Градиште - Брежине — археолошко наоѓалиште во тетовското село Челопек. Претставува населба и некропола од доцноантичкото време. Се наоѓа источно од селото, на падините на Сува Гора, каде при обработувањето на земјата се откриени темели од повеќе објекти, а на површината на нивите се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и множество градежен материјал. Во непосредната близина се откриени и гробови. Од ова наоѓалиште потекнува еден надгробен споменик што се чува во Музејот на тетовскиот крај.Археолошка карта на Република Македонија, Том 2, 1996, издание наМАНУ, Скопје, Македонија. Тука е пронајдена бронзена статуетка на богот Меркур (Хермес).
Наводи
Поврзано Челопек; Список на археолошки наоѓалишта во Тетовско;
Категорија:Челопек (Тетовско)