Георгиос Перос () или Перакис (Περάκης) — грчки револуционер, андартски капетан и учесник во Борбата за Македонија.

Животопис Тој е роден на островот Крит. Во мај 1903 годинја за првпат пристигнал во Македонија заедно со Георгиос Диконимос, Павлос Мелас и Кондулис. Со дозвола на грчкиот конзул заминал од Солун за Костур и врската меѓу криќаните и митрополитот Германос Каравангелис.

На 13 јули 1903 година ја минал грчко-турската граница и повторно навлегол во Македонија со андартска чета која бил организирана од Георгиос Цондос, а во неа биле и останатите критјани Георгиос Диконимос, Евтимиос Каудис, Ламбринос Вранас, Георгиос Сејменис, Георгиос Зуридис, Георгиос Стратинакис, Евстратиос Бонатос, Манусос Катунатос и Николаос Лукакис.

Во јули четата на Вангел Георгиев го пресретнува Георгиос Перос и заедно почнале да дејствуваат против четите на Македонската револуционерна организација Даскалов, Георги. Българите в Егейска Македония, МНИ, София, 1996, стр.44-45..

Заедно со Германос Каравангелис ја засилуваат грчката пропаганда во Костурско и Леринско. По избувнувањето на Илинденското востание имаат борба со чета на Македонската револуционерна организација кај Влахоклисура, а подоцна учествуваат во опожарувањето на Косинец.

По палењето сите критјани, со исклучок на убиениот Георгиос Сејменис, се повлекуваат од Македонија, но следаната 1904 година се вратиле повторно назад Трайкова, Весела, „НАЧЕНКИ НА АНДАРСКОТО ДЕЛО В МАКЕДОНИЯ ­ КАРАВАНГЕЛИС, ЙОН ДРАГУМИС И ДЕСЕТИНАТА КРИТЯНИ“, списание "Македонски преглед", Година ХХІV, 2001, кн. 1, 45-60 с.

Извори

Перос Георгиос