Споменикот Цар Ослободител — споменик што се наоѓа во градот Софија, Бугарија.

Споменикот бил изграден во чест на ослободувањето на Бугарија од Отомаската Империја во 1878 година. Овој споменик е посветен на рускиот цар Александар II. Споменикот во вид на скулптура го претставува рускиот цар седнат на коњ. Автор на споменикот е италијанскиот уметник Арналдо Ѕоки (1862-1940).

Камен-темелникот бил ставен на 23 април 1901, а работата е завршена на 15 септември 1903 година. На спротивната страна од споменикот се наоѓа парламентот на Бугарија, а во негова близина се наоѓа храмот Александар Невски, Софискиот универзитет и други позначајни градби.

Категорија:Споменици во Софија Категорија:Знаменитости во Софија