Каракамен или Кара Камен (, Вермио) — планина во Егејска Македонија, денес во Грција.
Планината се протега во централниот дел на Егејска Македонија меѓу административните области Западна Македонија (Кожани) на запад и Централна Македонија, Постол на североисток и Иматија (Берско) на југосток.
Планината се дели на два дела: северниот се нарекува Негушка Планина или Дурла (Турла), а јужниот — Докса. Каракамен се наоѓа меѓу Островското Езеро на северозапад, котлината Сариѓол (Кајларско Поле) на запад, река Бистрица на југ и Солунското Поле на исток. Највисокиот врв на планината е Каракамен (на турски Караташ, на грчки Хамити) на 2.065 метри.
Во народното творештво Планината Каракамен се споменува во народната песна „Дафино вино црвено“, каде во првата строфа се вели:Дафино вино црвено — портал „Македонски народни песни“
Поврзано Црвена Гора Сињак Постол (округ) Кожани (округ) Меглен
Наводи
Надворешни врски Флора на Каракамен
Категорија:Планини во Егејска Македонија Категорија:Планини во Грција Категорија:Централна Македонија (Грција) Категорија:Западна Македонија (Грција)