Михаил Сионидис или Сонидис ( или Μιχάλης Σιωνίδης или Σωνίδης) ― македонски андартски капетан, гркоман, деец на грчката вооружена пропаганда и учесник во Борбата за Македонија.

Животопис Михаил Сионидис е роден 1870 година во Богданци. Како деец на грчката вооружена пропагнада, тој делувал во Грчиште, Гевгелија и Дојран, против Македонската револуционерна организација.

Сионидис со андартска чета го нападнал селото Марвинци во 1905 година (во нападот бил ранет, по што заминал во Гегелија на лекување), како одмаза за нападот на Македонската револуционерна организација врз селото Грчиште во есента 1904 година.

По крајот на Првата балканска војна Михаил Сионидис го напуштил Грчиште, кое било заземоно од српските сили, и се сместил во Мачуково.

Во текот на Втората балканска војна, грчкиот крал Константин I го воспоставил своето седиште. Михаил Сионидис е ранен во битките кај Кукуш-Лахна, а во Првата светска војна учествувал во Битката кај Јаребична, а дејствувал и како разузнавач во тилот на бугарската армија во Струмичко.

Како заслуга кон Грција, тој бил одликуван со: Златен крст за храброст, Воен крст и Спомен медал на Македонската борба.

По завршувањето на војната Михаил Сионидис, како претседател на месен комитет во близина на Мачуково ги пронашол остатоците на 9 евзони убиени за време на Втората балканска војна. Мачуково било преименувано во Евзони, 1927 година, каде што умрел и Михаил Сионидис во 1935 година.Η Ελληνικη Αντισταση στη Μακεδονια 1904-1908 или копие

Наводи

Дејци на грчката вооружена пропаганда во Македонија Категорија:Гркомани