Георги Богданов е македонски револуционер - анархист, член на Гемиџиите и еден од солунските атентатори.Кратки биографии на атентаторите.

Животопис

Георги Богданов е роден во Велес, тогаш во рамките на Османлиското Царство. Основното образование го завршил во родниот град, а школувањето го продолжил во Солун во тамошната машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“. Во оваа гимназија се запознава со анархистичките идеи на Гемиџиите и станува дел од нив.

Како деец на Гемиџиите учествува во Солунските атентати и на 29 април (нов стил) фрла бомба пред кафеаната Ноја. Уапсен е следниот ден. На судењето кажал информации со кои ги довел во неповолна ситуација останатите дејци.Павел Шатев „Солунскиот атентат и заточениците во Фезан“, глава 6. Од специјален воен суд Богданов, заедно со Павел Шатев, Марко Бошнаков и Милан Арсов е осуден на смрт. Казната ја чекал во солунскиот затвор заедно со останатите атентатори, но таа им била преиначена во доживотен затвор и заедно со останатите преживеани гемиџии во 1905 година бил испратен на Фезан во Африка.

По Младотурската револуција бил помилуван и заедно со Павел Шатев се вратил во Македонија.

Во 1914 година Богданов влегол во Комитетот на дезеретерите кој се спротивставил на обидот на српските власти да мобилизираат Македонци во Првата светска војна.Гоцев, Димитър. Национално-освободителната борба в Македония 1912 - 1915, Издателство на БАН, София, 1981, стр. 152.

Извори

Литература Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското националноослободително дело во Солунскиот вилает 1893 - 1903 година, Институт за историја - Филозофски факултет, Скопје. К. Битоски, Солунски атентати, Скопје, 1985.

Категорија:Гемиџии Категорија:Солунски атентатори Категорија:Македонски револуционери Категорија:Анархисти Категорија:Македонски преселници во Софија Категорија:Починати во Софија Категорија:Починати во 1939 година