Роберт Годард (англиски: Robert Hutchings Goddard; - ) — американски професор по физика.
Годард храбро ги поднесувал исмејувањата за да ги докаже можностите на ракетите за патувања во вселената. Почнал со развој на сигналните ракети за потребите на американската морнарица пред Првата светска војна, но својата најважна работа ја направил во дваесеттите и триесеттите години на 20 век, развивајќи ги првите ракети на течно гориво, заедно со системите за стабилизација и навигација и дури фотоапарати носени во ракетите.
Наводи
Категорија:Американски пронаоѓачи Категорија:Американски инженери Категорија:Носители на Златниот медал на Конгресот Категорија:Американски авиоконструктори Категорија:Починати во 1945 година