Апостолис Матопулос () — македонски Грк, андартски капетан и учесник во Борбата за Македонија.

Животопис

мини|лево|130п|Апостолис Матопулос и Гоно Јотов. мини|десно|250п|Четите на Апостолис Матопулос (седнат лево) и Гоно Јотов (седнат десно).

Матопулос е роден 1868 година паланката Гида, тогаш во Османлиското Царство, денес Александрија, Грција.

По засилувањето на грчката вооружена пропаганда во Македонија почнал да раководи андартска чета и со неа дејствувал во реонот меѓу Урумљак, Ениџевардарското Езеро и западните солунски селе против четите на Апостол Петков.

Дејствувал заедно со капетанот Никифорос (Јоанис Деместихас) меѓу колибите Корифи и Волак. Зедно со Гоно Јотов ги нападнал Трите хана, Тумба и Текелиево.

По Младотурската револуција учествувал во новата малдотурска администрација, благодарение на неговите добри односи со Халил-бег од Кавасила.

Во 1911 година Матопулос заедно со докторот Антонаки го предаваа Гоно Јотов, а тој загинал во заседата која му била поставена Ο ΜΑΚΕΔΟΝΙΚΟΣ ΑΓΩΝΑΣ ΣΤΟ ΝΗΣΙ.

Во текот на Првата балканска војна ја напуштил Јужна Македонија која била завладеана од страна на грчките чети и емигрирал во Америка, каде починал во 1952 година ΤΟ ΡΟΥΜΛΟΥΚΙ - ΙΣΤΟΡΙΑ – ΛΑΟΓΡΑΦΙΑ – ΣΥΜΜΕΤΟΧΗ ΣΤΟ ΜΑΚΕΔΟΝΙΚΟ ΑΓΩΝΑ.

Наводи

Категорија:Дејци на грчката вооружена пропаганда во Македонија Категорија:Родени во Гида