Максимилијан Франсоа Мари Изидор де Робеспјер (; 6 мај 1758 – 28 јули 1794) е една од најпознатите и највлијателните личности од Француската револуција. Тој во голема мера доминираше со Комитетот за јавна безбедност и бил од големо значење во времето на Револуцијата, општо позната како Владеење на теророт, кој завршил со негово апсење и погубување во 1794 година.

Робеспјер бил под влијание на просветителските филозофи од XVIII век како Жан-Жак Русо и Монтескје и бил способен гласноговорник на верувањата на буржоазијата од левото крило. Тој бил опишуван како физички ненанметлив и беспрекорен во начинот на облекување и личните манири. Неговите поддржувачи (истомисленици) го нарекувале „човек кој не може да се корумпира”, додека пак неговите противници го нарекувале „диктаторот дивјак”.

Ран живот

Максимилијан де Робеспјер е роден во Арас Франција. Неговото семејно дрво датира уште од 12 век од Пикардија; некои од неговите предци по машка линија биле нотари во селото Карвин во близина на Арас уште од почетокот на 17 век. Понекогаш бил задеван дека бил ирски потомок, и било кажано дека неговото презиме произлегува од Роберт Спеирс. Оваа теорија била цитирана од Луис, Хамел, Мишеле, Ламартин и Белок иако се чини дека нема доволни докази. Неговиот дедо од таткова страна, Максимилијан де Робеспјер, работел во Арас како адвокат. Неговиот татко, Максимилијан Бартелеми Франсоа де Робеспјер, исто така адвокат во Conseil d'Artois (Консеиј д'Артоа, Советот на Артоа) , се оженил со Жаклин Маргарет Каро во 1758 година, ќерка на човек кој произведувал пиво. Максимилијан бил најстаро дете од четири деца и не бил зачнат во брачна заедница – негови браќа и сестри биле Шарлот, Хенриета и Августин. За да го сокријат фактот дека Максимилијан не бил зачнат во брачна заедница, неговите родители имале венчавка во што поскоро време (на која не присуствувал дедото од мајчина страна). Госпоѓата де Робеспјер починала во 1764 година при пораѓање. Нејзиниот сопруг го напуштил Арас и патувал низ Европа сè до својата смрт во Минхен 1777 година, оставајќи децата да бидат израснати од нивниот дедо и тетки од мајчина страна.

Максимилијан почнал да оди во основно училиште во Арас на осумгодишна возраст и веќе знаел да чита и пишува. Во октомври 1769 година, по препорака од бискуп, добил стипендија во Lycée Louis-le-Grand во Париз. Тука, тој научил да и се восхитува на совршената Римска Република и реториката на Цицерон (Кикерон), Като и други личности од класиката. Негови соученици биле Camille Desmoulins (Камиј Демулен) и Stanislas Fréron (Станислас Фрерон). Исто така тој го проучувал Русо во овој период и усвоил голем дел од неговите принципи. Робеспјер бил многу заинтригиран од идејата за сопствената самосвест, за човек кој сам е придружуван само од својата свесност. Набрзо по неговото крунисување, Луј 16 го посетил училиштето „Големиот Луј“. Робеспјер кој тогаш имал 17 години бил избран помеѓу петстотини деца да одржи говор за добредојде за кралот; и неговиот избор бил логичен затоа што тој бил наградуван студент. На денот на говорот, Робеспјер и толпата ги чекале кралот и кралицата неколку часа на дождот. По пристигнувањето, кралската двојка останала во својата кочија за време на церемонијата и си заминале веднаш по нејзиното завршување. Робеспјер ќе стане еден од оние кои евентуално ќе ја бараат смртта на кралот.

Рана политика Како возрасен, а можеби уште во младоста, најголемо влијание врз политичките идеи на Робеспјер бил Жан Жак Русо. Сфаќањето на Робеспјер на револуционерната доблест како и неговата програма за градење политичка доминација без директна демокраја потекнува од Русо, и во потрага по овие идејали за време на Јакобинската Република тој станал познат како “непомдмитливиот”. Робеспјер верувал дека францускиот народ во основа е добар и оттаму луѓето треба само да го кажат својот глас за да придонесат за благосостојбата на нацијата.

По завршувањето на правните студии, Робеспјер беше одобрен од Арас Бар. Бискупот од Арас ,Луј Франсоа Марк Хилер де Конзи, го назначил за криминален судија во Diocese of Arras(Диоцезата на Арас) во март 1782. Ова работно место, од кое набрзо се откажал за да избегне прогласување на смртна казна, не го спречило да стажира (работи) во адвокатската комора. Набрзо станал успешен адвокат и вообичаено ги застапувал сиромашните. Судските сослушувања бил познат по тоа што често гкористел идејалите на Просветлувањето и се борел за правата на човекот, т.е. своите клиенти. Во неговата подоцнежна кариера, читал многу книги и се заинтерсирал за општеството. Тој бил сметан за еден од најдобрите писатели и најпопуларен млад човек од Арас.

Во декември 1783 бил избран за член на академијата од Арас, на чии средби редовно присуствувал. Во 1784, добил медал од академијата во Мец за неговиот есеј За прашањето дали роднините на осуден криминалец треба да го делат неговиот срам. Тој ја поделил наградата со Пјер Луи де Лакрател, адвокат и новинар во Париз. Многу од неговите следни есеи не биле толку успешни, но Робеспјер надоместил за овие неуспеси со неговата популарност во литературното и музичкото опшество на Арас, познато како Росатиа, чиј член бил и Лазар Карнот кој бил негов колега во Комитетот за јавна безбедност.

Во 1788 година, тој учествувал во дискусија за тоа како француската провинциска влада треба да биде избранам и јасно покажал во своето „Addresse à la nation artésienne“ (Обраќање до артезијанскиот народ) дека ако биде избран поранешниот начин на гласање од страна на членовите на провинциските имоти, тогашм новиот Естатес Генерал нема да го претставува народот на Франција. Можно е Робеспјер да го започнал ова прашање со цел да има шанса да учествува во процедурите и со тоа да ги промени полисите на монархијата. Кралот Луј 16 подоцна објави нови избори за сите провинции, и со тоа му дозволил на Робеспјер да се кандидира за место на пратеник за Третиот имот.

Иако биле избрани водечките членови од корпорацијата, Робеспјер како нивен главен противник, успеал во тоа да биде избран заедно со нив. .... Но Робеспјер започнал да остава своја трага во политиката со Авис. Со ова тој ја обезбедил поддршката од руралните гласачи (Арас,1789) кога Робеспјер пристигнал во Версај, бил релативно непознат но наскоро станал дел од НАционалното собрание кое тогаш се трансформирало во Конструктивно сообрание.

Додека главна преокупација на Уставното собрание била да состави Устав, Робеспјер престанал да работи за собранието на провинциски адвокати и богатата буржоазија и почнал да работи за луѓето од Париз. Тој бил редовен говорител во Уставното собрание, и дал многу идеи за Декларацијата на човековите права и Уставните провизии, кои најчесто биле успешни. Со текот на времето тој станал познат како човек кој е втор, по Pétion de Villeneuve –ако бил втор-, и како водач на малата организација на екстремната левица, или како што Мирабу омаловажувачки ги нарекувал „триесетте гласови”.

Наскоро, Робеспјер се вклучил во новото Општество на пријателите на уставот, кое подоцна станало познато под името Јакобински клуб. Најчесто, негови членови биле пратеници само од Бретања. Откако собранието се преселило во Париз, клубот започнал да додава повеќе водачи од париската буржоазија во своите членови. Како што одминувало времто, многу од поинтелигентните занаетчии и сопствениците на мали продавници станувале членови на овој клуб. Робеспјер гледал интересна публика во овие луѓе. Како што побогатите буржоази од Париз и пратениците од десното крило се повлекле од клубот од 1789 година, влијанието на старите водачи на јакобинците како, Барнав, Дупорт, Александар де Ламет се намалило. Кога тие, вознемирени од напредокот на револуцијата го основале клубот Feuillants(Фејан) во 1791 година, левицата, Робеспјер и неговите пријатели доминирале во Јакобинскиот клуб.

На 15 мај 1791 година, Робеспјер ја предложил измената, ниеден претеник кој бил член на Уставното собрание да не може да биде член во наредното собрание, и ова бил неговиот единствен успешен предлог во ова собрание.

Бегството на 20 јуни кое било придружено со апсењето на Луј XVI и неговото семејство во Варен, ресултирало со тоа што Робеспјер се претставил во Јакобинскиот клуб како "ni monarchiste ni républicain" (ниту монархист ниту републиканец). Ова не било невообичаено со оглед на тоа што во овој момент малкумина биле републиканци отворено (јавно).

По масакрот на Камп де Мар на 17 јули 1791 година, со цел да биде поблиску до Собранието и јакобинците, се преселил да живее во куќата на Maurice Duplay, столар кој живеел на улицата Saint-Honoré и кој силно му се воодушевувал на Робеспјер. Робеспјер живеел таму (со два кратки очекувани интервали (прекини)) сè до својата смрт. Всушност, според истите извори, вклучувајќи го и неговиот доктор, Souberbielle, Vilate, поротник во Судот на Револуцијата и најмладате ќерка на неговиот домаќин (која подоцна ќе се омажи за Philippe Le Bas од Комитетот за Општа Безбедност), тој се верил со најстарате ќерка на неговиот домаќин, Éléonore Duplay.

На 30 септември, на распаѓањето на Уставното Собрание, народот на Париз ги крунисал Петион и Робеспјер како два некоруптивни патриоти, со цел да ја покаже почитта кон чистотата на нивните приципи, нивниот скромен начин на живот како и одбивањето на мито. Со распаѓањето на Собранието Робеспјер накратко се вратил во Арас, каде што бил триумфално пречекан. Во ноември се вратил во Париз за да ја заземе позицијата на Јавен Обвинител на Париз.

Спротивставување на војната со Австрија

Во февруари 1792, Жак Пјер Брисо (Jacques Pierre Brissot), еден од водачите на партијата на жирондинците во Уставотворното собрание, изјавил дека Франција треба да и објави војна на Австрија.Марат и Робеспјер им се спротивставиле, бидејќи се плашеле од можноста за воено освојување, кое тогаш би можело да биде во корист на силите од претходните владеачи. Исто така, Робеспјер бил убеден дека стабилноста во самата земја е поважна, тој се сомневал дека помеѓу народот има и скриени предавници и револуционери за поинакви права. Ова спротивставување од одредени сојузници им пречело на Жирондијците и помеѓу нив се издигнало политичко соперништво. Во Април 1792, Робеспјер се откажал од местото јавен обвинител на Версај, кое го имал официјално, но никогаш не го вршел, од февруари и потоа создал весник Le Défenseur de la Constitution, (Бранител на Уставот) со цел да се одбрани од обвинувањата од Жерондијските водачи. Заради својата популарност, неговата доблесна репутација и неговото влијание врз Јакобинскиот Клуб, на диктаторите од Париската влада им било мило што ја имаат помошта на Робеспјер во пресрет на бунтовите за храна и партиските состојби. На 16 август, Робеспјер ја претставил својата петиција од владата на Легислативното собрание, барајќи создавање на Суд на Револуцијата (револуционерите), како и свикување на Конвенција. Често,Робеспјер бил прекоруван за тоа што не успеал да ги сопре Септемвриските масакри. Во септември, тој бил избран за прв пратеник на Париз на Националната Конвенција. Робеспјер и неговите сојузници ги кренале клупите високо во задниот дел на холот, нарекувајќи ги 'the Montagnards', под нив биле 'Manège' на Жерондијците и на крај 'the Plain' од независните.

На Конвентот, Робеспјер веднаш бил нападнат од Жирондијците. На 26 септември, жерондиецот Марк-Давид Ласурс го обвинил Робеспјер за намера да формира диктаторство. Се прошириле гласини дека Робеспјер, Марат и Дантон кроеле заговор да создадат политички режим воден од нив тројца. На 29 октомври, Louvet de Couvrai го нападнал Робеспјер во својот говор, кој веројатно бил напишан од Madame Roland. На 5 ноември, Робеспјер се бранел себеси и јавно ги критикувал федералистичките планови на Жирондијците. Тој бил еден од најпопуларните оратори на Конвенцијата и многу често неговите внимателно подготвувани говори предизвикувале длабоки впечатоци.

Погубувањето на Луј XVI