Ренесансна архитектура — период во историјата на архитектурата меѓу раниот XV и XVII век во различни региони на Европа, во која имало свесно заживување и развој на одредени елементи од грчката античка и римска мисла. Стилски, ренесансната архитектура ја следи готската архитектура, а подоцна е наследена од барокната архитектура.
Ренесансниот стил го става акцентот на симетријата, пропорцијата, геометријата и регуларноста на деловите како што се покажани во архитектурата на античкото време, особено во старата римска архитектура од која останале многу примери.
Уредените аранжмани на столбовите, пиластрите и надвратниците, како и употребата на полукружни сводови, хемисферични куполи, вдлабнатини и мали згради-храмови ги замениле посложените пропорционални системи и неправилните профили на средновековните градби.thumb|240px|Храмот на Сан Пјетро во Монторио, Рим, 1502, од Браманте. Овој мал храм го обележува местото каде Св. Петар бил казнет со смрт.
Развиен прво во Фиренца со делата на Филипо Брунелески, кој се смета за еден од неговите зачетници, ренесансниот стил многу бргу се проширил и во другите италијански градови, а потоа во Франција, Германија, Англија, Русија и други места.
thumb|240px|Храмот Веста, Рим, 205 година по нашата ера. Најважниот храм од Стариот Рим, станал модел за Храмот на Браманте
Историографија Зборот "ренесанса" произлегува од поимот "преродбa", кој за првпат се појавил во Животите на најизвонредните сликари, вајари и архитекти на Џорџо Вазари.
Иако терминот ренесанса бил користен прво од францускиот историчар Џулс Микелет, неговата подолготрајна дефиниција му ја дал швајцарскиот историчар Јаков Буркхарт, чија книга „Културата на ренесансата во Италија 1860“The Civilization of the Renaissance in Italy, 1860, English translation, by SGC Middlemore, in 2 vols., London, 1878), извршила влијание врз развојот на модерната интерпретација на италијанската ренесанса. Фолиото на одмерени цртежи "Зградите на модерен Рим", најпрво објавено во 1840 од Пол Летаројли, исто така одиграло важна улога во обновувањето на интересот во овој периодErwin Panofsky, Renaissance and Renascences in Western Art, (New York: Harper and Row, 1960). Ренесансниот стил бил признаен од страна на современици со поимот „на древниот начин“ (на Римјаните ...)
Главни етапи Историчарите често ја делат ренесансата во Италија во три етапиSome architectural histories eg. Sir Banister Fletcher, include Baroque as a phase of Renaissance architecture. Because of its extent, diversity and deviation from the Classical it is not included here and is the subject of a main article.. Каде што историчарите на уметноста можат да зборуваат за период на рана ренесанса, во кој го вклучуваат и развојот на сликарството и скулптурата од XIV век, тоа вообичаено не е случај и во историјата на архитектурата. Лошите економски услови на доцниот 14 век не произвеле објекти кои се сметаат за дел од ренесансата. Како резултат на тоа, зборот ренесанса помеѓу историчарите на архитектурата најчесто се однесува на периодот од 1400 до околу 1525 година, или подоцна во случајот на не-италијанските преродбеници.
Историчарите најчесто ги користат следните именувања:
ренесанса (околу 1400-1500) или рана ренесансаThe Early Renaissance in architecture is most applicable to developments in Venice, where there was a more fluid development between medieval and Renaissance styles than in Florence. See: John McAndrew Venetian Architecture of the Early Renaissance (Cambridge: The MIT Press, 1980). висока ренесанса (околу 1500-1525) маниризам (околу 1520-1600)
Рана ренесанса Во раната ренесанса биле истражени концептите на архитектонскиот ред и биле формулирани правилата. Студијата на класичната антика особено водела кон освојувањето на класичните детали и украси. Просторот, како елемент на архитектурата, бил искористен поинаку од начинот на кој бил искористен во средниот век. Просторот бил организиран според пропорционална логика, неговата форма и ритам како предмет на геометријата, наместо да се создава по пат на интуиција како во средновековните градби. Одличен пример за тоа е базиликата Сан Лоренцо во Фиренца на Филипо Брунелески (1377–1446).Howard Saalman. Filippo Brunelleschi: The Buildings. (London: Zwemmer, 1993).
Висока ренесанса
Во текот на високата ренесанса, биле развиени и користени концепти од античкото време со поголем залог. Најрепрезентативен архитект е Донато Браманте (1444-1514), кој ја проширил применливоста на класичната архитекура кај современите згради. Сан Пјетро ин Монторио (1503), е директно инспириран од кружните римски храмови. Сепак, тој едвај бил роб на класичните форми и неговиот стил е тој којшто ќе доминира во италијанската архитектура во XVI векArnaldo Bruschi. Bramante (London: Thames and Hudson, 1977)..
Маниризам
За време на т.н. маниристички период, архитектите експериментирале со употребата на архитектонските форми за да ги нагласат цврстите просторни односи. Ренесансниот идеал на хармонија отстапил место на послободни и поимагинативни ритми. Најпознат архитект поврзан со маниристичкиот стил бил Микеланџело (1475-1564), кој е заслужен за измислувањето на џиновскиот ред, голем пиластер што се протега од дното до врвот на фасадата. Ова тој го искористил во неговиот дизајн за Кампидољио во Рим.
Пред XX век, поимот маниризам имал негативни конотации, но сега се користи за опишување на историскиот период во поопшта и неосудувачка смисла.
Од ренесанса до барок
Како што новиот стил на архитектурата се ширел надвор од Италија, повеќето други европски земји пред изградбата на целосно формулираните ренесансни згради, развиле еден вид на праренесансен стил. Секоја земја пресадила свои архитектонски традиции во овој нов стил, така што ренесансните објекти низ Европа се разликувале по регион. Во рамките на Италија, еволуцијата на ренесансната архитектура во Маниризам, со широко дивергентни тенденции во делата на Микеланџело, Џулио Романо и Андреја Паладио, водела кон појавата на баркониот стил, во кој истиот архитектонски речник се користел за многу поинаква реторика.
Надвор од Италија, барокната архитектура била пораспространета и целосно развиена за разлика од ренесансниот стил со значајни објекти дури во МексикоCathedral of Chihuahua, 1725–1826 и на ФилипинитеBasilica Minore del Santo Niño, present structure 1735–39.
Одлики на Ренесансната архитектура thumb|лево|upright|Неискористениот план на Рафаел за црквата Св. Петар
Очигледните главни одлики на класичната римска архитектура биле освоени од страна на ренесансните архитекти. Сепак, со текот на времето се промениле формите и намените на зградите, исто како што се сменила и структурата на градовите. Меѓу најстарите градби на преродениот класицизам биле цркви, такви какви што Римјаните никогаш немале изградено. Ниту пак постоеле модели за типот на живеалишта во големите градови, кои биле барани од страна на богатите трговци од XV век. Спротивно на тоа, немало интерес за огромни спортски објекти и јавни бањи, какви што Римјаните имале изградено. Античката подреденост била анализирана и реконструирана за да служи за нови цели.The list of characteristics below is expanded from a list based on Banister Fletcher. See below
План Плановите на ренесансните згради имале правоаголен, симетричен изглед, во кој обично пропорциите се базирале на еден модул. Во рамките на една црква, модулот е широк колку еден страничен брод. Потребата дизајнот на планот да се интегрира со фасадата била претставена како проблем во делото на Филипо Брунелески, кој никогаш не бил во можност овој аспект да го спроведе во реализација. Првата зграда која го демонстрира ова е Св. Андреја во Мантова од Алберти. Развојот на планот во световната архитектура ќе започне во XVI век и ќе кулминира со работата на Паладио.
Фасада thumb|Св. Агустин, Рим, Џакомо ди Пјетрасанта, 1483
Фасадите се симетрични околу нивната вертикална оска. Црковните фасади генерално се надвиснати со фронтон и организирани со систем од пиластри и сводови. Столбовите и прозорците покажуваат редослед кон центарот. Една од првите вистински ренесансни фасади е Катедралата во Пиенца (1459- 1462), која се препишува на фирентинскиот архитект Бернардо Гамбарели (познат како Роселино). Можно е и Алберти да имал мал удел во нејзиниот дизајн. Станбените згради често биле надвиснати со корниз. Постоело редовно повторување на отворите на секој кат и централно поставената врата е обележана со напис како балкон или рустикална бордура. Еден ран и многу копиран прототип била фасадата за Палацо Рушелаи (1446 и 1451) во Фиренца со три забележани пиластри.
Столбови и пиластри thumb|left|Класични редови - гравура од „Енциклпедија том 18.“ (XVIII век.)
Во римската подреденост на столбовите се употребени: тосканскиот, дорскиот, јонскиот, коринтскиот и композитниот тип. Подреденоста може да биде структурална, поддржувајќи аркада или архитрав, или чисто декоративна, поставена наспроти ѕид во форма на пиластри. За време на ренесансата, архитектите се стремеле да користат столбови, пиластри и первази како интегриран систем. Една од првите згради која користи пиластри како интегриран систем е Стара Сокровишница (1421-1440) од Брунелески.
Лакови Лаковите се полукружни или (во маниристичкиот стил) сегментални. Лаковите најчесто се користеле во аркади, поддржани на столбови или столбови со капители. Може да има дел од перваз помеѓу капителот и свијокот на лакот. Алберти бил еден од првите кој го употребил лакот за монументална скала на Св. Андреја во Мантова.
Сводови Сводовите немаат ребра. Тие се полукружни или сегментални, за разлика од готските сводови кои најчесто се правоаголни. Сводот во форма на буре повторно се враќа во архитектонскиот речник како кај Св. Андреја во Мантова.
Куполи thumb|Куполата на црквата Св. Петар, Рим. Волганг Штук, 2004
Куполата била доста застапена, и како многу голема структурна одлика видлива само од надворешноста и како средство за покривање помали простори видливи само од внатрешноста. Куполите ретко биле користени во средниот век, но по успехот на куполата во дизајнот на Брунелески за црквата Санта Марија Дел Фиоре и неговата употреба во планот на Браманте за црквата Св. Петар (1506) во Рим, куполата станала неопходен елемент во црковната архитектура, а подоцна и во секуларната архитектура, како кај вилата Ротонда на Паладио.A major use of this feature is great dome of the US Capitol Building (begun 1856) in Washington DC and all the subsequent State Capitals buildings in the Renaissance Revival style.
Плафони Покривите се опремени со рамни или вдлабнати плафони. Не се отворени како во средновековната архитектура. Често се обоени или украсени.
Врати Вратите обично имаат правоаголни горни греди. Можат да бидат поставени во лакот или прицврстени со триаголен или сегментален корниз. Отворите кои немаат врати се вообичаено заоблени и често имаат голем или декоративен темелник.
Прозорци thumb|left|Предворието на палатата Стоци, Фиренца
Прозорците можат да бидат поврзани и поставени во рамките на еден полукружен лак. Може да имаат правоаголни горни греди и триаголни или сегментални корнизи, кои често се користеле наизменично. Симболична во овој поглед е палатата Фарнезе (1517) во Рим. Во маниристичкиот период, понува да се употребува “Паладијанскиот” лак, користејќи мотив од високи полукружни отвори на врвот обградени со два долни правоаголни отвора. Прозорците се користат за да се даде поглед, да се внесе светлина во градбите и во домашната архитектура. Витражот иако понекогаш користен, сепак не е карактеристичен.
Ѕидови Надворешните ѕидови генерално се од високо довршена камена ѕидарија, поставена во хоризонтални редови. Надворешните агли на зградите често се потенцирани со грубо изработени ќошиња. Приземјето и подрумите биле често грубо изработени по примерот на палатата Медичи Рикарди (1444-1460) во Фиренца. Внатрешните ѕидови се глатко малтерисани, а површинскиот слој е во бела-креда боја. Кај поформалните простори, внатрешните површини се украсени со фрески.
Детали