоа било проследено и со пеење со џез-бендот. Нејзиниот непостојан дечко во тоа време, соул пејачот Тајлер Џејмс, ја испраќа нејзината демо лента на лице од музичката компанија A&R. Вајнхаус потпишува договор со менаџерот Симон Фулер во 2002 година. Додека се развивала како уметник, Ејми била чувана во тајност. Нејзиниот иден A&R во музичката куќата Island /Universal, Даркус Биз, случајно ја слушнал кога менаџерот на The Lewinson Brothers покажувал некои снимки на негови клиенти на кои Вајнхаус се појавува како вокалист. Кога прашал која е пејачката, менаџерот му одговорил дека не му е дозволено да каже. Одлучувајќи дека сака да потпише договор со неа, му биле потребни неколку месеци за убедување на Биз, за на крајот да открие која е пејачката. Во тоа време Вајнхаус веќе снима голем број на песни и потпишува договор со издавачката ЕМИ. Преку издавачите, таа започнува работен однос со продуцентот Салам Реми. Биз ја запознава Вајнхаус со неговиот шеф, Ник Гатфилд,па “The Island“ го дели неговиот ентузијазам во потпишувањето на младиот уметник. Биз изјавил за HitQuarters дека причините за големата возбуда за еден уметник кој не е типична поп-ѕвезда, се должи на реакциите против реалноста на телевизиските музички емисии кои ги прати публика која е гладна за вистински млад талент.

Голем успех Деби албумот на Вајнхаус, “Frank“ бил објавен на 20 октомври 2003 година. Продуциран од Салам Реми, поголемиот број на песни биле под влијание на џез музиката, и со исклучок на две песни, останатите биле напишани од Вајнхаус како соавтор. Албумот добил позитивни критики со комплименти за "кул, критички поглед" како дел од стиховите и споредба на нејзиниот глас со гласот на Сара Вон, Мејси Греј и други.

Албумот се нашол во горниот дел на британската албум листа во 2004 година, кога бил номиниран за Brit Awards во категориите: "британскиот женски соло артист" и "британските урбан акт". Албумот продолжил да постигнува платинеста продажба. Подоцна во 2004 година, Ејми ја освојува наградата на текстописци „Ivor Novello“ за најдобра современа песна, заедно со Салам Реми, со нејзиниот придонес за првиот сингл, "Stronger Than Me". Албумот исто така, ја достигнува кратката листа за Mercury Music наградите во 2004. Во истата година, таа настапува на фестивалот Glastonbury, на сцената на светски џез, а и на V Festival. По издавањето на албумот, Вајнхаус коментира дека таа е "само 80 отсто зад албум", поради вклучувањето од страна на нејзината издавачка куќа на одредени песни кои таа ги мразела.

Меѓународен успех За разлика од нејзиниот поранешниот албум кој беше под влијание на џез музиката, фокусот на Вајнхаус се префрла на женските групи од 1950-тите и 1960-тите. Вајнхаус ја најмува пејачката Шарон Џонс од долгогодишниот њујоршки бенд Dap- Kings како следечки вокал за време на снимањето и на турнејата. Во мај 2006 година, демонстрацијата на песни на Вајнхаус како што се "You Know I'm No Good" и "Rehab" се појавија на радио шоуто на Марк Ронсон во Њујорк, шоу на радиото од Ист Вилиџ. Ова биле некои од првите нови песни изведувани на радио по објавувањето на "Pumps" и двете биле избрани да се најдат на нејзиниот втор албум. Албумот со 11 песни е целосно продуциран од Салам Реми и Ронсон. Ронсон во интервју од 2010 вели дека имал добра соработка со Вајнхаус, затоа што таа била груба кога не и се допаѓала неговата работа. лево|мини|Вајнхаус настапува на Virgin Festival во Пимлико во Балтимор во 2007 година Наскоро потоа започнала промоцијата на Back to Black, а во почетокот на октомври 2006 година, официјалното мрежно место Вајнхаус е повторно активирана со нов изглед и снимки од претходно необјавени песни. Албумот бил издаден во Велика Британија на 30 октомври 2006 година. Тој отиде до број еден на списокот на најпродавани албуми во Велика британија безброј пати, а застанува на бројот седум на Билборд 200 во САД. Тоа бил најпродаваниот албум во Велика Британија во 2007 година, со вкупна продажба од 1.850.000 примероци во текот на годината. Албумот ѝ донесува голем број на хитови. Првиот сингл од албумот бил "Rehab" на продуцентот Ронсон. Синглот ги достигнува првите десет во Америка и Британија. Магазинот Time го прогласува синглот ‘Rehab’ за еден од најдобрите десет во 2007 година. Текстописецот Џош Турејџел ја пофалил Ејми, за нејзината доверба и изјави дека „ Таа е гласна, смешна, загушлива и најверојатно луда“, и дека „ Невозможно е да не бидете заведени од нејзината оригиналност. На тоа додадете ја соработката со Марк Ронсон, четири декади извонредна соул музика и ќе ја добиете најдобрата песна за 2007“. Вториот сингл на од албумот и водечки сингл во САД," You know that I’m no good ", бил пуштен во продажба во јануари 2007 година со ремиксот на раперот Гоустфејс Килан. Тој го достигнува 18 место на листата за најпродавани синглови во Велика Британија. Насловниот сингл, "Back to Black", бил пуштен во Велика Британија во април 2007 година и го достигнал 25 место, но бил поуспешен во континентална Европа. Песните "Tears dry on their own", " Love is a losing game и " Just friends" исто така биле пуштени како синглови, но не успеале да го достигнат истото ниво на успех. десно|мини|Вајнхаус со Мик Џегер на фестивалот на Островот Вајт на Островот Вајт, Англија каде што ја пееше „Ain't Too Proud to Beg“ со Ролинг Стоунс на 10 јуни 2007 година. Делукс изданието на албумот Back to Black исто така било објавено на 5 ноември 2007 година во Велика Британија. Бонус дискот содржи Б-страна, со ретки песни исполенти во живо, како и "Valerie". Дебитанското ДВД на Вајнхаус насловено како “I told you I was Trouble : во живо од Лондон“ било пуштено истиот ден во Велика Британија и на 13 ноември во САД. Тоа вклучува жив сет снимен во Лондон во Shepherds Bush Empire и 50-минутен документарен филм за кариерата на пејачката во текот на претходните четири години. Албумот “Frank“ бил издаден во САД на 20 ноември 2007 година и добива позитивни критики. Албумот дебитира на 61место на табелата Билборд 200. Во прилог на нејзиниот соло албум, таа соработува на синглови со други уметници. Вајнхаус го исполнила вокалот на верзијата на песната "Valerie" за соло албумот на Ронсон. Песната го достигнува второто место во Велика Британија, во октомври веднаш по пуштањето на синглот. Песната била номинирана за Brit Awards за награда за "најдобар британски сингл" за 2008 година. Нејзината соработка со поранешната членка на групата Sugababes, Маја Буена, на песната "B Boy Baby", била издадена на 17 декември 2007 година. Тоа бил четвртиот сингл од соло деби албумот на Буена “Real Girl“.

Континуиран успех и признанија До крајот на годината, Вајнхаус освојува бројни признанија и награди. Пејачката освојува Греми награди во 2008 година во категориите на “албум на годината“, “песна на годината“, и “најдобар женски поп вокал“ за изведба на синглот "Rehab", додека нејзиниот албум “Back to Black“ бил номиниран за “албум на годината“ и освојува награда за “најдобар поп вокален албум“. Продуцентот Марк Ронсон кој соработувал со неа ја добива наградата за “продуцент на годината во некласична категорија“. Пејачката исто така, добива "Греми" во категоријата за "најдобар нов артист". Со ова Вајнхаус влегува во 2009-тото издание на Гинисовата книга на рекорди за добиен најголем број на Греми награди од страна на британската женски артист. Таа ги изведува песните "You know that I’m No Good" и "Rehab" на церемонијата на доделувањето преку сателит, затоа што својата виза ја добила премногу доцна за да може да допатува во САД. Таа изјавува: "Ова е за Лондон бидејќи Камден Таун гори долу," мислејќи на пожарот во пазарот Камден.